Од крушевската република до АСНОМ – денес се одбележува 2. август празникот што ги обединува историјата и идеалите
2 Од крушевската република до АСНОМ – денес се одбележува 2. август празникот што ги обединува историјата и идеалите
ФормулаХамилтон: Чувствував голем напредок во болидот на ФерариВозачот на Ферари, Луис Хамилтон, зборуваше за неговиот напредок во прилагодувањето на новиот болид.- Почувствував голем напредок на неделната трка. Конечно го имав тоа единство со болидот - рамнотежата беше совршена и мојот стил на возење почна да функционира. Болидот бара различен пристап, и постепено се навикнувам на него. Отпрвин се обидов да возам на ист начин како порано, мислејќи: „Автомобилот ќе се прилагоди на мене“. Мораше повторно да се прилагоди. Ферари е фантастичен тим со неверојатна енергија. Момците даваат се од себе: на пример, овој викенд имавме одлични пит-стопови. И јас учам нови работи, дури и на мали начини како интеракција со тимот за време на паузите. Стратешки, исто така, растеме од трка во трка. Сè уште не е совршено, но напредокот е јасен, изјави Хамилтон. Следната фаза од Формула 1 ќе се одржи во Саудиска Арабија од 18 до 20 април. Тагови: Формула 1 Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаПрослава на Илинден во Крушево и Скопје – ова се поракитеСлободата не ни беше подарена од некој друг, туку сами се ослободивме со нашата 120 илјади бројна народна ослободителна војска.Во придружба на собраниска, владина, делегација на борци на народно ослободителната борба, членови на семејството на Методија Андонов Ченто, како и претсавници од дипламтскиот кор во земјава, шефицата на државата Гордана Сиљановска Давкова, денешниот празник го одбележа со полагање свежо цвеќе пред споменикот на претседателот на крушевската република Никола Карев и споменикот АСНОМ.. Оттаму се упатија кон споменикот на првиот претседател на президиумот на АСНОМ Методија Андонов Ченто.. Слободата не ни беше подарена од некој друг – сами се ослободивме и никому не му должиме за тешко изборената држава – порача шефицата надржавата Гордана Сиљановска Давкова на одбележувањето на 123 години од Илинденското Востание и 82 години од првото заседание на АСНОМ . Во говорот, од пред споменикот на првиот претседател на Президиумот на АСНОМ, Методија Андонов Ченто, осврнувајќи се на животниот пат и идеалите на Ченто претседателката порача дека нашиот пат останува проевроски ориентиран исто како и Чентовиот, и оцени дека со блокадата на евроинтеграциите не губи само Македонија туку губат сите дури и оние што ја блокираат. „Слободата не ни беше подарена од некој друг, туку сами се ослободивме со нашата 120 илјади бројна народна ослободителна војска. Значи никому не му должиме за тешко изборената држава. Токму затоа никој нема право да ја ревидира нашата национална историја оти секој народ па и македонскиот има право на своја историја. Нашиот пат е проевропски ориентиран, како и Чентовиот. Знаеме дека секоја земја кандидат прави компромиси врзани за адаптирање на односите и процесите на акито или решавање на различни спорови. Но нашето искуство има уникатен предзнак, како постојана и незавршена низа од барања со коишто се оспорува и се нарушува нашето суверено право на самоопределување. Но, факт е дека не само ние, со блокадата на нашата евроинтеграција, туку и оние што нè блокираат – губат. Губиме сите. “-- Гордана Сиљановска Давкова – претседателка на Р. Македонија. Илинденците не ни оставиле само историја туку и завет за оваа наша слободна Македонија – порача од Мечкин Камен потпретседателот на Собранието, Антонио Милошовски кој ја предводеше собраниската делегација во Крушево по повод 2 август. Милошовски вели не бараме ништо што му припаѓа на друг, но никој не треба да бара и од нас да се откажаме од она што сме македонци. „Илинден не учи и на нешто друго што ни е потребно повеќе од било кога и да е дека има миго кога она што не обединува мора да биде многу поголемо од она што не дели – може да имаме различни политички стаовви за закони да имаме различни погледи за патот по кој се движиме и тоа не е слобст тоа е дел од демократијата. Но постојат работи што мора да стојат над нашите поделби Македонија е првата работа. “- Антонио Милошоски – потпретседател на Собрание. Во Крушево освен собраниската делегација, присутен беше и вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски и лидерот на СДСМ Венко Филиче, кои порачаа дека должност на државата е да се продолжи патот на Илинденците... „2 август е доказ на борбата на македонскиот народ за своја држава. Денес Македонија ја градиме како европска модерна држава, како никогаш преходно гради 6 автопати, гради железница на коридор 8 а за брзо ќе почне и на коридор 10... “- Алкесандар Николоски – вицепремиер и мин.за транспорт. Честитки за единство, државност и почит кон илинденските завети упати од целиот политички и државен врв во земјава. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Македонија Од крушевската република до АСНОМ – денес се одбележува 2. август празникот што ги обединува историјата и идеалитеВо духот на илинденските идеали за истрајност, борба за слобода и патриотски непокор, Македонија денеска одбележува едни од најголемите и најзначајни настани за својата државност.Во духот на илинденските идеали за истрајност, борба за слобода и патриотски непокор, Македонија денеска одбележува едни од најголемите и најзначајни настани за својата државност – 123 години од Илинденското востание и Крушевската република и 82 години од првото заседание на АСНОМ Во меморијалниот центар на АСНОМ во Пелинце, со положување на свежо цвеќе од бројни домашни и странски делегации како и музичка изведби на традиционални македонски песни од Националниот џез оркестар, се одбележа Илинден – Денот на Републиката. Пред присутните во Пелинце се обрати премиерот Христијан Мицкоски, кој порача дека битката на оваа генерација е последната надеж за иднината на државата против која, како што рече, се сторени многу неправди и во име на која се донесени погрешни историски одлуки. -Денес татковината знам дека не е земјата и државата за која сонуваа илинденците и асномците, но нашата битка е токму да ја вратиме таквата татковина. // Не паѓајте во замката на талогот кој тие го создаваат. Ве молам внимавајте и не му верувајте на тој талог од неуспеси, цинизам и мразење на сè што е успешно. Нашата генерација има обврска да се избори за нешто што е подеднакво важно — да ја зачува душата, да ја врати вербата во институциите, да го врати достоинството на чесниот човек и повторно да ја направи надежта најсилна движечка сила на нашето општество. Затоа што денес не се води само политичка битка. Не се води само економска битка. Не се води само битка за нови инвестиции, повисоки плати, подобри училишта, модерни болници или нови патишта, иако сето тоа е неопходно и ќе продолжиме да го правиме со уште поголема решителност,- - Христијан Мицкоски, претседател на влада. Илинден во Пелинце го одбележаа и голем број на граѓани, за кои, како што рекоа пред камерата на Канал 5 - празнувањето на овој голем македонски празник е дел од семејната традиција. Инаку, меморијалниот центар на АСНОМ во Пелинце иако симбол на независноста и борбата на македонскиот народ за самоопределување, е изграден на 8 километри од местото каде што всушност е одржано првото заседание на АСНОМ – Манастирот Прохор Пчински на територијата на денешна Србија, поради тогашниот отпор да се дозволи чествувањето на Илинден во манастирот на македонските делегации. Откогаш, Македонија овој значен празник го одбележува тука, на Пелинце. Тагови: АСНОМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
БалканСе влошува состојбата со пожарите во ГрцијаОпасноста од шумските пожари во поголем дел од западна Европа се намали денеска, но најкритичниот фронт се премести во Грција.Опасноста од шумските пожари во поголем дел од западна Европа се намали денеска, но најкритичниот фронт се премести во Грција, каде што силните ветрови ги разгореа пламените јазици, a избувна нов пожар на западниот остров Кефалонија. За Грција, опасноста потсетува на трагедијата од 2018 година, кога во пожарот во крајбрежното место Мати, во близина на Атина, загинаа 104 луѓе. Тоа беше најсмртоносниот шумски пожар во Европа во овој век. Стотици пожарникари трет ден по ред во неделата се обидуваат да го стават под контрола големиот пожар што уништи десетици куќи западно од Атина, додека, пак, новиот пожар на Кефалонија предизвика низа наредби за евакуација, Двајца се уапсени поради сомнение дека од небрежност го предизвикале пожарот западно од атина и против нив ќе бидат поднесени кривични обвиненија. Силните и непредвидливи ветрови и натаму ја отежнуваат работата на пожарникарите, додека властите се во состојба на висока готовност поради можноста од избувнување нови пожари во поширокиот регион на Атина. За оваа област, како и за островот Евија, во неделата е прогласена опасност од пожари од четврта категорија на скала од пет степени.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter