Хамбург последен учесник на „Фајнл фор“

Ракометарите на Хамбург се последните кои изборија пласман на завршницата од Лигата на шампионите.



Тие синоќа во реванш четвртфиналето загубија од Флензбург на домашен терен со 25:23, но на првиот натпревар победија со 32:26 и со вкупни 55:51 се изборија за „Фајнл фор“ во Келн.

На чекор до завршницата во елитното натпреварување беше и македонскиот шампион Металург кој во четвртфиналната фаза е елиминиран од Киелце. Според тоа Германија ќе има две екипи во полуфиналето, покрај Хамбург и Кил (европски првак), а Шпанија (Барселона) и Полска (Киелце) по една екипа. Извлекувањето за полуфиналните двојки ќе се одржи во четврток на 2 мај во Келн.

Италијанската полиција го уапси најбараниот американски бегалец среде Ватикан

Италијанската полиција минатата недела го уапси „најбараниот“ американски бегалец кој носел три скриени ножеви на преполниот плоштад Свети Петар пред Ватикан, соопшти денеска судски извор.

Бегалецот, кој сега е во притвор, се вика Мозес Техада и е осуден како насилник од Одделението за истраги на казнено-поправните институции во државата Њујорк.

Тој е на листата на најбарани во одделот.

Италијанскиот весник „Република“ прв објави дека Техада е уапсена, а подоцна тоа го потврди и извор од правосудството.

Тој го привлече сомнежот на полицијата која го приведе и констатира дека носи ножеви долги 20 сантиметри. Плоштадот Свети Петар беше исполнет со верници и туристи додека папата Франциско одржа општа аудиенција тој ден, среда, 10 април. Засега не е познато дали Техада, која е осудена за грабеж и киднапирање, претставувала некаква закана за папата Франциско.

Инспекторите откриле дека тој неодамна пристигнал во Рим од Молдавија, а претходно престојувал во Украина. На истражителите им рекол дека во Украина бил од 2022 година, каде се борел против руските сили, пренесе „Република“. Италијанските власти сега чекаат американските власти да одлучат дали ќе бараат негова екстрадиција.

Меган Фокс покажа како изгледа без шминка (ФОТО)

Меган Фокс објави фотографија на Инстаграм на која позира без шминка.

Нејзината објава за еден ден им се допадна на повеќе од милион луѓе.

„Многу си поубава без шминка“, „Прво мислев дека ова е Ким Кардашијан“, „Некои изгледаат исто со и без шминка. Меган е една од нив“, „Одлична фотографија“, „Треба да си без шминка почесто“, ѝ пишувале луѓето во коментарите.

Инаку, Меган неодамна ја промени фризурата. Откако извесен период се појавуваше во јавноста со розова коса со средна должина, сега има екстензии во тиркизна боја.

На следбениците им се допадна нејзината промена. „Одам на фризер со твојата слика“, „Секоја фризура ти стои убаво“, „Косата ти прилега со очите“, „Сега морам да ја фарбам и косата“, ѝ рекле.

Инаку, 37-годишната актерка многумина ја сметаат за една од најубавите жени на светот.

Ограбена менувачница во Чаир, крадците го одзеле сефот со пари

Неколку лица со употреба на сила и погоден предмет вчера влегле во менувачница на подрачје на Чаир и одзеле сеф со пари, по што заминале со патничко возило „фолксваген џета“ без регистарски ознаки.

Како што соопшти МВР, кражбата вчера во СВР Скопје во 10:15 часот ја пријавил сопственикот на менувачницата, М.Д.(42) од Скопје, а се случила околу 04.20 часот.

По преземени мерки и активности, возилото било пронајдено на паркинг простор на подрачје на Чаир.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

притисни ентер