3Полицијата во Лондон го тестира системот за препознавање лица- ќе ги фотографираат луѓето без нивна дозвола
СветХамас, што ја започна војната со масакр на цивили, бара траен прекин на огнот Палестинското исламистичко движење Хамас, кое ја започна војната на 7 октомври минатата година со масакрирање и киднапирање на израелски цивили, вели дека останува на своите барања .Палестинското исламистичко движење Хамас, кое ја започна војната на 7 октомври минатата година со масакрирање и киднапирање на израелски цивили, вели дека останува на своите барања и дека ќе се согласи на договор за завршување на војната во Газа само доколку вклучува траен прекин на огнот. Освен тоа, израелската армија би морала целосно да се повлече од Појасот Газа, истакна претставникот на исламистичката организација на прес-конференција во главниот град на Либан, Бејрут. Доколку израелската страна не се согласи со овие точки, договорот нема да може да се спроведе. Хамас чека одговор од Израелците. Претставниците на Хамас во минатото неколку пати поставуваа слични барања. Во петокот, американскиот претседател Џо Бајден неочекувано ги откри деталите од нацрт-договорот за завршување на војната во три фази, почнувајќи со целосен и непрекинат шестнеделен прекин на огнот. Во тој период би била ослободена одредена група заложници од Газа, а за возврат Израел би ги ослободил затворените Палестинци. Во следната фаза борбите треба трајно да се прекинат, а останатите заложници да бидат ослободени. Во завршна фаза, според предложениот нацрт, треба да започне реконструкцијата на Појасот Газа. Шефот на египетското разузнавање Абас Камел денеска отпатува за Катар на разговори за посредување. Според египетските информации, се очекува тој да се сретне со катарскиот премиер и министер за надворешни работи Мохамед бин Абдулрахман Ал Тани и со шефот на американската надворешна разузнавачка служба на ЦИА, Вилијам Барнс. Катар, САД и Египет индиректно посредуваат меѓу Израел и Хамас со месеци во обид да постигнат договор за прекин на огнот и размена на заложници за палестински затвореници.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
БалканСрбија има нов милионер, падна седумка вредна 3,4 милиони евра Во вечерашното извлекување на играта Лото, во Србија беше извлечена добивка во вредност од 3,4 милиони евра. Среќниот добитник го уплатил тикетот во Ниш. Добитната комбинација е 3, 5, 8, 10, 11, 21 и 26, а еден играч ги погодил сите седум броеви и ја освои мултимилионската сума. Покрај главниот добитник, уште 19 играчи погодиле шест броеви, а секој од нив добива по 124.188 динари(околу 1000 евра). Главната награда во играта „Лото плус“, која изнесуваше околу 3,77 милиони евра, не била извлечена.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
КултураТеатар и музика во една вечер: МОТ со две претстави и концерт Во рамки на 51. издание на Млад отворен театар (МОТ), денеска, 21 ноември, публиката ја очекува уште една фестивалска вечер исполнета со современи театарски и музички содржини. На програмата се две претстави од регионалната театарска сцена, како и концертот на косовско – швајцарската изведувачка на традиционални песни ARBËRESHË, за кој влезот е бесплатен. Фестивалската вечер започнува во 20 часот, во салата „Фросина“ при МКЦ, со претставата „Закопани чуда“ на уметничката организација “Глумац има времена, глумица има времена” - ТАХТ од Хрватска, во режија на Нина Виолиќ. Создадена според делото на Моника Херцег, оваа мултимедијална претстава е интимна сценска приказна за љубовта, сеќавањето и илузијата. Преку три симболични простори – Рајската градина, Мостот и Станот – публиката навлегува во еден живот исполнет со спомени, желби, нежност, страв и страст. Во претставата настапуваат Леон Лучев и Јелена Граовац Лучев. Претставата трае 90 минути и се изведува на хрватски јазик, со македонски наднаслови. Во 22 часот, во Клуб МКЦ, следува „Смртен исход од атлетските повреди“ на Моје позориште од Босна и Херцеговина, во режија на Тара Маниќ, според истоимениот роман на Милица Вучковиќ. Претставата претставува своевидна аутопсија на една љубовна врска, раскажана од перспектива на главната протагонистка Ева, која верува во љубовта од бајките, но се впушта во врска што постепено се претвора во простор на несигурност, изолација, гаслајтинг и насилство. Преку оваа интимна и вознемирувачка приказна, претставата ги отвора прашањата за манипулацијата, родовата надмоќ и границите на човечката издржливост. Во улогите се Џана Пињо, Ален Муратовиќ, Дариан Мехмедбашиќ и Мак Мисира. Претставата трае 100 минути, се изведува на босански јазик, со македонски превод. Вечерта ќе биде заокружена со концертот на ARBËRESHË, со почеток во 22 часот во фоајето на сала Фросина. Родена во Швајцарија, со косовско-албански корени, а денес базирана во Приштина, ARBËRESHË создава автентичен музички израз во кој традиционалните песни од Косово, Албанија и Македонија добиваат нова звучна димензија. Преку спојот на гласот, гитарата, тапаните и древните инструменти, таа гради хипнотичко музичко патување кое ги поврзува балканското музичко наследство и современиот звук. Влезот е бесплатен. Фестивалската програма продолжува и утре, 22 ноември, со претставата „Свињи“ на Театар „Златен Елец“ од Битола, со почеток во 20 часот, во салата „Фросина“ при МКЦ. Во режија на Тамара Стојаноска, според текст на Томислав Зајец, „Свињи“ е претстава во која апсурдот, црниот хумор и гротеската создаваат сурова, поетична и вознемирувачка сценска алегорија. Преку приказната за две сестри, претставата ги истражува механизмите на моќта, насилството, осаменоста и траумите од детството, отворајќи прашања за тоа како средината и наследените модели на однесување го обликуваат човекот. Во улогите настапуваат Илина Чоревска и Викторија Степановска Јанкуловска. Билетите за театарските претстави се достапни онлајн на bileti.mkc.mk и на билетарницата на МКЦ.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветУапсен е еден од најбараните бегалци на листата на ФБИ, падна еден од најмоќните нарко-босовиМексиканската војска го уапси Фаусто Исидро Меза Флорес, познат како „Ел Чапо Исидро“ – еден од десетте најбарани бегалци на ФБИ – јавуваат мексиканските медиуми, повикувајќи се на безбедносни извори. Операцијата во градот Гвасаве, во сојузната држава Синалоа, предизвикала вооружени судири, пукањето го прекинало дури и натпреварот во безбол, принудувајќи ги гледачите во паника да побегнат од стадионот. Мексиканските медиуми известија за апсењето, а шпанскиот весник „Ел Паис“, повикувајќи се на извори блиски до мексиканскиот безбедносен апарат, потврди дека Меза Флорес е приведен. Сепак, Си-Ен-Ен (CNN) наведе дека сè уште чека независна потврда од мексиканските власти. За време на операција во Гвасаве, дојде до вооружени судири помеѓу мексиканските безбедносни сили и вооружени групи. Снимки, чија автентичност ја потврди Си-Ен-Ен (CNN), прикажуваат воени хеликоптери како летаат над градот и пукаат кон земјата. Mexican military helicopters light up the night sky in Guasave while capturing FBI Most Wanted cartel boss “El Chapo Isidro.” No more running. 🇲🇽🚁 https://t.co/SfYVSEXGmq — USA News Daily 🇺🇸 (@AmericaDaily56) November 21, 2026 Особено драматични сцени се одвиваа на стадионот „Курода Парк“, каде што се играше натпревар во безбол помеѓу екипите „Венадос де Мазатлан“ и „Алгодонерос де Гвасаве“. Откако се слушнаа истрели, гледачите почнаа да бегаат од трибините, прескокнувајќи огради и барајќи засолниште. Играчите го напуштија теренот, а преносот на натпреварот беше прекинат. Коментаторите ги известија гледачите дека во близина се случува безбедносен инцидент. 🇲🇽🚓 Detienen a 'El Chapo Isidro': toda ciudad de Guasave presencia un operativo a gran escala Uno de los narcotraficantes más buscados, cuyo nombre real es Fausto Isidro Meza Flores, fue detenido en la ciudad mexicana de Guasave, en el estado de Sinaloa, comunican medios locales. Es conocido por liderar la organización criminal denominada Cártel de Guasave (también conocida como organización Los Mazatlecos). Su sonada detención, en medio de disparos, helicópteros y cortes de carreteras, también provocó la interrupción del partido de béisbol entre los equipos Algodoneros de Guasave y Venados de Mazatlán. Los vecinos que presenciaron los acontecimientos están compartiendo imágenes y videos en las redes sociales. 👮♀️ El Chapo Isidro figuraba entre los 10 criminales más buscados por el FBI y las autoridades mexicanas. Por información que contribuyera a su captura, se ofrecía una recompensa de cinco millones de dólares. — Sputnik Mundo (@SputnikMundo) November 21, 2026 Според сведоштво на локален жител, пренесено од Си-Ен-Ен, вооружени лица зазеле приватни болници, а биле запалени и разни објекти, вклучувајќи продавници и бензински пумпи. Некои граѓани останаа заробени во зградите во кои побарале засолниште. Во февруари 2025 година, Фаусто Исидро Меза Флорес се појави на листата на ФБИ со десетте најбарани бегалци. Американските власти понудија награда во износ до пет милиони долари за информации што би довеле до негово апсење или осуда. Според официјалното известување на ФБИ, Меза Флорес е осомничен дека раководи со тешко вооружена криминална организација со седиште во Синалоа, позната како групата „Меза-Флорес“ или „Лос Мазатлекос“. Неговата група е обвинета за производство, дистрибуција и шверц на големи количества хероин, метамфетамин, кокаин, фентанил и марихуана во Соединетите Држави. Тој првпат беше обвинет во 2012 година, додека новото обвинение од 2019 година вклучува дополнителни кривични обвиненија поврзани со трговија со дрога и поседување огнено оружје.Тагови: Мексико Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook