Лишени од слобода 16 лица на различни локации во државата, при преглед кај нив пронајдена е дрога, следуваат пријави
1Лишени од слобода 16 лица на различни локации во државата, при преглед кај нив пронајдена е дрога, следуваат пријави
„Розов пикник појадок“ во Градскиот парк- организторите побараа подобра превенција и скрининг за жените
2„Розов пикник појадок“ во Градскиот парк- организторите побараа подобра превенција и скрининг за жените
СветХамас се согласи да ги ослободи заложниците – Израел и нареди на војската да ги ограничи операциите во ГазаНеколку часа пред истекот на рокот кој го одреди американскиот претседател Доналд Трамп, Хамас се согласи да ги ослободите сите заложници кои речиси две години ги држи во тунелите на Газа. Милитантната организација прифати делови од мировниот план на САД и тврди дека е подготвена да разговара. Како резултат на тоа, од кабинетот на израелскиот премиер Нетанјаху соопштија дека ги ограничи офанзивните операции во Појасот и соопшти дека се подготвува за итно спроведување на првата фаза од планот. Во меѓувреме, американскиот претседател во видео обраќање порача дека сите страни во конфликтот ќе бидат третирани фер. -Ова е многу посебен ден. Можеби без преседан на многу начини. Тоа е без преседан. Ви благодарам на сите, и на оние големи држави кои помогнаа. Ни беше дадена голема помош, сите беа обединети во тоа да се стави крај на оваа војна и да има мир на блискиот исток и многу сме блиску да го постигнеме тоа. Ви благодарам на сите и кон сите ќе има фер однос.-Доналд Трамп – Претседател на САД. Иако најави ослободување на заложниците, сепак од Хамас најавија дека за сега не размислуваат да го фрлат оружјето. Дополнително, за нив неприфатлив е и предлогот со Газа да управува меѓународно тело кое треба да ја спроведе реконструкцијата по војната. -Тоа го велиме од почетокот, нема да имаме потреба од оружје ако нема окупација. Никогаш нема да прифатиме некој што не е Палестинец да ги контролира Палестинците. Тоа не е само услов на Хамас, туку на сите Палестинци. И не можеме да донесеме некој како Тони Блер да биде гувернер во Газа,-- Муса Абу Марзук – Висок припадник на Хамас. Можноста за мир по речиси две години војна и Израелците и Палестинците ја дочекаа со претпазлив оптимизам. Ова е многу среќна вест за нас Палестинците. Ова е вистинска одлука иако доаѓа многу доцна. / Среќни сме дека војната ќе запре бидејќи сме изморени од глад, преселби и крвопролевање. Се надевам дека (Хамас) ќе го направат тоа што го велат и се надевам дека ќе ги ослободат заложниците. / Мислам дека е добар знак. Ова требаше да се случи многу одамна. Но, мислам дека е добро што Трамп притиска со овој мировен план. Планот од 20 точки кој го презентираше американскиот претседател Трамп, покрај ослободување на преостанатите израелски заложници, предвидува и постепено повлекување на израелската армија од Газа. Израел за возврат треба да ослободи и 250 палестински затвореници кои издржуваат доживотни затворски казни. Хамас пак, треба да го положи оружјето и да нема никаква улога во управувањето со Појасот. Членовите на милитантната организација кои сакаат да останат во Газа би добиле амнестија, а тие кои сакаат ќе можат да заминат во други земји.Тагови: Доналд Трамп Израел Хамас Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЛишени од слобода 16 лица на различни локации во државата, при преглед кај нив пронајдена е дрога, следуваат пријавиПо целосно документирање на случаите, ќе следуваат соодветни поднесоци.На 03/04.10.2026 во Скопје, на различни локации, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода Г.П.(21), С.Б. (37) , М.Х.З.(39), С.М.(19) и 17-годишничка, сите од Скопје, како и М.И.(38) од Велес, Х.Д.(25) од Гостивар и Е.С.Е.(22) од Турција, затоа што кај нив биле пронајдени и одземени марихуана и бела прашкаста материја. На 03.10.2026 во 16:45 часот на ул. „Киро Ристоски-Дрнц“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишија од слобода Л.А. (36) од Тетово. При преглед кај него биле пронајдени и одземени две пакувања со кокаин и еден кујнски нож. На 03.10.2026 во 22:00 часот, на ул. „120“ во Тетово, во спортска обложувалница, полициски службеници од СВР Тетово го лишија од слобода К.А. (34) од Тетово. При преглед кај него бил пронајден предмет со остатоци од кокаин. Во врска со истиот настан, од слобода било лишено и одговорното лице од објектот С.Р. (62) од с. Челопек, поради сомнение за сторено кривично дело по чл. 216 од Кривичниот законик „овозможување употреба на опојни дроги“. На 04.10.2026 во 01:20 часот на ул. „Иво Лола Рибар“ во Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишија од слобода С.А. (29) од Гостивар. При преглед кај него било пронајдено и одземено пакување со кокаин. На 03.10.2026 во 23:45 часот во Штип, полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со оружје и дрога при СВР Штип ги лишија од слобода А.Ѓ.(22) и В.И.(24), двајцата од Штип. При преглед кај нив е пронајдена и одземена грутчеста материја и марихуана. На 03.10.2026 во 21:30 часот на Граничен премин Табановце, на влез во државата, полициски службеници го лишија од слобода Ј.М.(37) од Чешка, поради тоа што во патничко возило со чешки национални ознаки, со кое тој допатувал, во неговиот личен багаж била пронајдена и одземена марихуана. На 03.10.2026 во 21:30 часот во Кавадарци, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Михајлово во координација со полициски службеници од Регионалниот центар за гранични работи Југ го лишија од слобода А.Г.(31) од Кавадарци, поради тоа што при извршен преглед кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случаите, ќе следуваат соодветни поднесоци.Тагови: дрога Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСДСМ: ЗНАМ во Гостивар го чува идентитетот. Свој нема. Има далечинско! Максо пред гостиварци: ќе разговараме со Бугарија, не отстапуваме од македонскиот идентитет. Отчет. Две години работа. И само една љубов - тендери. Прво ја предадоа партијата. Потоа гласачите. Сега се чувари на идентитетот. Свој немаат. Имаат здружение на далечинско. Сателит на арамијата. Столче, тендер, глас во Собрание. Идентитетот го потврди Фон дер Лајен, директно, во Скопје: Европа ве чека со вашиот јазик и вашата култура. Сиљановска рече: заштитени се македонскиот идентитет, јазикот и културата. Преспанскиот договор арамијата го нарече ремек-дело. Тимчо рече дека НАТО е најдобрата работа за земјата. Па сега ЗНАМ ги повторува речениците на арамијата, во град во кој веќе дванаесет недели нема документ дека водата е чиста и безбедна за пиење. 5.000 луѓе се отруле, а дел од нив завршиле во болница. Максо го чува идентитетот како плац за Лидл. Нека објаснат во Гостивар што чуваат. Идентитет што не е на маса, или партиска каса што е на маса. Нека кажат колку чинеше столчето. Нека кажат како и зошто „патриотите“ имаат бугарски пасоши и фирми, а другите ги нарекуваат предавниции. ЗНАМ не е отчет. Тоа е филм што веќе го гледавме. Предавство со датум. Втората верзија бара клучеви за 1,6 милиони евра. Првиот пропадна. СДСМТагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветКим Џонг-ун го надгледувал лансирањето на хиперсонична ракетаДржавната Корејска централна новинска агенција (KCNA) на Северна Кореја објави дека Северна Кореја вчера спроведе вежба за лансирање стратешки ракети со среден дострел, под надзор на севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун.Ракетата беше лансирана во Источното Море како дел од обуката за ракетни единици кои ракуваат со „хиперсоничен стратешки систем на оружје“, соопшти KCNA. Ким рече дека способноста за контранапад на севернокорејската војска е клучна и дека развојот на стратешко оружје е неопходен за да се заштити националната безбедност и стабилност во сегашната геополитичка средина. „Мора да продолжиме да вложуваме одговорни и непрестајни напори за непријателот постојано да може да ја препознае сигурноста и смртоносноста на нашите стратешки офанзивни средства“, го цитираше KCNA Ким, додавајќи дека тоа е средство за одвраќање. Можеби станува збор за ракета Хвасонг-16 KCNA објави дека ракетата, лансирана на североисток, погодила цел на 1.000 километри оддалеченост во Источното Море. Јужнокорејската војска претходно соопшти дека во четврток наутро детектирала лансирање на балистичка ракета од областа Вонсан во Источното Море и дека ракетата прелетала повеќе од 700 километри. Експертите веруваат дека може да станува збор за хиперсонична балистичка ракета со среден дострел Хвасонг-16, повикувајќи се на извештаите на севернокорејските медиуми дека ракетата можеби ја променила својата траекторија на ниска надморска височина за време на летот. Државните медиуми објавија фотографии на кои се гледа Ким како го надгледува лансирањето со својата ќерка Џу-ае и сопругата Ри Сол-ју. Тројца јужнокорејски војници се повредени во експлозија на мина Лансирањето се случи во време на зголемени тензии на Корејскиот Полуостров по експлозијата на мина во демилитаризираната зона (ДМЗ) минатиот месец, при што беа повредени тројца јужнокорејски војници. Јужнокорејската војска ја обвини Северна Кореја за поставување мина што експлодираше на 21 септември, нарекувајќи го чинот „очигледно“ кршење на договорот за примирје со кој заврши Корејската војна од 1950 до 1953 година. Сеул побара извинување од Пјонгјанг и одговорни мерки, додека Северна Кореја негираше одговорност, обвинувајќи ја Јужна Кореја за фалсификување на резултатите од истрагата и предупредувајќи за „безмилосна“ одмазда доколку се преземат соодветни мерки. Извор: Индекс.хрТагови: Ким Џонг Ун Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook