Неформалната иницијатива „Ниту една повеќе!“ ги повикува граѓаните на протестот во паркот „Жена борец“ од 17 часот
2Неформалната иницијатива „Ниту една повеќе!“ ги повикува граѓаните на протестот во паркот „Жена борец“ од 17 часот
СветХамас им се извини на жителите на Газа, првпат од почетокот на војната Палестинското движење Хамас по првпат му се извини на населението на Газа за страдањата предизвикани од војната, во соопштение синоќа објавено на својот канал на Телеграм.Палестинското исламистичко движење се извинува за тешкотиите предизвикани од војната против израелската армија, која трае речиси шест месеци. Хамас притоа ја повтори намерата за продолжување на војната, наведувајќи дека таа мора да овозможи постигнување „победа и слобода“ за Палестинците. Хамас испрати „порака за благодарност до луѓето“ од Појасот Газа чија „исцрпеност“ ја препознава. Движењето инсистирало на мерки што се обиделе да ги воведат за да ги олесни тешкотиите, особено обидите да ги „контролира цените“ во рамките на своите можности „со оглед на тековната агресија“. Хамас тврди дека комуницира со „сите компоненти“ на општеството во Газа, спомнувајќи други вооружени движења, „народни комитети и групи“ за „да ги реши проблемите предизвикани од окупацијата“. Хуманитарните потреби се огромни на таа територија, која веќе беше под израелска блокада воведена во 2006 година пред војната, а е зафатена од сиромаштија и невработеност. Помошта пристигнува, а поголемиот дел од населението е раселено во најјужниот дел, околу Рафа, во близина на затворената граница со Египет. Овој град пред војната имаше помалку од 300.000 жители, а сега е дом на повеќе од еден милион раселени лица, според проценките на ОН. Во последните месеци, различни фигури на Хамас, како Калед Мехал, поранешниот шеф на политичкото биро на Хамас, оценија дека се неопходни „жртви“ за „ослободувањето“ на Палестинците. Војната беше предизвикана од невиден напад на Хамас од Појасот Газа на 7 октомври против Израел, кој резултираше со смрт на најмалку 1.160 луѓе, главно цивили. Според Израел, биле киднапирани и околу 250 луѓе, а 130 од нив остануваат заложници во Газа, од кои 34 загинале. Како одмазда, Израел вети дека ќе го уништи Хамас, кој го смета за терористичка организација, исто како и САД и Европската Унија, и започна офанзива во која загинаа најмалку 32.782 луѓе во Појасот Газа. /МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЕУ бара забрзување на евроинтеграцијата на Западен БалканПретседателите на Европскиот совет и Европската комисија, Антонио Кошта и Урсула Фон Дер Лајен, денеска во Брисел ќе се сретнат со лидерите на шесте земји од Западен Балкан.На средбата се поканети претставници од Македонија, Албанија, Србија, Косово, Црна Гора и БИХ. Главни теми ќе бидат забрзувањето на европската интеграција, реформите и регионалната безбедност.ќе се разговара за постепено вклучување на регионот во единствениот европски пазар.Планот за раст предвидува до шест милијарди евра помош за реформи и инвестиции.Посебен акцент ќе биде ставен на владеењето на правото и борбата против корупцијата. На дневен ред ќе бидат и одбраната, сајбер-безбедноста и справувањето со странското влијание. Брисел ќе инсистира на усогласување на надворешните политики на земјите од регионот со политиката на ЕУ.Тагови: ЕУ - Западен Балкан Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаНеформалната иницијатива „Ниту една повеќе!“ ги повикува граѓаните на протестот во паркот „Жена борец“ од 17 часотНеформалната иницијатива „Ниту една повеќе!“ ги повикува граѓаните денеска да им се придружат на протестот во паркот „Жена борец“ против насилството врз жените и девојчињата.Протестот е најавен во 17 часот.„Кога институциите се глуви, да ги натераме да нè чујат! Споделете со вашите другарки, другари, сестри, браќа, мајки, татковци, баби и дедовци, колеги, колешки, целото соседство и целиот град“ порачаа организаторите на протестот. Тие порачуваат дека ова е протест на гнев и солидарност и непомирување со фактот дека насилството е секојдневие и ги повикуваат граѓаните да кажат „ниту една повеќе“.Граѓански организации бараат итни истраги за институционалното постапување во случаите на фемицид, законски измени и обезбедување средства за заштита на жртвите.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветКомпании поврзани со наводната кинеска шпионка финансирале 270 милиони долари за AI-опрема во КинаКомпании поврзани со наводната кинеска шпиунка Алис Хуанг која имаше афера со првиот човек на Нвидија финансирале набавка на компјутерска опрема за центри за вештачка интелигенција во Кина, покажуваат документи пишува „Ројтерс“.Според записите на Кинеската централна банка, станува збор за 764 сервери и AI-модули во вредност од 270 милиони долари, како и дополнителна опрема вредна 31 милион долари. Голем дел од опремата се наоѓа во центар за податоци во Шангај, развиен во партнерство со технолошкиот гигант „ТЕНСЕНТ“документите покажуваат дека компании поврзани со семејството и соработниците на Хуанг учествувале во финансирањето на кинеската индустрија за вештачка интелигенција. Случајот добива дополнително внимание поради истрагите дали нејзината компанија „Мегаспид“, со седиште во Сингапур, им помагала на кинески клиенти да дојдат до ограничени процесори на „Нвидиа“.Во понеделникот, американското министерство за трговија ја стави „Мегаспид“ на црната листа за трговија. Нејзината врска со извршниот директор на компанијата, Јенсен Хуанг, предизвика дополнителни проверки на деловните врски на „Нвидиа“ со Кина.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter