3Унгарија и Украина постигнаа договор за правата на унгарското малцинство, се отвора патот на Киев за влез во ЕУ
СветХамас го засилува присуството на безбедносните сили во Појасот ГазаБезбедносниот апарат на владата на Хамас во Појасот Газа го проширува своето присуство во енклавата, обидувајќи се да ја врати контролата и да го обнови јавниот ред по месеци на хаос, пишува саудискиот весник „Аш Шарк ал Аусат“.Според локални извори на саудискиот дневен весник, веднаш по стапувањето во сила на примирјето со Израел во петокот напладне, мали групи безбедносни службеници на Хамас се појавија на улиците, а нивниот број значително се зголеми до сабота наутро. Разместувањето беше видливо во градот Газа по повлекувањето на Израел, како и на места во централните и јужните делови на енклавата. Безбедносни лица се забележани како проверуваат возила на раскрсниците и главните патишта, особено во источниот дел на градот Газа, каде што израелските сили остануваат активни. Внатрешните безбедносни единици и членови на военото разузнавање на Хамас, поврзани со бригадите „Ал Касам“, се распоредени во Северна Газа, главно во градот Џабалија и тамошниот бегалски камп. Според извори од теренот, весникот пишува дека силите на Хамас почнале да ги прогонуваат новоформираните вооружени групи – како што се т.н. „Сили на Јасер Абу Шабаб“ или „Народни сили“ – убивајќи членови и апсејќи други во Џабалија и околината на Беит Лахија. Борци на Хамас се судриле и со вооружени лица во близина на квартот Зејтун во градот Газа и во јужниот дел на Кан Јунис. Во петокот навечер, вооружени претставници на Хамас нападнале членови на позната племенска заедница во јужниот дел на градот Газа, убивајќи и ранувајќи неколку од нив, откако овие членови на племето го егзекутирале синот на висок командант на „Ал Касам“. Хамас претходно се закани дека ќе ги казни сличните групи, кои ги обвини за непослушност или соработка со Израел за време на војната. По прекинот на борбите, општините во Газа ја обновуваат својата работа, и покрај загубата на дел од тешката опрема во израелските напади. Булдожери на општинските и владините агенции, вклучувајќи го и „Граѓанскиот фронт“ на Хамас, почнаа да ги расчистуваат урнатините од главните патишта во Газа и Кан Јунис. Раселените Палестинци почнаа да се враќаат во нивните опустошени квартови, поставувајќи шатори во близина на урнатините на нивните домови, пишува изданието. Локалните власти работат на обновување на изворите на вода и се поврзуваат со сопствениците на постројки за десалинизација за рестартирање на објектите оштетени за време на конфликтот. Градоначалникот на Кан Јунис, Алаа ал Бата, објави дека 85 проценти од градот е уништен, а обемот на урнатините се проценува на околу 400.000 тони. Нанесена е тешка штета на водоводните и канализационите мрежи. Тагови: Појасот Газа Хамас Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаКривичниот суд одреди 30 дена притвор за Стефан Богоев и други три лицаКривичниот суд одреди 30 дена притвор за Стефан Богоев и други три лица осомничени за случајот со злоупотреби околу тендер за чистење на граничните премини и терминалите, во периодот од јули 2023 до март 2024 година.Oсомничените преку фаворизирање на одреден економски оператор и ограничување на конкуренцијата му овозможиле на правниот субјект да се стекне со противправна имотна корист во износ од над 18 милиони денари од обвинителството велат и дека во рамките на истрагата се обезбедени докази и за примање и давање награда за противзаконито влијание и дека првоосомничениот примил награда во износ од 111.600 денари за искористување на својата службена положба. По распитот обвинителката соопшти дека барањето за притвор е заради опасност од бегство и влијание врз сведоци...Тагови: Кривичен суд Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
БалканВучиќ: „Не ме исплашија ниту ме фасцинираат заканите“Претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ, изјави дека не се плаши од закани и дека е целосно посветен на напредокот на земјата и подобар живот за нејзините граѓани. „Скинете му ја главата на Вучиќ - ниту се плашам ниту ме фасцинираат заканите. Единственото нешто што ме интересира е како нашите луѓе живеат подобро и како Србија може да биде уште поуспешна“, рече Вучиќ. View this post on Instagram A post shared by Александар Вучић (@avucic) Вака реагира претседателот на Србија, Вучиќ на предупрадувањето да не патуват на самитот во Тиван во Црна Гора од српската безбедносна агенција БИА. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиКривичниот суд одреди 30 дена притвор за Стефан Богоев и други три лица10:2730 дена притвор за четворицата обвинети за тендерот во Царина, меѓу кои Стефан Богоев22:53Обвинителството бара притвор за четворицата, меѓу кои и Стефан Богоев- можна е вмешаност и на други лица 20:22Екс директорот на Царина, Стефан Богоев во Кривичен суд поради злоупотреби на јавни набавки 18:20Побаран притвор за четворицата приведени за злоупoтреба на тендери во Царина15:00
Обвинителството бара притвор за четворицата, меѓу кои и Стефан Богоев- можна е вмешаност и на други лица 20:22
ЕвропаУнгарија и Украина постигнаа договор за правата на унгарското малцинство, се отвора патот на Киев за влез во ЕУУнгарскиот премиер Петер Маѓар изјави дека Унгарија и Украина постигнале договор за правата на унгарското малцинство во Украина, што би можело да овозможи отворање на првиот кластер.Унгарскиот премиер Петер Маѓар изјави дека Унгарија и Украина постигнале договор за правата на унгарското малцинство во Украина, што би можело да овозможи отворање на првиот кластер, односно група преговарачки поглавја за пристапување на Украина во Европската унија. Договорот претставува потенцијален пробив во долготрајниот спор околу правата на малцинствата, кој ги затегна односите меѓу Будимпешта и Киев и ја комплицира поддршката за пристапувањето на Украина во ЕУ. „Постигнавме напредок во разговорите со Украина за јазичните, културните и образовните права на етничкото унгарско малцинство“, напиша Маѓар на фејсбук. Во вторникот тој рече дека е подготвен да се сретне со украинскиот претседател Зеленски следната недела за да отвори ново поглавје во односите, доколку се постигне договор за правата на малцинствата.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook