Превентивни активности за безбеден сообраќај и спречување на пожари и девијантно однесување на младите
1Превентивни активности за безбеден сообраќај и спречување на пожари и девијантно однесување на младите
319 годишник со мотоцикл загина при судир со автомобил Алфа Ромео со италијански ознаки на ул. Радишанска
СветХамас го одби последниот американски предлог за прекин на огнот во ГазаВисок претставник на Хамас за Би-Би-Си изјавил дека палестинската исламистичка вооружена група ќе го одбие најновиот американски предлог за нов прекин на огнот во Газа и договор за ослободување на заложниците.Белата куќа вчера соопшти дека Израел се согласил со планот на американскиот пратеник Стив Виткоф и дека се чека официјален одговор од Хамас. Израелските медиуми цитираа израелски официјални лица кои рекоа дека Хамас во две фази ќе предаде 10 живи заложници и тела на 18 мртви заложници во замена за 60-дневен прекин на огнот и ослободување на палестински затвореници од израелските затвори. Претставникот на Хамас, кој Би-Би-Си не го именуваше, рече дека предлогот не ги задоволува клучните барања, вклучувајќи го и прекинот на војната, и дека ќе одговори во догледно време. Хамас е подготвен да ги врати сите заробеници во замена за целосен прекин на непријателствата и целосно израелско повлекување од Газа. Израелската влада не коментираше, но премиерот Бенјамин Нетанјаху наводно во четвртокот им рекол на семејствата на заложниците дека го прифаќа планот на Виткоф.Тагови: Израел Хамас Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вести19 годишник со мотоцикл загина при судир со автомобил Алфа Ромео со италијански ознаки на ул. Радишанска 18:1519 годишник со мотоцикл загина при судир со автомобил Алфа ромео со италијански ознаки на ул. Радишанска15:16Во сообраќајка во Скопје во Радишани загина возач на мотоцикл14:08Шокантни податоци за намалувањето на бројот на првачиња08:47Канал 5 дознава: Утврдени се пропусти во лекувањето на 19 годишната родилка од струмичко, Станка Михајлова15:00
19 годишник со мотоцикл загина при судир со автомобил Алфа Ромео со италијански ознаки на ул. Радишанска 18:15
19 годишник со мотоцикл загина при судир со автомобил Алфа ромео со италијански ознаки на ул. Радишанска15:16
Канал 5 дознава: Утврдени се пропусти во лекувањето на 19 годишната родилка од струмичко, Станка Михајлова15:00
МакедонијаПревентивни активности за безбеден сообраќај и спречување на пожари и девијантно однесување на младитеДенеска (07.08.2026) полициски службеници од Одделението за превенција при СВР Скопје и Отсекот за превенција при СВР Велес, во Скопје, како и во селата Караслари, Црквино и Кочилари, велешко, реализираа превентивни активности за спречување на пожариНа граѓаните им беше потенцирана потребата за заштита и намалување на ризикот од настанување на шумски и пожари на отворен простор, како и внимателност при извршување земјоделски работи, напоменувајќи им дека е потребна поголема внимателност во текот на летниот период, континуирана соработка со надлежните институции и задолжително пријавување на несовесно однесување. Полициски службеници од Полициското одделение Чашка, на регионалниот пат Велес – село Извор, спроведоа сообраќајна превентивна активност, при што на возачите им беше укажано на обврската за прилагодување на брзината според сообраќајната сигнализација и условите на патот, како и за ризикот што го преземаат доколку не ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, пред се за личната, но и безбедноста на останатите учесници во сообраќајот. Полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Тетово и Полициското одделение за безбедност на патниот сообраќај при ОВР Неготино пак, во Тетово и Неготино реализираа превентивни активности насочени кон пешаците, со цел да им се укаже на пешаците дека и тие, како активни учесници во сообраќајот, имаат обврска да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, со напомена дека улицата треба да ја преминуваат на обележан пешачки премин, при тоа да не користат слушалки и мобилни телефони, да бидат внимателни, особено во вечерни часови, кога се движат на неосветлени локации. Превентивни активности за безбеден сообраќај спроведоа и полициски службеници од СВР Штип во Кочани, Штип и Делчево. Овие активности имаат за цел да се зголеми нивото на сообраќајна култура и да се намали бројот на сообраќајни незгоди. Во рамки на превентивната активност беше поделен и печатен едукативен материјал. Во текот на вчерашниот ден, полициски службеници од ПС Свети Николе, Пробиштип и Берово реализираа превентивни активности „Соседски патроли – Заедно за побезбедна заедница“. Активностите беа спроведени на повеќе локации каде што во вечерните часови најчесто се собираат млади лица, како паркови, спортски игралишта и угостителски објекти. Беа реализирани непосредни разговори со младите и со присутните граѓани, при што беше потенцирана важноста од почитување на законските прописи, одговорното однесување на јавни места, зачувувањето на јавниот ред и мир, како и заштитата на јавниот имот и урбаната опрема. Посебен акцент беше ставен на превенцијата од меѓуврсничко насилство, злоупотребата на алкохол и психоактивни супстанции, како и на препознавањето и избегнувањето на други ризични облици на однесување.Тагови: мвр Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаПриведени две лица од струшко Радолишта поради поседување оружје, следуваат соодветни поднесоциПо целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.На 06.08.2026 во 22:45 часот на локален пат кај село Вишни, струшко, полициски службеници од Регионалниот центар за гранични работи Запад извршиле преглед на патничко возило „нисан“ со струшки регистарски ознаки, управувано од Љ.Љ.(31), а сопатници биле Е.Љ.(35), Л.З.(49) и Б.Љ.(58), сите од с.Радолишта, струшко. Притоа, во возилото биле пронајдени пиштол „Берета“, сопственост на Б.Љ. за кој поседувал дозвола, додека, кај Л.З. бил пронајден пиштол „Застава“ за кој не поседувал дозвола. Л.З. е лишен од слобода по член 396 од Кривичниот законик, а Б.Љ. е приведен по член 80 од Закон за оружје. За настанот е известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струга, а подоцна со судска наредба биле извршени претреси кај Л.З. и Б.Љ.. Кај Л.З. не се пронајдени други предмети, додека кај Б.Љ. биле пронајдени и одземени едно репетирачко долго огнено оружје за кое поседувал дозвола и едно пневматско оружје, куршуми калибар 9 мм и пиштол за кои не поседувал дозвола. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.Тагови: оружје Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Македонија19 годишник со мотоцикл загина при судир со автомобил Алфа Ромео со италијански ознаки на ул. Радишанска Истрагата треба да покаже како настанала несреќата.Силниот звук од силниот удар на улицата Радишанска во скопската населба Радишани на улица ги извадил жителите од улицата на самото место на сообраќајната несреќа каде на самото место загинал 19 годишниот Н.М кој управувал со моторот што имал сообраќајка со возило алфа ромео со италијански регистрарски таблици управуван од 46 годишен С.Б. Целата улица беше блокирана, а граѓаните во шок раскажуваа дека ударот бил силен, а момчето немало знаци на живот. Истрагата треба да покаже како настанала несреќата. И автомобилот е со големи оштетувања од левата страна на возилото каде што бил ударот. Возачот со повреди бил пренесен на болничко лекување. По завршување на истрагата ќе се знаат причините и околностите за сообраќајната незгода. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter