Хали Бери го прослави 54. роденден , се пофали со совршениот изглед (ФОТО)

Хали Бери го прослави својот 54 роденден и ги остави обожавателите без здив со совршениот изглед.

„54, животот е само подобар и подобар“, напиша холивудската актерка покрај фотографијата на која позира на скејтборд.

54....life just gets better and better! 🌈✨

A post shared by Halle Berry (@halleberry) on

За само неколку часа, таа доби повеќе од 400.000 лајкови, како и бројни комплименти, вклучувајќи ја и актерката Октавио Спенсер.

Под фотографијата многумина и честитаа за нејзиниот роденден и се восхитуваа на нејзиниот фантастичен изглед.

Пред неколку дена, Бери, исто така, објави фотографија од плажа во бикини, за која што доби илјадници комплименти.

Never been a shady beach. 😂

A post shared by Halle Berry (@halleberry) on

Франција денеска ги урива рекордите со над 13 000 новозаразени со корона

Франција денеска објави 13.215 нови случаи на инфекција со коронавирус во последните 24 часа. Тоа е нов дневен рекорд, пренесува Ројтерс.

Покрај тоа, 123 лица починале од ковид-19, со што бројот на починати од коронавирус достигна 31.249.

Како што расте бројот на новоинфицирани, повеќето региони и градови во Франција имаат засилени ограничувачки мерки. Ница објави дека ќе забрани јавни собири на повеќе од 10 лица и ќе го ограничи работењето на локалите. Слични мерки во понеделникот веќе беа воведени во Марсеј и Бордо.

И Париз, каде заразата се шири најбрзо, забрани јавни собири на повеќе од десет лица. Властите испратија препорака да не се одржуваат приватни собири на повеќе од десет лица.

Британка со најголеми гради:Не можам да го достигнам воланот(ФОТО)

Леја Паркер од Лондон вели дека е горда што ги има „најголемите гради во Велика Британија“ на 25-годишна возраст и што потрошила над 10.000 фунти на нив.

Иако ги сака своите 32NN гради, и ги прифаќа како дел од себе, Леја сепак се жали дека нејзиното секојдневие е тешко.

Таа вели дека не може да го достигне воланот, да трча и дека мора да спие со перница на стомакот.

Таа исто така вели дека некои мажи и праќаат негативни коментари дека „нејзината мајка треба да се срами од неа“, пренесува „Мирор“.

Но, Леја не дозволува коментарите да ја поколебаат, бидејќи е горда на своето тело и заработува големи пари од тоа.

„Имав пет оперативни постапки, првата ја платив сама“, вели Леја, висока околу 160 см.

Леја вели дека отсекогаш имала големи гради (30Е) и дека и пречеле кога била тинејџерка, но дека сега целосно ги прифатила.

„Мажите во мојата индустрија ги обожаваат, а големите гради станаа дел од мојот бренд“, вели таа.

Вели дека има болки во грбот и рамењата и дека оди во теретана за да остане силна, но и дека дефинитивно ќе оди на операција за намалување на градите кога ќе престане да се занимава со манекенство.

Жителите од улицата „Борис Сарафов“ на протест

Со поставување на семафори и лежечки полицајци да се стави крај на сообраќајниот хаос на улицата „Борис Сарафов“ во Ѓорче Петров, побараа жителите од оваа улица.

Со мирен протест и двочасовна блокада им порачаа на надлежните дека не се чувствуваат безбедно, бидејќи на градската улица нема ниту пешачки премини.

Доколку не се исполнат нивните барања, велат, нивните протестите ќе продолжат со 24 часовни блокади

притисни ентер