Халанд може да се врати на терените за Светското клупско првенство - Канал 5

Халанд може да се врати на терените за Светското клупско првенство

 Манчестер сити објави дека напаѓачот Ерлинг Халанд, кој се повреди во неделата на натпреварот (2:1) со Борнмут во четвртфиналето на ФА Купот, би можел да се врати на терените пред крајот на тековната сезона.

Халанд може да се врати на терените за Светското клупско првенство

Норвежанецот постигна гол во првото полувреме и беше заменет во 61. минута поради повреда. Стадионот го напушти со патерици.

„Граѓаните“ потврдија дека Халанд се здоби со повреда на левиот скочен зглоб. Тој ги направи првичните тестови во клубот и сега ќе оди кај специјалисти за да ја потврдат големината на повредата.

-Проценката на сериозноста продолжува за да се утврди конечната прогноза. Очекуваме Ерлинг да биде подготвен да се врати на терените до крајот на сезоната, вклучително и Светското клупско првенство ова лето, се вели во соопштението на Сити.

Оваа сезона, 24-годишниот Халанд одигра 40 натпревари во сите натпреварувања, постигна 30 гола и направи четири асистенции.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Владата ја продолжи кризната состојба со нафтата до 20 октомври

До 20ти октомври е продолжена кризната состојба за нафтата и нафтените деривати.

Владата ја продолжи кризната состојба со нафтата до 20 октомври

Одлуката била донесена на денешната владина седница поради можно нарушување во снабдувањето со нафта и нафтени деривати. Со одлуката, велат се обебзедува подготвеност на институциите за брза реакција при евентуални нагли ценовни скокови на берзите и ублажување на евентуални негативни последици врз буџетот на граѓаните и стопанство, но и се гарантира континуиран и непречен проток на енергнси во земјава.

Во моментов состојбата се следи, доколу околностите наложат од Влада велат ќе бидат превземени соодветни мерки. Пред два дена премиерот Мицкоски најави дека е можно веќе од понеделник да имаме повторно намалување на акцизите за бенизните и дизелот.

„Рокот на важење на кризната состојба се продолжува од 21 јули до 20 октомври. Целта на оваа одлука е Владата да располага со соодветен правен механизам за брза и ефикасна реакција, со цел да се зачува стабилноста во снабдувањето, да се ублажат последиците од евентуални пазарни нарушувања и да се заштитат интересите и животниот стандард на граѓаните и стопанството.“ велат до Владата.

Од опозициската СДСМ и денеска со критики до Владата – велат додека трошоците за живот постојано растат, а власта одбива да преземе мерки за заштита на животниот стандард на граѓаните, кој спроед партијата е урнат. Од СДСМ обвинуваат дека 50 % од врабтоените имаат плати до 36 000 денари, со кој велат не можат да ги покријат ниту основните месечни трошоци...

„Животот стана прескап.. Кризата не стивнува.. Поскапувањето на горивата е нов ценовен удар за граѓаните и ќе донесе ново поскапување на цените на храната.. Платите не го следат растот на цените, храната стана луксуз, сметките се превисоки....“-Симона Цветановски – член на ИО на СДСМ.

Инаку зголемените геиполитички тензии на Блискиот исток повторно ги кренаа цените на нафтата на светските берзи – нафтата од типот бренд денеска достигнува и над 85 долари по барел, откако минатата недела падна и на 75 долари, истовремено инвеститорите внимателно ги следат случувањата што би можеле да влијаат врз глобалното снабдување со енергенси...

Каква ќе биде новата цена на нафтените деривати во земјава ќе се знае в понеделник по одлуката на Регулаторната комисија за енергетика. Оваа недела цените на бенизните се зголемија за 1,5 денари и 95ка се продава по цена од 87 денари по литар, а 98ца по цена од 89 денари... Дизелот пак се зголеми за 5,5 денари и литар сега се точи по цена од 88 денари.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Пороен дожд ја поплави Битола: Водата навлезе во домови и дворови

Поплавени куќи, дворови и помошни деловни објекти на повеќе локации низ градот.

Пороен дожд ја поплави Битола: Водата навлезе во домови и дворови

Надојдената вода од поројниот дожд успеа да ги поплави и коловозите но и крстосниците во центарот на Битола каде на неколку места се создадоа и езера. Ова накратко е епилогот од едночасовниот пороен дожд кој ја зафати Битола.

Најкритично беше во центарот на Битола, каде дел од раскрсниците се претворија во езера во кои беше опасно да се влегува и со автомобил. Надојдената вода заедно со наносите од кал не ги одмина ниту домовите на битолчани, а од невремето беа оштетени и десетици возила.

- Големиот дожд поплави повеќе домови и сообраќајници во Битола – РЦУК.

Од Регионалниот центар за управување со кризи – Битола информираат дека по невремето се регистрирани повеќе пријави за поплавени куќи, дворови и помошни простории на различни локации во градот. Според податоците на Управата за хидрометеоролошки работи, за краток временски период во Битола наврнале 28 литри дожд на квадратен метар.

Невремето траело од 20:40 до 21:40 часот, а преку бројот за итни повици Е-112 биле примени повеќе пријави за поплави. Покрај станбените објекти, под вода останаа и повеќе улици, вклучително и главните сообраќајници во центарот на градот, што предизвика значително отежнато одвивање на сообраќајот, се наведува во соопштението на РЦУК.

Градочалникот на Битола Тони Коњановски уверува дека последиците од вчерашното невреме веќе се санирани.

-Во моментов, ситуацијата е потполно мирна и стабилизирана. Покрај обилниот дожд од синоќа кој во многу краток временски период ја зафати Битола, на двете мерни места кај млекарата и на браната кај стрежово измерени се на едно место 28 литни на метар кубен што е огромна количина на дожд на мал простор. Дојде до изливање на делот на улиците во градот онаа стара канализациона мрежа се покажа како системски проблем. Штета уште нема никој посебно пријавено, меѓутоа имаше и заглавени возила кои се нашле во тој момент, нешто што при вакво невреме невозможно е да го превенирате – изјави Коњаноски.

Општинските служби најавуваат дека ќе продолжат со активностите за целосно санирање на последиците.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Алармантно во Гостивар: Над 1.200 граѓани хоспитализирани поради загадена вода

Водата од градскиот водовод во Гостивар не смее да се користи за пиење, подготовка на храна, ниту за лична хигиена.

Алармантно во Гостивар: Над 1.200 граѓани хоспитализирани поради загадена вода

Водата од градскиот водовод во Гостивар не смее да се користи за пиење, подготовка на храна, ниту за лична хигиена, откако Агенцијата за храна и ветеринарство изрече забрана како превентивна мерка до добивање на резултатите од лабораториските анализи. Одлуката следува откако со надзорот утврдено е дека во главниот цевковод на водоводната мрежа, на диво, без одобрение поставена е пумпа која директно вбризгува вода од реката Вардар во овој водоснабдителен систем. Од гостиварската болница „Д-р Ферид Мурад'' потврдуваат дека помош со симптоми како повраќање, диареја, болки во желудникот, температура и омалаксаност, побарале околу 1000 пациенти.

-Досега хоспитализирани пациенти нема, има само амбулантски пациенти кои примат терапија и се пуштат дома. Меѓу пациентите има од сите возрасти меѓу кои и деца и тоа околу 320 деца за 3 дена. Се чека резултат од Институтот за Јавно здравје за дополителни информации,- -ЈЗУ Општа Болница „Д-р Ферид Мурад'' Гостивар.

Од полицијата велат дека презеле итни мерки и активности на терен во село Вруток, се сомневаат дека пумпите биле поставени за да се зголеми притисокот на мрежата.

-Постојат основи на сомневање дека Јавното претпријатие „Водовод“, во соработка со Општина Гостивар, поставило три пумпи во корито на истечни отпадни води, преку кои се вбризгувала вода директно во главниот цевковод што го напојува градот. Оваа активност најверојатно била преземена со цел да се зголеми притисокот во мрежата поради недостиг на питка вода, со што директно се загрозува здравјето на граѓаните на Гостивар,- -СВР Тетово.

Републичкиот јавен обвинител, Ненад Савески рече дека е рано во моментов да се дава правна квалификација на настанот додека се преземаат истражни дејствија за да се утврди за што точно станува збор.

-На подрачјето на Основното јавно обвинителство Гостивар се преземаат конкретни истражни дејствија во кои се вклучени сите потребни институции за да се утврди таа состојба. Треба да се види дали станува збор за евентуално кривично-правен настан или се работи за состојба од друг аспект. Така што, во моментов се преземаат истражни дејствија од страна на надлежниот јавен обвинител од ОЈО Гостивар,- изјави – Ненад Савески – Јавен обвинител на РМ.

Од Институтот за јавно здравје потврдија дека се земени примероци, и во текот на викендот ќе ги имаат резултатите, а во меѓувреме се спроведуваат и епидемиолошки анкети.

-Веднаш по добивањето на налогот од ЈО, ИЈЗ испрати своја екипа, земени се мостри истите се дадени на обработка на анализа, во очекување сме на резултатите согласно протоколите, потребно е да бидат поминати 48 часа во однос на микробиолошките анализи. Штом ги имаме резултатите ќе бидат доставени до Обвинителството,- изјави – Марија Андоновска – Директор на ИЈЗ.

Забраната за употреба на водата ќе остане во сила сè до добивањето на резултатите со кои ќе се потврди дали таа е безбедна за пиење.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер