Хакиран сајтот на весникот „Илинден"

Хакиран е сајтот на македонскиот весник „Илинден", кој е гласило на истоименото македонско друштво во Албанија.

- Почитувани читатели на македонски весник "Илинден", во моментот нашиот сајт е хакиран. Се надеваме дека за брзо време ќе биде вратен. Се истражува кој го нападнал, објави на фејсбук Никола Ѓурѓај, главен и одговорен уредник.

Тој не сакаше да шпекулира кој би можел да го стори хакерскиот напад.

Весникот „Илинден" е единствен весник на македонски јазик, а е достапен и во печатена форма и електронски. Во изминатите над 13 години отпечатени се најмалку 60 броеви на весникот.

Анкета: Лабуристите пред рекордна победа на изборите во Велика Британија

Британската Лабуристичка партија ќе забележи рекордна победа на изборите во Велика Британија, објави агенцијата за испитување на јавното мислење „Сурвејшн“(Survation).

Според анкетата, лабуристите на Кир Стармер ќе освојат 484 од 650 места во британскиот Парламент, многу повеќе од 418-те што ги освои поранешниот лидер на партијата Тони Блер во неговата победа во 1997 година, пренесуваат британските меидуми.

Агенцијата предвидува дека конзервативците, кои беа на власт во изминатите 14 години, ќе освојат само 64 места, што би бил најнизок изборен резултат од основањето на партијата во 1834 година, додека десничарската Реформска партија на ОК ќе освои само седум места.

Националните избори во Велика Британија ќе се одржат на 4 јули./МИА

Јанчев: Реконструкција на детското игралиште на ул.„Браќа Џунови“

 Започна реконструкција на детското игралиште на ул.„Браќа Џунови“ со површина од 185м² каде на истото ќе се постави гумена подлога, детски реквизити и нова урбана опрема.

Изведувач на работите е фирмата ТЕРАКОТА од Прилеп.

Кавадарци за сите, објави на Фејсбук градоначалникот на Општина Кавадарци, Митко Јанчев.

Меланија „нема да биде на должност 24 часа на ден“ доколку Трамп ја освои Белата куќа

Малку е веројатно дека сопругата на поранешниот американски претседател Меланија Трамп повторно целосно ќе ја преземе улогата на прва дама доколку Доналд Трамп биде реизбран за претседател, објави Индипендент.

Според изворот, словенечката поранешна манекенка склучила договор со Трамп дека таа, доколку тој се врати во Белата куќа во ноември, „нема да биде на должност како прва дама 24 часа на ден, седум дена во неделата“.

Таа верува дека може да биде „мајка и прва дама во исто време“.

Наместо полно работно време како сопруга на претседателот, Меланија Трамп планира своето време да го подели меѓу Вашингтон и Њујорк, каде нивниот син Барон Трамп ги започнува студиите на Универзитетот во Њујорк. /МИА

притисни ентер