Хакинен посочи три причини зошто Хамилтон има 30 поени пред Фетел - Канал 5

Хакинен посочи три причини зошто Хамилтон има 30 поени пред Фетел

Двократниот светски шампион Мика Хакинен посочи три причини зошто Луис Хамилтон е пред Себастијан Фетел, иако Ферари имаат подобар болид од Мерцедес. 

Хакинен посочи три причини зошто Хамилтон има 30 поени пред Фетел

Пред викендот во Сингапур, Британецот има предност од 30 поени пред Германецот. Луис ќе се обиде да ја зголеми предноста на улиците на „Марина Беј“, за да се доближи до посакуваната петта светска титула, која ќе го израмни со Хуан Мануел Фанџо.

Хамилтон и Фетел во моментов имаат по четири титули во најпрестижните автомобилски натпреварувања.

- Ферари го имаат најбрзиот болид во Ф1 во моментот, но Луис Хамилтон има 30 поени предност на табелата. Никој не може да каже дека Луис води, бидејќи Мерцедес има предност. Тој е лидер бидејќи неговиот тим врши подобра работа, вели Хакинен.

Еве ги и трите причини на Мика Хакинен зошто пилотот на „сребрените стрели“ е пред Фетел.

- Прво, Луис има природен талент, особено на влажна патека, па така успеа да го разочара Ферари за време на викендите, кога имавме дожд. Второ, тој има исклучителни тркачки вештини и не ги прави грешките, кои Фетел ги дозволува, особено на стартот. И трето, тој има фантастично тимско партнерство со Валтери Ботас, смета Финецот.

Хакинен забележа дека Луис направил се „по конец“ на трката во Италија, а Валтери му помогнал многу.

- Двата Мерцедеса го победија Ферари дома, бидејќи од самиот почеток беше јасно дека Ферари имаат двајца пилоти, кои се натпреваруваат едни со други, додека Мерцедес работеа во тандем, додава поранешниот Ф1 шампион.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Републиканците го блокираа импичментот на Пит Хегсет, демократите најавуваат нов

Републиканците во Претставничкиот дом на САД го блокираа обидот за импичмент на министерот за Одбрана Пит Хегсет.

Републиканците го блокираа импичментот на Пит Хегсет, демократите најавуваат нов

Со 211 гласа „за“ и 204 „против“ беше усвоен предлогот за упатување на осумте точки за импичмент до правосудниот комитет.Иницијативата ја поднесе републиканскиот конгресмен Томас Маси, но не доби поддршка од ниту еден друг републиканец.

Демократите го обвинуваат Хегсет за злоупотреба на функцијата и незаконско наредување воени операции во Иран и Јемен.Во обвиненијата се споменуваат и американските напади врз бродови на Карибите, како и заробувањето на венецуелскиот претседател Николас Мадуро. Хегсет ги отфрли обвинувањата, оценувајќи дека обидот за негов импичмент е политичка фарса.Тој ја бранеше воената политика на администрацијата на Доналд Трамп и тврдеше дека неговите наредби биле законски.

Трамп и потпретседателот Џ.Д. Венс јавно застанаа во одбрана на министерот.Демократите, кои по среднорочните избори ќе ја преземат контролата врз Конгресот, најавуваат дека ќе разговараат за нова иницијатива.

Незадоволството од војната во Иран беше и еден од факторите што влијаеја врз изборните резултати.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Продолжува судењето за „Државна Лотарија“ каде обвинети се Артан Груби и Перпарим Бајрами

Денеска продолжува рочиштето  за предметот „Државна Лотарија“. Меѓу обвинетите се поранешниот прв вицепремиер Артан Груби и поранешниот директор на Државна Лотарија, Перпарим Бајрами, како и уште шест лица.

Продолжува судењето за „Државна Лотарија“ каде обвинети се Артан Груби и Перпарим Бајрами

Тие се товарат за злоупотреба на службената положба и овластувања при набавка на видеолотариски терминали.

Според обвинението, со незаконско постапување на државната компанија ѝ била нанесена штета од околу 596 милиони денари, односно 9,7 милиони евра.

Сите обвинети досега се изјаснија дека не се чувствуваат виновни.Бајрами на судењето се појави откако претходно беше во бегство, а притворот му беше заменет со гаранција во недвижен имот вредна над 1,1 милион евра.

На Груби кој исто така беше во бегство пред судењето, му беше укинат домашниот притвор, но останува без пасош и со други мерки на претпазливост.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Со изведување докази на одбраната продолжува судењето за пожарот во „Пулс“

Со изведување на докази на одбраната, која има најавено 240 сведоци, во судницата во затворот „Идризово“ при Основниот кривичен суд Скопје денеска продолжува судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани.

Со изведување докази на одбраната продолжува судењето за пожарот во „Пулс“

Судењето го води судијката Дијана Груевска-Илиевска, а обвинението го застапува тим од 15 јавни обвинители.

Процесот започна на 19 ноември минатата година, осум месеци по катастрофалниот пожар што се случи на 16 март 2025 година за време на настап на групата ДНК, во кој животот го загубија 63 лица, а над 200 беа повредени.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер