Хакинен: Хамилтон ќе мора да ја разбере филозофијата на Ферари - Канал 5

Хакинен: Хамилтон ќе мора да ја разбере филозофијата на Ферари

Хамилтон ќе мора да ја разбере филозофијата на Ферари, борбата со Леклер нема да биде лесна.

Хакинен: Хамилтон ќе мора да ја разбере филозофијата на Ферари

Двократниот шампион во Формула 1, Мика Хакинен, изјави дека возачот на Мерцедес, Луис Хамилтон, ќе мора да се прилагоди на начинот на функционирање на Ферари во 2025 година.

- Можеби верува дека Мерцедес не е во состојба да му обезбеди автомобил со кој може да победи. Веројатно гледа таква можност - дека Ферари ќе му даде болид за победи. Претпоставувам дека сакаше нешто ново. Тој беше толку долго во Мерцедес и постигна се со тимот. Ми се чини дека сака да се пресели во друга екипа и да помине низ сличен пат, еден ден да стане победник таму. Но, ова е голема промена, бидејќи тој беше, да речеме, во британскиот тим многу, многу години. Сега ќе биде во италијанскиот тим, а нема такво искуство. Мора да ја разберете филозофијата и стилот на работа. Шарл Леклер е во тимот долго време. Тој е многу талентиран млад пилот, автомобилот е направен за него. Нема да биде многу лесно, според мене, изјави хакин.

Луис Хамилтон ќе се обиде со Ферари до дојде до уште една шампионска титула. Тој досега седум пати беше светски првак.

Британецот ја вози последната своја сезона во Мерцедес.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Кошаркарите ги започнаа подготовките за важниот дуел со Австрија

Машката сениорска кошаркарска репрезентација на Македонија од синоќа, ја започна завршната фаза од подготовките за претстојниот натпревар со Австрија, кој на 30 август ќе се одигра во Виена, со почеток во 16:05 часот.

Кошаркарите ги започнаа подготовките за важниот дуел со Австрија

Во пресрет на важниот дуел, избраниците на селекторот Жозеп Марија Берокал ќе го реализираат целокупниот подготвителен период во Скопје, во „Т Арената“, каде во наредните денови ќе ги одработат планираните тренинзи и тактички подготовки.

Програмата во Скопје продолжува со две тренинг-сесии во вторник, од 10:00 и од 18:00 часот. Во среда е предвиден еден тренинг, од 12:00 часот, со дел од програмата посветен на видео-анализа и опоравување.

Во четврток следуваат теретана, видео-анализа и тренинг, а ден подоцна македонската репрезентација ќе замине за Виена.

Летот е предвиден за 12:35 часот, по што во попладневните часови ќе биде реализиран и првиот тренинг во австриската престолнина.

Во Виена ќе следи уште една тренинг-сесија во сабота од 15:45 часот, по што во недела доаѓа главниот предизвик – натпреварот со Австрија, со почеток во 16:05 часот.

Програмата во денот на натпреварот предвидува утринска активација, видео-анализа и последни подготовки пред заминувањето кон арената.

Пред македонските репрезентативци е важен предизвик во втората рунда од претквалификациите за Евробаскет 2029. Наредните денови во „Т Арената“ во Скопје ќе бидат искористени за максимална подготовка и фокус пред заминувањето за Виена.

По мала пауза, Ненад Димитријевиќ повторно е дел од македонската сениорска репрезентација. Еден од најдобрите македонски кошаркари повторно ќе го носи националниот дрес во августовскиот ФИБА прозорец, во кој Македонија ја очекува важен дуел против Австрија во Виена.

Повратникот во сениорскиот национален тим со големи амбиции го очекува новиот репрезентативен циклус. Противникот добро го познава, но верува дека Македонија има доволно време за квалитетна подготовка и заедничка работа пред гостувањето во Виена.

„За селекцијата на Австрија знаеме дека е сериозна екипа која игра ‘ран ен ган’ кошарка. Мислам дека е незгоден ривал, но имаме осум до девет дена да се спремиме заедно за мечот и да одиме во Виена на таа посакувана победа.„Наша цел е настап на следното Европско првенство, за мене тоа ќе биде последна шанса да играм на еден евро-шампионат со Македонија и ќе дадам сè од себе да го оствариме тоа.““, вели Димитријевиќ.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Џенифер Лопез подготвена за тренинг

Светската музичка ѕвезда, 57 годишната Џенифер Лопез е фотографирана во Калифорнија при пристигнување на тренинг.

Фото: Џенифер Лопез подготвена за тренинг

За таа прилика, таа избрал спортска црна комбинација, тесни бициклистички и топ, што дополнително ја истакна нејзината совршена фигура.

Со овој аутфит атрактивната Џеј Ло уште еднаш потврди дека е жена со тело на кое може да и позавидат и двојно помладите девојки.

Сите веднаш забележаа колку е мускулеста латино-дивата, а за нејзината страст кон фитнесот веќе е зборувано толку многу пати.

Познатата пејачка со години го вклучува вежбањето како важен дел од својот животен стил, а нејзиното најново појавување во јавноста уште еднаш ги покажа резултатите од таа посветеност.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски до Филипче: Не би сакал да бидам ист со куклата на тие што ја уништија и ограбија Македонија

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање како ја коментира изјавата дека не се исти, дадена од претседателот на опозициската СДСМ Венко Филипче, истакна: 

Мицкоски до Филипче: Не би сакал да бидам ист со куклата на тие што ја уништија и ограбија Македонија

„Јас можам за прв пат да се сложам со претседателот на СДСМ дека не сме исти. Јас никогаш не би сакал да бидам ист со куклата на луѓето кои ја уништија и ограбија Македонија. Ниту во најлошиот сон не би сакал тоа да бидам. Така што еве за прв пат можам да се сложам дека не сме исти и точно граѓаните можат да направат разлика меѓу ова раководство на СДСМ кое што го води куклата на оние кои што ја уништија и ограбија Македонија, и Владата која што ја предводи ВМРО-ДПМНЕ“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер