Лефков: Филипче продолжува со хистеричната серија овој пат за дата центри, за разлика од СДС, Владата на ВМРО-ДПМНЕ не прави ништо штетно за граѓаните
1Лефков: Филипче продолжува со хистеричната серија овој пат за дата центри, за разлика од СДС, Владата на ВМРО-ДПМНЕ не прави ништо штетно за граѓаните
3Мицкоски: Со изградбата на интерконекторите со Грција и Србија, државата добива целосна вертикална енергетска поврзаност
Се појави видеоснимка од скандалозниот потег на тренерот на Лион, кој предизвика тепачка со фудбалерите на Фенербахче
2Се појави видеоснимка од скандалозниот потег на тренерот на Лион, кој предизвика тепачка со фудбалерите на Фенербахче
ЖивотХакерски напади врз белгиските телекоми „Проксимус“ и „Скарлет“ Веб-страниците на белгиските телекомуникациски оператори „Проксимус“ и „Скарлет“ утрово беа цел на хакерски напади, за што одговорност презеде прорускиот колектив „NoName057“. Засега нема индиции дека при хакерските напади биле предизвикани прекини или проблеми во интернет и телекомуникациските услуги на корисниците на двата телекома. Според последните информации, и „Проксиум“ и „Скарлет“ ја повратиле контролата над своите веб страници. Нападот бил извршен на тој начин што серверите биле „бомбардирани“ со различни барања, со што ги преоптовариле и веб сајтовите станеле недостапни за останатите корисници. Белгиските медиуми јавија дека покрај двата телекоми, хакерски напади биле регистрирани и врз интернет страниците на една компанија и на општината Комин-Варнетон, која е дел од валонскиот град Ено.Тагови: хакери Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПочина уште еден заболен од западно-нилска треска12:43Готови се ранг листите за примени студенти на УКИМ08:44Вкупно 53 случаи на западнонилска треска, најмладата пациентка од Студеничани е отпуштена од болница15:00Мицкоски: По повеќе од 20 години, започна изградбата на автопатот Скопје - Блаце, историски момент за државата12:56Николоски: Градиме нов автопат, за подобро поврзување со Косово и Црна Гора, ја градиме Македонија12:26
Вкупно 53 случаи на западнонилска треска, најмладата пациентка од Студеничани е отпуштена од болница15:00
Мицкоски: По повеќе од 20 години, започна изградбата на автопатот Скопје - Блаце, историски момент за државата12:56
Николоски: Градиме нов автопат, за подобро поврзување со Косово и Црна Гора, ја градиме Македонија12:26
МакедонијаЛефков: Филипче продолжува со хистеричната серија овој пат за дата центри, за разлика од СДС, Владата на ВМРО-ДПМНЕ не прави ништо штетно за граѓанитеВенко Филипче и неговото СДС координирано од Зоран Заев, и во врска со идејата за дата центри, или центри за податоци, во Македонија, покажуваат дека воопшто не мислат за државата, нејзиниот развој што носи придобивки и за граѓаните.Филипче повторно излезе јавно со низа на критики и сомнежи во врска со евентуална изградба на дата центри во Македонија. Едноставно кажано, Филипче и за оваа тема почна да шири невистини, паника или хистерија во јавноста. Наводно дата центрите биле закана за водните ресурси во државава, дека ќе има енормна потрошувачка на струја како да не слушнал за обновливи извори на струја и слично. И овој пат очигледно Филипче стана нервозен и застана контра дата центрите веројатно затоа што не помина иницијативата во Пехчево на нивниот човек, негов и на Заев, инаку поранешен пратеник од СДС. Филипче може да биде мирен кога станува збор за државата и ресурсите во Македонија. Надлежните деновиве јасно кажаа дека се прави се за Македонија да биде модерна, богата современа држава, а притоа да не се наруши ниту околината ниту животот на граѓаните. Миле Лефков, член на ИК и пратеник на ВМРО-ДПМНЕТагови: Миле Лефков Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМинистерот Сулејмани изврши увид во изградбата на Универзална салаМинистерот за култура и туризам Седат Сулејмани денеска изврши увид во тековните активности за изградба на објектот на „Универзална сала“ во Скопје и се информираше за динамиката и напредокот на градежните работи.При увидот, Сулејмани од страна на управителот на градбата „Мегарон Инженеринг“ – Скопје, надзорниот орган – Друштво за управување со проекти „ЕОС Е.Е. консалтинг“ ДОО Скопје, и изведувачот „Универзал Балкан“ ДОО Скопје, беше информиран дека активностите се одвиваат во рамките на роковите утврдени со динамичкиот план. На објектот се реализирани повеќе значајни активности, меѓу кои ископи на подрумското ниво, изведба на столбови, активности за заштита на конструкцијата, како и изработка и поставување на челични елементи. Дополнителен напредок на активностите се очекува да биде забележлив уште во текот на претстојниот викенд. Инаку во моментов, во производствените капацитети на „Актива“ во Штип интензивно се работи на изработката на челичната конструкција. Значаен дел од челичните конструктивни елементи веќе се изработени, а според планираната динамика, транспортот и монтажата на челичната конструкција, без трибините, треба да завршат најдоцна до средината на септември 2026 година. Според министерот Сулејмани „Универзална сала“ е објект од особено значење за Скопје и за културниот живот во државата. Особено е значајно дека има напредок на работите и важно е изградбата да продолжи со засилена динамика и со почитување на утврдените рокови. Тој очекува во наредниот период објектот да добива се поконкретен и повидлив изглед. Министерот потенцираше дека Министерството за култура и туризам и во иднина ќе продолжи да го следи процесот на реализација на проектот, во соработка со сите надлежни субјекти вклучени во изградбата.Тагови: Универзална сала Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМицкоски: Со изградбата на интерконекторите со Грција и Србија, државата добива целосна вертикална енергетска поврзаност Сите технички параметри за проектот веќе се кажани, и инвестициска вредност и дијаметар на цевка и како ќе проаѓа таа цевка, низ кои делови од Македонија ќе проаѓа таа цевка.Обраќање на Премиерот Христијан Мицкоски. Сите технички параметри за проектот веќе се кажани, и инвестициска вредност и дијаметар на цевка и како ќе проаѓа таа цевка, низ кои делови од Македонија ќе проаѓа таа цевка, јас би сакал три работи да кажам кои што се мислам значајни за овој проект од стратешко значење. Првото е што по завршувањето на овој проект и комплетирањето на интерконекторот, односно цевководот што ќе не поврзе со нашиот јужен сосед, со Грција, очекувам дека би требало тој проект да се заврши некаде првата половина на следната година, иако втората половина, еве крајот на 2028-та се заврши овој интерконектор со нашиот северен сосед, ќе добиеме целосно вертикална поврзаност којашто е дел од коридорот 10 и геостратешката позиција на државата станува драматично позначајна откако овие проекти ќе бидат реализирани, споредно со тоа што беше во минатото. Да бидам попрецизен, споредено со тоа што сме денес. Ние сме држава којашто не излегува на море и со вакви проекти, кога се поврзуваме со пристаништа, во случајов како што е терминалот Александрополи, кога се поврзувавме со солунското пристаниште, со продуктоводот и нашата рафинерија „ОКТА“, кога градиме интерконектори во делот на снабдувањето со електрична енергија и поврзување со нашите соседи, ние на тој начин ја подобруваме и нашата геостратешка положба како држава. Така што, овие проекти имаат огромно регионално, па и би рекол пошироко геостратешко значење, и јас низ таа оптика го гледам и овој проект, оваа цевка којашто треба да ја поврзе Македонија со Србија. Исто како што цевката треба да ја поврзе Македонија со Грција. Посебно што е двонасочен овој цевковод, и сето тоа му додава вредност на самиот проект. Второ што за мене е многу значајно, а го кажав и вчера на еден друг стратешки проект, а тоа е автопатот Блаце-Скопје, е што македонска компанија ќе ги изведува работите, и тоа е многу важно за македонската економија. Така беше и вчера, така е и денес и тоа е наш приоритет како Влада, македонски компании да изведуваат вакви стратешки проекти, се разбира во рамките на капацитетот којшто ние го имаме како држава и како градежна оператива. Сигурен сум дека со искуството кое што го има компанијата изведувач ќе го искористи максимално во реализацијата на овој проект и ќе ги почитува роковите кои што се зададени во самиот договор. И трето кое што мислам дека е исто така значајно да се каже е фактот дека ова е уште една инвестиција кон реализирање на нашата стратешка цел како Влада, а тоа е да бидеме раскрсница на два паневропски коридори, коридорот 8 и 10, која што раскрсница ќе се темели на три столба, а тоа е инфраструктурно поврзување во рамките на патната инфраструктура. односно автопатите и експресните патишта. Сакам да им се заблагодарам на Недим и на сите членови во раководството на НОМАГАС, на вработените кои што би рекол еве работеа макотрпно за овој проект да стане реалност. Ќе биде исто добро и онаа отсечка за која што зборувавме до другиот наш северен сосед до Косово, ако можеме да ја направиме. Јас вчера зборував и со премиерот на Косово дека и покрај тоа што они имаат доволно количини на јаглен, но имајќи предвид новите регулативи во рамките на Европската Унија итн., оваа физибилити студија можеби ќе ни даде одговор за потребите, па можеби во иднина, иако они сега велат дека не им треба ваква врска, мислам дека треба да се оствари можност за во иднина и тоа да се сработи. Така што, да се заблагодарам и на колегите од Владата, се разбира без нивната поддршка овие проекти не можат да станат реалност. На медиумите што не следат цело време. Ние ќе продолжиме да ја реализираме програмата на Владата, ова се приоритетите во рамките на таа програма. Честитам уште еднаш и посакувам проектот да се реализира во рамките на тоа што е договорено, истакна Мицкоски.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПочина уште еден заболен од западно-нилска треска12:43Готови се ранг листите за примени студенти на УКИМ08:44Вкупно 53 случаи на западнонилска треска, најмладата пациентка од Студеничани е отпуштена од болница15:00Мицкоски: По повеќе од 20 години, започна изградбата на автопатот Скопје - Блаце, историски момент за државата12:56Николоски: Градиме нов автопат, за подобро поврзување со Косово и Црна Гора, ја градиме Македонија12:26
Вкупно 53 случаи на западнонилска треска, најмладата пациентка од Студеничани е отпуштена од болница15:00
Мицкоски: По повеќе од 20 години, започна изградбата на автопатот Скопје - Блаце, историски момент за државата12:56
Николоски: Градиме нов автопат, за подобро поврзување со Косово и Црна Гора, ја градиме Македонија12:26