Хакери пренасочиле камион за достава и украле луксузен Rolls-Royce Dawn (ВИДЕО) - Канал 5

Хакери пренасочиле камион за достава и украле луксузен Rolls-Royce Dawn (ВИДЕО)

Кога ќе се купи нов автомобил во САД, постои можност тој да биде испорачан иако на стотици, ако не и илјадници километри, а крадците сѐ повеќе го користат овој период како можност за кражба на егзотични модели.

Хакери пренасочиле камион за достава и украле луксузен Rolls-Royce Dawn (ВИДЕО)

Надер Елдамуни и неговиот деловен партнер од Мичиген станале жртви на кражба. Тие решиле да купат кабриолет Rolls-Royce Dawn вреден 300.000 евра, кој се наоѓал на Флорида, па му бил потребен превоз од 2.090 километри до домот на Надер во близина на Детроит.

Елдамуни, кој веќе поседувал Lamborghini, Rolls-Royce Phantom и Mercedes-Benz G-Class, никогаш не го добил својот нов Dawn, бидејќи автомобилот не бил испорачан на адресата откако бил натоварен во камион на 18 јануари.

На сличен начин „исчезнало“ и Ферари што требало да биде испорачано од Њујорк во Хјустон, но завршило во Мајами.

YouTube video

Минатата година се појавиле информации за криминалец од Флорида кој го хакирал компјутерскиот систем на компанијата за испорака Dealer's Choice Auto Transport, што му овозможило пристап до распоредот на испорака и информациите за контакт на возачот.

Тој можел да ја смени адресата за испорака на уште неколку луксузни автомобили, меѓу кои Mercedes GLS600 Maybach вреден околу 200.000 долари и теренец Rolls-Royce Cullinan за кој биле издвоени 400.000 долари.

"Криминалецот го хакирал порталот на возачот и знаел кои возила ќе се превезуваат, како и каде се превезуваат. Контактирал со возачот на кого му се претставувал како клиент и му дал нови информации со инструкции каде треба да се испорача автомобилот", изјави за WSVN Стивен Јарив, директор на транспортната компанија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Филипче: СДСМ поднесува кривични пријави за Алта банка, бандата ќе одговара

Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, на социјалната мрежа Х, најави дека СДСМ денеска поднесува кривични пријави за случајот со Алта банка,за влезот на пералницата на пари на Вучиќ, за притисокот, за сметките и трансферите, за парите на граѓани

Филипче: СДСМ поднесува кривични пријави за Алта банка, бандата ќе одговара

Филипче порача дека СДСМ нема да дозволи власта на Мицкоски да го заташка скандалот и да избега од одговорноста.

„СДСМ поднесува кривични пријави за Алта банка. Организираната криминална група на Христијан Мицкоски сака да го заташка скандалот со Алта банка и да избега од одговорност. Да сокрие сметки, трансакции, потекло на капитал, врските со криминалниот клан на Вучиќ... Да не се дознае кој потпишал и за чии интереси.

Мицкоски и Славески поднесоа пријави против опозицијата затоа што се во паника.

Сега е ред на СДСМ, на вистината и правдата. СДСМ поднесува кривични пријави за влезот на пералницата на пари на Вучиќ, за притисокот, за сметките и трансферите, за парите на граѓаните и јавните претпријатија. Мицкоски, го копираш Вучиќ. Вучиќ падна. Истрагите се отвораат. Истото те чека и тебе. Вистината излегува. Бандата ќе одговара“, посочи Филипче.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Канал 5 се извинува за споменувањето на Исламскиот младински форум во прилогот за египетската листа

Канал 5 се извинува за информациите објавени во вчерашниот прилог во вестите, во кој беше споменато името на Исламскиот младински форум, базирајќи се на информации објавени во дел од медиумите.

Канал 5 се извинува за споменувањето на Исламскиот младински форум во прилогот за египетската листа

Канал 5 се извинува за информациите објавени во вчерашниот прилог во вестите, во кој беше споменато името на Исламскиот младински форум, базирајќи се на информации објавени во дел од медиумите за ставањето на 35 светски организации на листата на терористички организации од страна на Египетскиот кривичен суд.

Без никаква намера да се нарушат угледот и репутацијата на здружението, а поради пермутација на зборовите во називот на арапски јазик, Канал 5 ненамерно го употреби името на Исламскиот младински форум Скопје, поради што искрено жали. Канал 5 синоќа го објави демантот на организацијата, а и во денешното издание на вестите пренесува дел од него.

„Категорично ги отфрламе сите обвинувања и неосновани наводни поврзувања со нашата организација. Нагласуваме дека споменувањето во документи на странски институции не претставува правен доказ дека станува збор за организацијата на која се однесува една таква неоснована одлука. Таквата идентификација бара официјална документација и прецизна проверка на правниот идентитет на организацијата. Ги повикуваме сите медиуми и други субјекти да покажат професионална одговорност, да ги проверуваат изворите и да избегнуваат непотврдени поврзувања што можат неправедно да го нарушат угледот на организацијата“, се вели во демантот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Блокирана сметката на Јелена Карлеуша поради присилна наплата!!

Сметката на Јелена Карлеуша е блокирана поради присилна наплата,  должи 800.000 динари, а компанијата и претходно имала проблеми.

Блокирана сметката на Јелена Карлеуша поради присилна наплата!!

Компанијата на Јелена Карлеуша, „JK Entertainment“, е во големи проблеми, а сега се дозна дека сметката е блокирана.

Пејачката Јелена Карлеуша се најде во сериозни финансиски проблеми, а ова не е првпат таа да се соочи со ваква ситуација.

Имено, најновите информации покажуваат дека фирмата во нејзина сопственост, која работи под името „JK Entertainment“, повторно е блокирана поради присилна наплата.

Според податоците од официјалните евиденции на Народната банка на Србија, сметката на претприемачкиот субјект „Jelena Karleuša PR performing arts JK Entertainment“ има статус „блокирана поради присилна наплата“, а вкупниот износ на блокадата изнесува 788.703,15 динари.

Најновата блокада е евидентирана на 6 ноември оваа година и, според податоците од 11 ноември, таа трае веќе пет дена.

Од достапните податоци не може да се утврди кому му се должат парите, ниту пак врз која конкретна основа е покрената присилна наплата. Нејзината сметка и претходно била блокирана Ова не е првпат компанијата на познатата пејачка да се најде во ваква ситуација.

Според евиденцијата, сметката била блокирана во пет наврати во текот на изминатите пет години, вклучително и оваа година.

Првпат сметката на Карлеуша била во блокада на 17 октомври 2023 година, кога блокадата траела еден ден. Само една недела подоцна, на 25 октомври, сметката повторно била блокирана, овојпат во траење од осум дена. Финансиски тешкотии во вид на блокирани сметки биле забележани и на 26 септември 2024 година, кога блокадата траела еден ден.

Слична ситуација се повторила и оваа есен, кога сметката била блокирана во периодот од 1 до 12 октомври, односно вкупно 11 дена, по што повторно била блокирана на 6 ноември.

Присилната наплата подразбира постапка во која Народната банка на Србија, врз основа на соодветни извршни одлуки или налози, ги наплатува обврските од сметката на должникот без негова согласност. Ваквата наплата може да се спроведе по различни основи, вклучувајќи даночни и други јавни долгови, судски одлуки, како и одредени налози од доверители.

Во овој конкретен случај, јавно достапните податоци го покажуваат износот и времетраењето на блокадата, но не ја откриваат природата на обврската поради која е покрената постапката.

Инаку, фирмата „JK Entertainment“ е регистрирана во 2021 година за дејност во областа на изведувачките уметности.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер