Хакери дошле до доверливи информации од психотерапијата на десетици илјади луѓе - Канал 5

Хакери дошле до доверливи информации од психотерапијата на десетици илјади луѓе

Доверливи документи за третман на десетици илјади пациенти на клиника за психотерапија во Финска се хакирани, пишува Гардијан.

Хакери дошле до доверливи информации од психотерапијата на десетици илјади луѓе

Некои документи протекле и на интернет, а министерот за внатрешни работи настанот го нарече „шокантен чин“.

Вознемирените пациенти ги бомбардирале со повици службата за поддршка на жртвите за време на викендот, откако финската полиција открила дека хакерите имаат пристап до евиденцијата на приватната компанија Вастамо, која управува со 25 центри за терапија низ Финска. Илјадници луѓе поднеле полициски пријави за ова.

Многу пациенти рекле дека добиле е-пошта со барање да платат 200 евра во биткоини за да спречат објавување на содржината на нивните разговори со терапевтите.

„Кражбата на податоците на Вастамо е шокантен чин кој длабоко нè погодува сите“, напиша министерката за внатрешни работи Марија Охисало на својата веб-страница во понеделникот. Финска мора да биде земја каде што е „достапна помош за проблемите со менталното здравје и може да се пристапи без страв“, додаде таа.

Министрите, исто така, се состанале викендов за да разговараат за кризата, а следните итни разговори за кражбата на доверливите досиеја се закажани за следната недела.

„Истражуваме сериозно нарушување на безбедноста на податоците и изнудување, меѓу другите обвиненија“, рече Робин Лардо, директор на финската Национална канцеларија за истраги. Тој додаде дека веруваат дека бројот на пациенти чии здравствени досиеја се загрозени е со десетици илјади.

Вастаамо соопшти дека започнала внатрешна истрага и ја проверила безбедноста на базата на податоците за пациентите. Тие исто така веруваат дека кражбата всушност се случила пред две години.

„Според сегашните информации, системот е безбеден и од ноември 2018 година па наваму не излегле податоци“, рече претседателот на компанијата Туомас Кахри.

Безбедносните експерти објавија дека датотеката од 10 гигабајти што содржи приватни белешки помеѓу најмалку 2.000 пациенти и нивните терапевти се појавила на „темната мрежа“.

Хакерскиот случај насочен кон некои од најранливите социјални групи - вклучително и деца - предизвикал шок во оваа нордиска земја со 5,5 милиони жители.

Добротворните организации за ментално здравје и поддршка на жртвите објавија дека се преплавени од повици од луѓе во неволја кои се плашат дека интимните разговори со нивните терапевти ќе бидат објавени во јавноста.

Една од оние кои добија закани за уцена, поранешната пратеничка Кирси Пиха, објави на Твитер снимка од нејзиниот мобилен телефон со порака за откуп, заедно со нејзиниот одговор до хакерите: ‘Продолжете! Барањето помош е нешто од што не треба да се срамите ’, напиша Пиха.

Мико Хипонен од компанијата за заштита на податоци F-Secure на Твитер објави: ‘Ова е многу тажен случај за жртвите, од кои некои се малолетни. Напаѓачот нема срам. '

Во понеделникот, финската агенција за регулирање на социјалната заштита објави дека ги испитува практиките на Вастаамоа, вклучувајќи и колку пациенти биле информирани за повреда на безбедноста во врска со нивните доверливи информации.

Во меѓувреме, шефот на државната агенција за дигитални услуги ДВВ, Киммо Руску, рече дека може да се избегне сајбер-нападот доколку Вастаамо користел подобра енкрипција.

„Менаџментот треба да се разбуди“, рече Руску.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Најмалку три лица загинаа во руски напад на Украина

Три лица загинаа, а четворица други се повредени во руските напади врз Украина во текот на ноќта, соопштија денес локалните власти.

Најмалку три лица загинаа во руски напад на Украина

Вршителот на должноста шеф на Воената администрација на Запорожјето, Михаил Семикин, во објава на Телеграм изјави дека маж и жена се убиени во напад врз автомобил во Новотавриске, Запорожје, пренесува Укринформ.

„Непријателот удрил автомобил што минувал низ селото. Автомобилот се запалил, при што загинале маж и жена“, рече Семикин.

Тој рече дека уште едно лице загинало, а четворица други се повредени во нападот на руските трупи врз Комишувас, Запорожје.

Семикин додаде дека една куќа е уништена во нападот врз селото, а неколку други во близина се оштетени.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Швајцарија денеска гласа за забрана за соработка со НАТО и за санкциите

Швајцарците денес на референдум одлучуваат за уставните измени, кои драстично би ја заостриле политиката на неутралност. 

Швајцарија денеска гласа за забрана за соработка со НАТО и за санкциите

Предлогот би ѝ забранил на земјата соработка со НАТО и воведување економски санкции кои не биле одобрени од Советот за безбедност на ОН. Иако Швајцарија е меѓународно призната како неутрална земја од 1815 година, начинот на кој владата ја спроведува таа политика не е прецизно дефиниран со уставот, што отвори простор за различни толкувања, пишува Ројтерс.

Иницијативата за референдумот ја покрена десничарската Швајцарска народна партија (SVP). Тие веруваат дека владата во Берн ја прекршила традиционалната неутралност кога вовела санкции против Русија за нејзината инвазија на Украина. Кампањата била придружена со постери со бели гулаби кои повикуваат на гласање за неутралност и против војната.

Сепак, анкетите покажуваат дека предлогот веројатно ќе биде отфрлен. Според едно од најновите анкети, 68 проценти од испитаниците се противат на него, додека 31 процент го поддржуваат.

Мислењето на експертите и јавноста

Фабио Васерфален, професор по европска политика на Универзитетот во Берн, вели дека Швајцарците ја поддржуваат неутралноста, но и начинот на кој владата моментално ја спроведува. „Тие исто така генерално ги поддржуваат санкциите кон Русија поради војната во Украина и не сакаат тоа да се промени“, додаде Васерфален.

Што носи предлогот?

Иницијаторите на иницијативата бараат уставна одредба според која Швајцарија не треба да се придружи на никаков воен или одбранбен сојуз, освен ако не биде директно нападната. Исто така, би ѝ било забрането да воведува какви било санкции против други држави, освен оние одобрени од Советот за безбедност на Обединетите нации.

Аргументи за и против

Поддржувачите тврдат дека неутралноста на Швајцарија добро ѝ служела во минатото и ја спречила да учествува во двете светски војни. Тие исто така веруваат дека таков статус му овозможува на Берн да дејствува како посредник во мировните преговори.

„Швајцарија не војувала 200 години затоа што е трајно вооружена и неутрална“, рече Кристоф Блохер, милијардер и еден од главните поддржувачи на иницијативата од редовите на СВП. Тој за Ројтерс изјави дека „неутралноста е помалку почитувана во последните години“ и дека Русија сега ја гледа Швајцарија како страна во конфликтот поради воведените санкции.

На предлогот се спротивставуваат швајцарската влада и повеќето политички партии. Министерот за надворешни работи Игнацио Касис предупредува дека усвојувањето на иницијативата би штетило на националната безбедност и би ги оневозможило воените вежби со НАТО и соседните земји.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ристески: Нема веќе чекање по шалтери за ЈСП, за студентите се воведува дигитална картичка

Барањето на студентите за поедноставно користење на бесплатниот јавен превоз добива конкретно решение. 

Ристески: Нема веќе чекање по шалтери за ЈСП, за студентите се воведува дигитална картичка

Со заложба на градоначалникот на Град Скопје и раководството на ЈСП, во завршна фаза се подготовките за воведување дигитална студентска превозна картичка.

Со нејзината примена, постапката што досега подразбираше одење на факултет по потврда, чекање пред шалтерите на ЈСП и носење хартиени документи, ќе се одвива дигитално.

Ова е промена што студентите ја побараа и која заслужува да биде реализирана. Градското раководство ги слушна нивните потреби и пристапи кон решавање на една административна обврска што со години им одземаше време и енергија.

Секој студент што чекал ред за потврда, па потоа уште еден ред за заверка на картичката, добро знае колку е потребна оваа промена. Особено на почетокот на академската година, кога треба да се организираат предавањата, вежбите и другите факултетски обврски.

Време е институциите да го преземат својот дел од работата и меѓусебно да ги разменуваат податоците што веќе ги поседуваат.

Токму тоа го овозможува ова решение, кое се подготвува преку соработка меѓу ЈСП и ФИНКИ, Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ и Универзитетот „Мајка Тереза“.

Студентскиот статус ќе се потврдува преку автоматска синхронизација на податоците меѓу ЈСП и универзитетите. Со тоа се отстранува потребата студентите да доставуваат хартиени потврди и лично да одат на шалтер за заверка.

Дигиталната картичка ќе биде достапна преку апликацијата SkopjeBus. Студентите ќе добијат упатства на својата електронска адреса, ќе се најават со истата адреса што ја користат на универзитетот и ќе можат да ја активираат картичката. При патувањето ќе го користат QR-кодот од својот телефон за валидација во автобус.

Тоа е директна и практична придобивка: студентската превозна картичка ќе биде во мобилниот телефон, а заверката на статусот ќе се одвива без обиколување шалтери.

Потребите на младите мора да бидат високо на агендата на локалната власт. Условите во кои студираат, пристапот до услуги и времето што го трошат за административни обврски се прашања што заслужуваат внимание и конкретни решенија.

Поддршката за младите се покажува и преку способноста да се реши проблем што тие го посочиле. Да се поедностави постапка. Да се отстрани непотребна обврска. Да се овозможи услугата да се добие побрзо и полесно.

Затоа ја поздравуваме заложбата на градоначалникот и на ЈСП, како и вклученоста на универзитетите во оваа подготовка на ова решение. Очекуваме претстојната имплементација да го донесе токму она што студентите го бараат: едноставен и функционален начин за користење на правото на бесплатен превоз.

За почетокот на примената и за начинот на активирање на дигиталната картичка, студентите ќе бидат навремено известени. Ние, како УМС, ќе продолжиме да ги отвораме темите што се важни за младите во Скопје и да се залагаме нивните иницијативи да стануваат реалност. Ќе го следиме спроведувањето на оваа промена и ќе ги пренесуваме предлозите и забелешките на студентите.

ВМРО-ДПМНЕ работела и ќе продолжи да работи во интерес на младите. Нашата обврска е таа определба да ја претвораме во конкретни постапки и резултати.

Помалку време пред шалтери значи повеќе време за предавања, испити и личен напредок. Токму тоа треба да им го овозможиме на студентите, рече Љупчо Ристески претседател на Градски комитет на УМС на ВМРО-ДПМНЕ.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер