Трамп симулираше положување заклетва со приврзаниците: „Ако не излезете на гласање, ќе одите во пеколот“
По пријава од граѓанин, ОЈО ГОКК координираше акција поради сомнение за примање поткуп и награда за противзаконито влијание
1Трамп симулираше положување заклетва со приврзаниците: „Ако не излезете на гласање, ќе одите во пеколот“
2По пријава од граѓанин, ОЈО ГОКК координираше акција поради сомнение за примање поткуп и награда за противзаконито влијание
Стадион од 12 милијарди долари со капацитет од 115.000 луѓе- дали на него ќе се одржи Светското првенство 2030.?
1Стадион од 12 милијарди долари со капацитет од 115.000 луѓе- дали на него ќе се одржи Светското првенство 2030.?
ТехнологијаХакер со аутизам украде и предвреме објави видеа од „ГТА 6“Хакерите обично се замислувани како седат на голема работна маса со врвна, скапа технологија на неа. Арион Куртај (18) е сосема спротивно од тоа. Куртај, кој инаку е лице со аутизам и е дел од хакерската група „Лапсус$“ што предизвика своевиден хаос во видеоиграчкиот свет, кога украде и предвреме објави видеа од сѐ уште необјавената игра „ГТА 6“. Упадот го извршил со помош на УСБ за „Амазон фајр ТВ“, паметен телефон, тастатура и глувче, и тоа додека бил на слобода откако плати кауција во случајот за хакирање на „Н-видија“. Тој овојпат го хакирал „Рокстар гејмс“ (Rockstar Games) - компанијата-создавач на „ГТА 6“ и се претстави како „напаѓачот“ на каналот „Slack“. Упадот е сторен од хотелче каде што властите го сместиле откако други хакери „го доксираа“, т.е. објавија податоци за него и неговото семејство, со што ја загрозиле и нивната безбедност. Додека бил во хотелот немал вообичаен пристап на интернет, но користел „Фајр ТВ“ УСБ. Подробностите за незаконските потфати на Куртај се појавија по седумдневното судење каде што тој е прогласен за виновен за хакирање на „Рокстар“, Револут“ и „Убер“. Осуден е и 17-годишник, но за разлика од Куртај, тој сѐ уште е на условна слобода по плаќањето кауција. Занимливо е што и двајцата се лица со аутизам. Куртај не присуствуваше на судењето откако психијатар оцени дека не е во состојба да го следи процесот. Поротата одлучува само за тоа дали делата за кои се товари - се сторени, а не и дали ги извршил со криминална намера. „Лапсус$“ е опишан пред судот како „криминална дигитална група“, за којашто се верува дека е составена главно од тинејџери од Бразил и Велика Британија. Куртај и неименувано 17-годишно момче се двајца од седумте членови уапсени во Британија. Меѓу 2021. и 2022 година, групата ги хакираше „Самсунг“, „Ти-мобајл“ и „Мајкрософт“. Иако групата барала откуп, не се знае дали и колку пари добиле по уцените. /МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиНема образложение од Врховен за укинувањето на пресудите за случајот „Ласкарци“ и за Стевчо Јакимовски15:00Неколку дуќани изгореа откако изби голем пожар во Шуто Оризари (ВИДЕО)10:14Газдата на „Пулс“ Дејан Јованов- Деко наскоро ќе се брани од слобода15:08Активни пожари има во општина Струга, Македонски Брод и Чучер-Сандево09:11По повеќе од една година во бегство Перпарим Бајрами уапсен на ГП „Блаце“ – сам и се предал на полицијата 15:05
Нема образложение од Врховен за укинувањето на пресудите за случајот „Ласкарци“ и за Стевчо Јакимовски15:00
По повеќе од една година во бегство Перпарим Бајрами уапсен на ГП „Блаце“ – сам и се предал на полицијата 15:05
СветТрамп симулираше положување заклетва со приврзаниците: „Ако не излезете на гласање, ќе одите во пеколот“Со апел до Републиканците да излезат масовно на изборите за Конгресот на трети ноември и соочен со можноста да го загуби мнозинството во двата дома, американскиот претседател Трамп ја заокружи дводневната конвенција во Далас.Тој приреди необична сцена во салата, симулирајќи положување заклетва со присутните.Тагови: Доналд Трамп Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаПо пријава од граѓанин, ОЈО ГОКК координираше акција поради сомнение за примање поткуп и награда за противзаконито влијаниеВрз основа на досега прибраните докази, постои основано сомнение дека осомничениот сторил кривични дела Примање поткуп и Примање награда за противзаконито влијание. Постапувајќи по пријава од граѓанин, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција во текот на вчерашниот ден во соработка со полициски службеници од Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при МВР реализираше акција во рамки на која од слобода е лишено службено лице – помошник – директор на Секторот за административно – технички работи во Царинската управа. Врз основа на досега прибраните докази, постои основано сомнение дека осомничениот сторил кривични дела Примање поткуп и Примање награда за противзаконито влијание. Во периодот од април/мај до септември 2026 година, осомничениот, користејќи ја својата службена положба, во повеќе наврати побарал и примил парични средства во вкупен износ од 17.500 евра. Дел од средствата, во износ од 7.500 евра, биле побарани и примени во врска со веќе склучен договор за јавна набавка за потребите на Царинската управа, со цел договорот да продолжи да се реализира без пречки и без ризик од негово раскинување. Дополнително, во врска со друга постапка за јавна набавка што била предмет на жалбена постапка, осомничениот побарал уште 10.000 евра, при што се повикал на свое претпоставено влијание врз натамошниот тек на постапката. Според прибраните докази, за возврат тој требало да влијае врз постапувањето во жалбената постапка и да делува во однос на условите и техничката спецификација. Пријавата на граѓанинот овозможи ОЈО ГОКК навремено да преземе законски дејствија за проверка на наводите, обезбедување докази и реализација на случајот. Ценејќи дека се исполнети законските основи, надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот. За неполна седмица, ова е втор случај во кој ОЈО ГОКК постапувајќи по пријава од граѓанин, презеде дејствија што резултираа со успешна реализација. Ваквите случаи ја потврдуваат важноста на соработката меѓу граѓаните и надлежните институции во навременото откривање и гонење на коруптивните кривични дела. Обвинителството ги охрабрува граѓаните кои располагаат со сознанија или информации за можни коруптивни дејствија да ги пријават до надлежните органи. Секоја основана информација се проверува со должно внимание, а идентитетот и личните податоци на лицата кои пријавуваат се заштитуваат согласно законските можности и потребите на постапката.Тагови: ОЈО ГОКК Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаАНБ со документарен филм за историјата, сегашноста и иднината на безбедносната службаПо повод Денот на АНБ, за првпат се реализира документарен филм „Чувари на тишината“ По повод Денот на Агенцијата за национална безбедност, за првпат се реализира документарен филм „Чувари на тишината“ кој ја раскажува приказната за развојот на безбедносната служба од формирањето на ОЗНА во 1944 година, преку УДБА, СДБ и безбедносните структури во независна Македонија, до формирањето на Агенцијата за национална безбедност во 2019 година. Филмот, преку архивски материјали, сведоштва и визуелни реконструкции, ја отвора и темата за работата на современата безбедносна служба и предизвиците со кои се соочува државата денес. Посебен фокус е ставен на три значајни области од работата на Агенцијата и тоа контратероризмот, контраразузнавањето и борбата против организираниот криминал и високите форми на корупција. „Чувари на тишината“ носи и лични сведоштва од поранешни и актуелни оперативци, кои зборуваат за природата на работата, одговорноста и предизвиците што најчесто остануваат далеку од очите на јавноста. Како што се истакнува во филмот, најголемите резултати на оваа работа честопати се оние што не се гледаат, туку се оние што ја прават разликата. На крај се прикажани изјави од носители на високи државни функции и раководители на институции со кои АНБ соработува, кои зборуваат за важноста на партнерството и заедничките напори во справувањето со предизвиците и ја честитаат годишнината на Агенцијата. Филмот е обид преку досега ретко виден пристап да се доближи работата на безбедносната служба до јавноста и да се прикаже нејзината улога во заштитата на државата и нејзините граѓани. „Чувари на тишината“ е приказна за историјата, работата и луѓето кои стојат зад безбедноста на државата. Документарниот филм можете да го погледнете во продолжение. Тагови: АНБ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook