Хакер бесплатно објави податоци за 10.000 сметки - Канал 5

Хакер бесплатно објави податоци за 10.000 сметки

Сајбер нападите станаа дел од секојдневието, но обично за такви услуги се бара одреден надомест.

Хакер бесплатно објави податоци за 10.000 сметки

Сепак, еден сајбер напаѓач решил бесплатно да објави податоци за 10.000 Американ Експрес картички на хакерски форум.

Најверојатно станува збор за реклама, со оглед на тоа дека хакерот во истата објава нудел продажба на уште податоци, а станува збор за корисници на мексикански банки, односно за корисници на Американ Експрес, Сантандер и Банемекс, пишува „Bleeping Computer“.

Од Американ Експрес нема признание дека се случила злоупотреба на лични податоци, но споделиле известување дека сите корисници на нивните картички не се одговорни за лажни трошоци.

-Свесни сме за ситуацијата и будно ја следиме. Меѓутоа, потсетуваме, корисниците на Америка Експрес картичките не се одговорни за било какви лажни трошоци на своите сметки. Американ Експрес има воспоставено софистицирани системи за надзор и механизми за заштита кои помагаат во откривање на сомнителни активности. Доколку утврдиме дека постоја необични активности кои би можеле да бидат измама, ќе преземеме заштитни мерки- изјавиле од Американ Експрес.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Таравари: Дали ќе има предвремени избори ќе зависи од тоа дали власта ќе ги направи уставните измени

Го поздравуваме тоа што го слушаме од премиерот Мицкоски дека е подготвен за вклучување на трета страна како посредник во дијалогот со Бугарија.

Таравари: Дали ќе има предвремени избори ќе зависи од тоа дали власта ќе ги направи уставните измени

Го поздравуваме тоа што го слушаме од премиерот Мицкоски дека е подготвен за вклучување на трета страна како посредник во дијалогот со Бугарија, но до сега губевме драгоцено оцени претседателот на Алијанса, Арбен Таравари во вечерашното гостување во Само Интервју.

Според него, дали ќе има превремени избори ќе зависи од тоа дали власта ќе ги направи уставните измени.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Премиерот Мицкоски утре ќе се обрати пред Генералното собрание на ОН

Премиерот Христијан Мицкоски утре ќе се обрати пред Генералното собрание на Обединетите нации во Њујорк... 

Премиерот Мицкоски утре ќе се обрати пред Генералното собрание на ОН

Според објавената агенда, тој ќе зборува деветти по ред за време на утринската сесија која почнува во 15 часот по македонско време..

Паралелно македонската делегација предводена од него, ја продолжува посетата со низа билатерални средби со европски и регионални претставници..

Премиерот Христијан Мицкоски денеска присуствуваше на одбележувањето на 25-годишнината од терористичките напади врз Њујорк на 11 септември 2001 година..

Одбележувањето го предводеше генералниот секретар на НАТО Марк Руте, а присуствуваа претставници на земјите сојузнички на САД, кои по нападите се повикаа и на членот на заедничка одбрана на НАТО членките, во знак на солидарност со САД..

„Америка останува најголемата светска сила. Но, Америка не мора да го носи товарот самата. Сојузниците на Америка се со неа. Никој не смее да се сомнева во нашата решителност.“, изјави Руте во обраќањето на Меморијалниот музеј на местото каде што некогаш стоеа кулите близначки на Светскиот трговски центар..

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Собранието е домаќин на 25. мешовит парламентарен Комитет ЕУ – Македонија, се обрати и европратеникот Вајц

Во Собранието денеска започна дводневниот 25. состанок на мешовитиот парламентарен Комитет ЕУ – Македонија..  

Собранието е домаќин на 25. мешовит парламентарен Комитет ЕУ – Македонија, се обрати и европратеникот Вајц

Освен македонски пратеници, во рамки на сесијата се обрати и евроамбасадорот Михалис Рокас, во име на Европската Комисија, ирскиот амбасадор во земјава, Брендан Вард, во име на ирското претседателство со Советот на ЕУ..

Говор одржа и известувачот за Македонија во Европскиот Парламент, Томас Вајц, кој рече дека владеењето на правото и борбата против корупцијата останува клучно за напредокот на која било земја, а повика Македонија да се посвети на реформската агенда..

И во Австрија има големи случаи на корупција, но разликата е во тоа што многу богати луѓе лежат затвор, рече Вајц..

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер