ЗабаваХајди Клум без срам откри детали од спалната соба: Во животот сум јадела многу различни колбаси...Легендарниот топ модел и манекенка, 52 годишната Германка Хајди Клум од 2019 година е во брак со Том Каулиц, музичар кој е 16 години помлад од неа. Тие не се срамат да ја покажат страста што ги обединува јавно, а шлагот на тортата беше откривањето детали од спалната соба. Хајди Клум зборуваше за „бесконечниот, жежок, див“ сексуален живот со својот сопруг Том во една емисија, откри дека поминуваат часови во спалната соба, и дека еден поглед кон него е доволен за да се возбуди. Кога ја прашале каква оценка од 1 до 10 би користела за да го опише нивниот сексуален живот, таа рекла дека еден би бил „пристоен“ (премногу пристоен за нив) и дека десет би значело доста експериментирање. Нејзиниот одговор беше девет. Хајди откри дека и таа користи играчки со својот сопруг за време на сексот, и дека нејзината омилена играчка за во кревет е вибратор. - Мислам дека е полесно за жена отколку за маж, па прашањето е колку е издржлив мажот, бидејќи мажите обично се оние кои не можат да издржат толку долго. Или тоа е многу крв што треба да се пумпа на одредено место, па имам чувство дека некои луѓе не можат да го направат тоа. Затоа е клучно да немаат таа прва реакција за да може да трае подолго. Но, многу мажи не можат. Мојот сопруг може. Таа исто така даде прилично слободен коментар: - Во животот сум јадела многу различни колбаси. Но, завршив со германската. Германски колбаси, што да кажам!?Тагови: Хајди Клум Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветЈеменските Хути ја нападнаа Саудиска Арабија, над 70 ранетиЈеменските Хути, поддржани од Иран, нападнаа енергетски постројки и градови во Саудиска Арабија, сојузник на САД, при што беа повредени повеќе од 70 лица.Нападите доаѓаат откако Иран предупреди дека енергетската инфраструктура низ заливот, вклучувајќи ги и американските нафтени и гасни интереси, е ранлива по последната размена на напади помеѓу САД и Иран. Хутите, кои ги контролираат најнаселените делови од Јемен и поголемиот дел од северот, започнаа напади врз Саудиска Арабија откако прогласија поморска блокада на земјата во јули, загрозувајќи го извозот на нафта преку Црвеното Море. Во исто време, Иран вети дека во наредните денови ќе објави нова ограничена зона во заливот, заедно со мапи на нов бродски коридор низ Ормускиот Теснец, како одговор на економската војна на САД. Саудиските воени авиони извршиле серија воздушни напади врз повеќе области во Јемен, јави телевизијата „Ал Масира“.Тагови: Саудиска Арабија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
БалканРаспишани предвремени парламентарни избори во Србија на 25-ти октомвриПо речиси две годишни политички турбуленции, масовни студентски протести и калкулации, Србија оди на предвремни избори.Претседателот Вучиќ го потпиша указот за распуштање на собранието и ги распиша изборите на 25-ти октомври. Вучиќ кој по двата претседателски, сега влегува во трка за премиерски мандат, во обраќањето образложи дека главна причина за изборите се поделеното општесто и немирите, без директно да ги спомене студентското движење. -Затоа ни се потребни изборни резултати кои јасно ќе ја определат и покажат волјата на граѓаните. Не е особена тајна дека во Србија сите би биле подобри политичари и претседатели, исто како фудбалските и кошаркарските тренери. Но, тој процес на донесување одлуки не е едноставен. , изјави Александар Вучиќ, претседател на Србија Последните анкети недвосмислено укажуваат дека главната битка ќе се води помеѓу Српската Напредна партија на Вучиќ, чиј кандидат за премиер е токму тој и Студентското движење, кое веќе подготви листа од 250 имиња на кандидати за пратеници. Едната анкета покажа голема предност за Вучиќ, другата значитална предност за студентите, кои според дел од аналитичарите, за да се надеваат на победа мора да ја прецизираат програмата. -Всушност можеме да дојдеме во опасност да гласаме за нешто со силна морална порака, а потоа да се соочиме со луѓе кои не ги познаваме. Каков е нивниот став за ЕУ, за стратешкиот дијалог со САД, каков е односот околу Русија и Украина? , изјави Александар Апостоловски, новинар на „Политика“ Иако кампањата не е почната, набљудувачката мисија „Црта“ алармира дека власта ги користи сите јавни ресурси во пресрет на изборите, од злупотреби на безбедносниот апарат, преку уцени на социјално загрозени граѓани до несразмерно голем медиумски простор за власта, како на пример, дека само во август во вестите на јавниот сервис дури 98 проценти од времето било одвоено за власта, а два за опозицијата. -Претседателот на Србија, Александар Вучиќ самиот зазеде половина од вкупното време во вестите на РТС и тоа е речиси четири пати повеќе од целото време што претседателот го доби претседателската кампања во 2022 година, изјави Тамара Бранковиќ, мониторинг мисија „Црта“ -Алармантна е злоупотребата на безбедносниот апарат. Независните меѓународни и домашни форензички проверки потврдија дека од почетокот на годинава на на 14 члена на студенското движере и на Зелениот лев фронт нивните лефонио биле инфицирани со шпионскиот софтвер „Пегазос“, изјави Раша Неделјков, мониторинг мисија „ЦРТА“ Освен социјалистите на Дачиќ, со околу пет проценти и провропската опозициска коалиција со околу четири, двете последни анкети покажаа дека расцепканите опозициски партии практично се борат со цензусот од три проценти.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаАнгелов: Опасноста од пожари продолжува, врнежите се очекува да помогнат во гаснењетоПет активни пожари низ Македонија, се гасне кај месноста рамно на Скопска Црна Гора, кај Струга и во Јасен. Очекувањата од дирекцијата ан заштита и спасување се дека сите ќе бидат изгаснати во текот на денот. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter