Над 1.500 лица за неколку дена побарале медицинска помош, Гостивар се справува со последиците од масовното труење
2Над 1.500 лица за неколку дена побарале медицинска помош, Гостивар се справува со последиците од масовното труење
ТехнологијаХајабуса-2 се враќа на Земјата – успех на јапонските научници (ВИДЕО)Јапонските научници забележаа историски успех , кога вселенското летало Хајабуса-2 го напушти астероидот во далечен дел од вселената и тргна на патување долго една година кон Земјата.Вселенското летало денеска ја напушти орбитата околу Рјугу со примероци земени од астероидот. Хајабуса-2 се очекува да се врати на Земјата кон крајот на 2020 година, завршувајќи ја својата успешна повеќегодишна мисија. Јапонската вселенска агенција „Јакса“ соопшти дека собраните примероци може да фрлат светло на потеклото на Сончевиот систем. Хајабуса-2 ја почна мисијата во 2014 година. Три и пол години подоцна, стигна до астероидот Рјугу, кој се наоѓа на околу 300 милиони километри од Земјата. По неговото пристигнување во јуни 2018 година, леталото направи двапати снимања, прибирање податоци и примероци од карпите на Рјугу - примитивни остатоци од вселенски карпи од раните денови на Сончевиот систем. Тие се првите подземни примероци собрани од астероид во вселенската историја. Хајабуса-2 се очекува да се врати на Земјата во декември 2020 година, испуштајќи капсула со примероци од карпи во пустината во Јужна Австралија. Едногодишното враќање е многу пократко од три и пол години што му беа потребни на вселенското летало за да стигнат до Рјугу, благодарение на тоа што астероидот сега е многу поблизу до Земјата отколку што беше во 2014 година.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЗабаваФото: Манекенка во топлес Убавата сопруга на светската музичка ѕвезда Џастин Бибер, манекенката Хејли Бибер повторно го привлече вниманието на љубопитната јавност. Таа позираше за модна кампања и ја разгори имагинацијата на многумина со својот атрактивен изглед. Хејли Бибер денес важи за најпопуларен модел. Таа не е само дама што рекламира облека од светски брендови, туку и дама што знае како да ја носи и да ја комбинира таа облека. Таа стекна големи симпатии кај јавноста на социјалните мрежи, каде што гордо ја носи титулата „трендсетерка“. Нејзините совети за постигнување совршен изглед на шминката се омилени меѓу жените, особено оние што покажуваат како да се постигне природен изглед и стил што зрачи со лежерна елеганција. Сега, Хајли се огласи на социјалните мрежи за да ѝ ја претстави на светот својата нова соработка со брендот „Gap“. Како што може да се види, 29-годишната убавица гордо позираше во широки фармерки со низок струк, но вниманието го привлече горниот дел од модната комбинација. топлес изданието на убавата манекенка. Или, поточно, горниот дел што не го носеше, поради што голите гради вешто ги сокри зад парче ткаенина. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Шоу бизАнџелина Џоли подготвена за ново поглавје во животот: Размислува да го напушти Лос АнџелесХоливудската ѕвезда, актерката Анџелина Џоли е подготвена за ново поглавје во својот живот откако нејзините најмлади близнаци, Вивиен и Нокс, го прославија својот 18-ти роденден.Актерката и хуманитарка, која има шест деца со поранешниот сопруг Бред Пит, сега сака повеќе слобода и флексибилност во својот живот. Според извор што разговарал со магазинот *People*, таа со години размислува да го напушти Лос Анџелес. „Таа со години зборува за тоа дека сака да си замине од Лос Анџелес. Среќна е што сега има поголема слобода и можност да прави поинакви избори“, изјавил неименуваниот извор. На 12 јули, Џоли го одбележа полнолетството на близнаците Вивиен и Нокс, а според истиот извор, таа сега сака повеќе да патува со своите деца и да го истражува светот. „Нејзините деца отсекогаш биле нејзин главен приоритет. Сакаше тие да искусат различни култури и делови од светот, а сега со нетрпение очекува заедно да патуваат и да откриваат нови места. Таа е подготвена за тоа“, додал изворот. Анџелина Џоли и Бред Пит се запознаа за време на снимањето на филмот *Mr. & Mrs. Smith* („Господин и госпоѓа Смит“), а се разделија во 2016 година, по 12-годишна врска и две години брак. Нивниот развод беше официјално финализиран во декември 2024 година. Актерката уште минатата година навести дека планира да го напушти Лос Анџелес штом нејзините најмлади деца ќе станат полнолетни. „Ќе можам да заминам оттука штом ќе наполнат 18 години“, изјави таа тогаш, мислејќи на Вивиен и Нокс. Таа додаде дека сака да им обезбеди мир, приватност и сигурност на своите деца, но дека веќе не го доживува Лос Анџелес како место каде што чувствува припадност.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиНад 1.500 лица за неколку дена побарале медицинска помош, Гостивар се справува со последиците од масовното труење 18:05Гостивар се справува со последиците од масовното труење-над 1.500 лица за неколку дена побарале медицинска помош15:18Николоски од Дебрца: Сите населени места од Струга, Дебрца и Охрид добиваат пристап на автопатот Охрид-Кичево14:09Министерот Клековски ќе ја посети болницата во Гостивар 10:53Забрана за пиење на водата во Гостивар, граѓаните бараат одговори – кој дозволи да се труеме?18:20
Над 1.500 лица за неколку дена побарале медицинска помош, Гостивар се справува со последиците од масовното труење 18:05
Гостивар се справува со последиците од масовното труење-над 1.500 лица за неколку дена побарале медицинска помош15:18
Николоски од Дебрца: Сите населени места од Струга, Дебрца и Охрид добиваат пристап на автопатот Охрид-Кичево14:09
АвтомобилизамВидео: Електричните автомобили доминираа на фестивалот на брзината „Гудвуд“Овогодишниот фестивал на брзината во Гудвуд повторно ги собра најбрзите и најексклузивните автомобили во светот, а на традиционалната трка со искачување на рид, Ford Super Mustang Mach-E го постигна најбрзото време.Овогодишниот фестивал на брзината во Гудвуд повторно ги собра најбрзите и најексклузивните автомобили во светот, а на традиционалната трка со искачување на рид, Ford Super Mustang Mach-E го постигна најбрзото време, совладувајќи ја патеката долга 1,16 милји (1,86 километри) за импресивни 41,98 секунди. За управувачот на електричниот прототип се наоѓаше реномираниот француски возач Ромен Дима; со оваа победа, тој му ја обезбеди на Ford третата последователна победа во финалниот дуел на фестивалот, надминувајќи го болидот од четвртата генерација на Формула Е. Третото место му припадна на легендарниот Shadow-Chevrolet DN4 – кој воедно беше и најбрзиот автомобил со мотор со внатрешно согорување – додека во првите десет се пласираа и Volkswagen Polo WRX, BMW M3 Touring 24H, Subaru Brataroo 9500 Turbo, Porsche 911 Cup (992.2), Nissan 300ZX Turbo, Dodge Viper GTS-R и Toyota-Judd Formula Supra. Резултатите уште еднаш покажаа колку конкурентни станаа електричните погонски системи во трките на угорнина, иако апсолутниот рекорд на Гудвуд сè уште го држи електричниот „McMurtry Spéirling“, кој ја совлада патеката за неверојатни 39,08 секунди во 2022 година. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook