О. Илинден: Асфалтирана индустриската улица „Н10“ во локалната економска зона „Ограѓе“ во населба Илинден
Жерновски: Фројд работи кај Мицкоски – од признанието за македонскиот идентитет до нарачаните текстови во медиумите
1О. Илинден: Асфалтирана индустриската улица „Н10“ во локалната економска зона „Ограѓе“ во населба Илинден
2Жерновски: Фројд работи кај Мицкоски – од признанието за македонскиот идентитет до нарачаните текстови во медиумите
ЗдравјеХаити ги доби првите пратки вакцини против колера од СЗОНа Хаити доставени се повеќе од еден милион дози орални вакцини против колера, соопшти денеска Светската здравствена организација (СЗО).Меѓународната координативна група на СЗО за набавка на вакцини обезбеди 1,17 милиони дози од вакцината Евихол, а се очекуваат уште 500.000 дози во следните неколку недели. – Се надеваме дека оваа прва пратка ќе ја следат и други, и дека вакцината ќе биде достапна за сите ризични групи, изјави Лоре Адриен од Министерството за јавно здравје на Хаити. СЗО најави дека вакцинирањето ќе започне во следните неколку дена, со приоритет на децата и доенчињата од најтешко погодените области. Колерата на Хаити повторно се појави на почетокот на октомври и досега има 280 жртви, од кои значителен број се деца. Здравствената криза е предизвикана од недостиг на храна и чиста вода за пиење.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ФудбалВидео: Џуд Белингем по сензационалниот погодок против ПСВ: „Ова е најдобриот гол во мојот живот“Љубителите на фудбалот синоќа на дуелот од 5 коло во Лигата на шампионите меѓу Реал Мадрид и ПСВ видоа гол каков што ретко се гледа и постигнува на терените низ светот. Асот на европскиот великан, Реал Мадрид, Џуд Белингем, ги воодушеви навивачите со спектакуларен гол против ПСВ, со што ја потврди својата врвна форма. Англичанецот уште еднаш покажа дека е врвен играч. Во победата на неговиот тим од 5:1 против ПСВ, тој беше стрелец на вториот гол – еден од најубавите во неговата кариера, со кој му донесе водство на „кралскиот клуб“ во петтото коло од Лигата на шампионите. Џуд Белингем повторно покажа каков потег може да изведе за само неколку секунди. Играчот на Реал Мадрид се најде на вистинското место во вистинско време, а потоа следеше вистинска мајсторија. Топката стигна до него на околу дваесет метри од голот на противникот. Белингем прво ја смири со левата нога, ја префрли на другата, потоа ја крена во воздух и без двоумење шутираше на неочекуван начин – на момент изгледаше како да шутира со врвот на копачката, но всушност го направи тоа со горниот дел од стапалото, малку кон внатрешната страна. Jude Bellingham 🤯 what a goal 🔥🪄 https://t.co/5QGTsdnTCc — 🧱 (@Ah_3ig) November 24, 2026 По натпреварот, Белингем јасно стави до знаење каде го вбројува овој погодок, изјавувајќи: „Мислам дека ова е најдобриот гол во мојот живот“, рече гордо Белингем и додаде: „Обично моите голови се многу поблиску до голот, нели?“, се пошегува играчот на Реал.Тагови: Белингем Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаО. Илинден: Асфалтирана индустриската улица „Н10“ во локалната економска зона „Ограѓе“ во населба ИлинденОпштина Илинден продолжува со реализација на инфраструктурни проекти насочени кон подобрување на патната инфраструктура и создавање подобри услови за развој на локалната економија. Во рамки на овие активности, заврши асфалтирањето на индустриската улица „Н10“, која се наоѓа во локалната економска зона „Ограѓе“ во населба Илинден, во должина од над 300 метри со коловоз широк 6 метри и тротоар. „Со асфалтирањето на улицата „Н10“ значително се подобрува инфраструктурната поврзаност во економската зона, што е од особено значење за стопанските субјекти кои функционираат на ова подрачје. Новата улица ќе овозможи полесен пристап до деловните објекти, поефикасно одвивање на транспортот и подобри услови за секојдневно работење.“ – истакна градоначалникот Георгиевски, кој изврши увид во асфалтирањето. Реализацијата на овој проект претставува уште една инвестиција во унапредувањето на локалната патна инфраструктура и создавањето услови за понатамошен развој на локалната економија. Општина Илинден продолжува со континуирани вложувања во модерна и функционална инфраструктура, во насока на подобрување на условите за работа и развој на стопанството.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСредба на претседателот Гаши со хрватскиот премиер Пленковиќ10:12Претседaтелката Сиљановска Давкова денеска ќе учествува на надзорната расправа за АЛТА банка08:34Од седуммина повикани сведоци на Дејан Јованов, само двајца се појавија на судењето во „Идризово“15:00Одбраната повлече двајца сведоци од судењето за пожарот во „Пулс“, родителите реагираа09:00Муцунски во Атина: Герапетритис ја пофали Македонија за значителен напредок во повеќе области15:15
Од седуммина повикани сведоци на Дејан Јованов, само двајца се појавија на судењето во „Идризово“15:00
БизарноНови обвиненија против таткото на Меган Маркл: Му се заканува затворска казна до 40 години Сојузна голема порота во Лос Анџелес покрена ново обвинение против Томас Вејн Маркл – контроверзниот татко на војвотката од Сасекс, Меган Маркл, – за поседување материјал што прикажува сексуална злоупотреба на деца. Меѓу контроверзните фотографии се и оние на кои Томас Маркл е прикажан со малолетни деца . Сојузна голема порота во Лос Анџелес покрена ново обвинение против Томас Вејн Маркл – контроверзниот татко на војвотката од Сасекс, Меган Маркл, – за поседување материјал што прикажува сексуална злоупотреба на деца. Според обвинителството, предметните слики вклучуваат фотографии на Маркл со деца кои сè уште не влегле во пубертет. Овој 82-годишник беше уапсен на 6 ноември, откако истражителите открија десетици фотографии, негативи, слајдови и книги што содржат недозволен материјал во еден магацински простор во Лос Анџелес. Доколку биде прогласен за виновен, тој се соочува со можна затворска казна во траење до 40 години. Во моментов тој се наоѓа во притвор на Флорида, а се очекува да биде префрлен во Лос Анџелес. Маркл претходно ги негираше наводите, тврдејќи дека не поседува такви фотографии. Во меѓувреме, судот утврди дека тој е ментално способен да му се суди. Тој е исто така под истрага на Филипините, под сомнение дека поседувал и имал намера да дистрибуира недозволени фотографии.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter