Хагари: Под џамија во Газа војниците на ИДФ пронајдоа работилница за изработка на ракети

Израелската армија (ИДФ) ноќеска соопшти дека под џамија во населбата Зејтун, во градот Газа, пронашла работилница што наводно палестинската милитантна група Хамас ја користи за производство на ракети.

-Џамијата, во областа Зејтун, се користела како лабораторија за производство на оружје, изјави на прес конференција портпаролот на ИДФ, Даниел Хагари, пренесува „Тајмс оф Израел“.

Портпаролот додаде дека израелските војници влегле во џамијата за да проверат дали има замки, но, кога влегле во зградата, нашле тунелско окно и скалила.

-Терористите прават ракети во џамијата. Тие го користат исламот и симболите на исламот за тероризам, рече Хагари. /МИА

Русија ја престигна Америка во испораката на гас

 Во мај Русија ја престигна Америка по количината на извезен гас во Европа, за прв пат по речиси две години.

Во мај Русија ја престигна Америка по количината на извезен гас во Европа, за прв пат по речиси две години, и покрај напорите на регионот да се ослободи од зависноста од фосилните горива, пишува „Фајненшл тајмс“.

„Изненадувачки е да се види дека увозот на руски гас во Европа е зголемен по сите напори и напори да се намали зависноста од енергетските извори од таа земја“, истакнал пазарниот аналитичар од ИЦИС Том Марзек-Менсер.

Британскиот весник потсетува дека по почетокот на конфликтот во Украина во февруари 2022 година, Русија ја намали испораката на гас во Европа и регионот престана да го увезува овој енергенс, кој потоа се испорачува со специјализирани бродови од Америка. Во септември 2022 година, Америка ја престигна Русија во количината на извезен гас во Европа.

Сепак, според податоците на ИЦИС, минатиот месец испораките на руски гас и течен гас учествуваа со 15 отсто од вкупниот извоз во ЕУ, Велика Британија, Швајцарија, Србија, Босна и Херцеговина и Македонија, пренесува Капитал.

Истите податоци покажуваат и дека течниот гас од Америка учествува со 14 отсто во регионот, што е најниско од август 2022 година.

Мицкоски за кадровските решенија во владата од коалицијата „Твоја Македонија“

Изјава на мандатарот за состав на влада и лидер на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски за кадровските решенија во новата влада од коалицијата „Твоја Македонија“, што вечерва беа потврдени од Извршниот и Централниот комитет на партијата. 

Гордон Ремзи имал тешка сообраќајна несреќа со велосипед,ги покажа модринките

Светски познатиот готвач Гордон Ремзи објави видео на Инстаграм во кое откри, како што самиот вели, „лоша несреќа“ додека возел велосипед во Конектикат.

Во видеото, Ремзи се „пофали“ со своите модринки добиени во велосипедската несреќа.

„Доаѓа Денот на татковците и имам важна порака за сите татковци... Носете кацига! рече тој, додавајќи дека се чувствува добро и дека не се здобил со сериозни повреди, но дека телото му е покриено со модринки, поради што изгледа „како виолетов компир“. На крајот им се заблагодари на персоналот во болницата каде што престојува, но и рече дека е среќен што носел кацига.

„Да не носев кацига, искрено немаше да бидам овде во моментов“, порача Ремзи.

притисни ентер