3Олимпискиот дух во училиштето: МОК го одбележа Светскиот ден на детето со учениците од ООУ „Владо Тасевски“
СветХагари: Хамас не може да се уништиПортпаролот на израелската армија (ИДФ) Даниел Хагари денеска оцени дека целта за искоренување на терористичката група Хамас „не е постигната“.„Хамас е идеја. Тие што мислат дека може да се натера да исчезне грешат“, рече Хагари во интервју за Канал 13 и оцени дека секој што ветува такво нешто „ја замајува јавноста“, пишува „Тајмс оф Израел“. Според него, доколку Владата не најде друга алтернатива, Хамас ќе остане во Газа. Кабинетот на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху објави во соопштение дека една од целите на војната е „уништување на воените и управувачките капацитети на Хамас“. „ИДФ се разбира, на тоа е посветена“, се додава во соопштението. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаПревентивни активности за џебни кражби и имотни деликтиПревентивни активности за џебни кражби и имотни деликти, безбеден сообраќај, заштита од телефонски измами, семејно, меѓуврсничко и сајбер насилствоНа 20.11.2026 на градскиот пазар во Штип, полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Штип реализираа едукативна кампања под мотото „Да се заштитиме од џебни кражби“, којa се реализираше со лична средба на граѓаните на кои им беа давани совети за самозаштита од имотни деликти (разбојничка кражба, разбојништво, дрска кражба, џебни кражби и други кривични дела), каде особено им беше потенцирана неопходноста од соработка и нивна навремена комуникација со полицијата пред се преку точно и брзо пријавување на бесплатниот телефонски броеви 112, при што им беа поделени летоци со едукативна содржина. На 20.11.2026 полициски службеници од полициска станица за безбедност на патниот сообраќај Пробиштип спроведоа превентивна активност „Одговорно пред пешачки премин“ наменета за пешаците и „Паркирај совесно, паркирај одговорно“. За време на превентивна активност во непосредна комуникација со пешаците и возачите им беше укажувано дека треба да бидат одговорни како учесници во сообраќајот. На пешаците им беа делени летоци со едукативна содржина. На 20.11.2026 на повеќе места во централното градско подрачје во Штип, полициски службеници од полициско одделение за безбедност на патниот сообраќај Штип реализираа едукативна кампања под мотото „Биди подготвен за безбедно патување во зима“, којa се реализираше со лична средба на граѓаните (возачите), на кои им беа поделени летоци со едукативна содржина, а им беше и укажано за важноста на поседување и носење задолжителна зимска опрема во возилата. На 20.11.2026 полициски службеници од полициска станица за безбедност на патниот сообраќај Кочани во OУ „Никола Карев“ во с. Тркање, кочанско на учениците од прво одделение им одржаа едукативно предавање со цел запознавање со основните сообраќајни правила и прописи, значењето на одредени сообраќајни знаци, а воедно им беше укажано и како правилно да се однесуваат како учесници во сообраќајот. На 20.11.2026 полициски службеници од ОВР Делчево, РЦ за ГР Исток и Полициско одделение Македонска Каменица реализираа превентивна активност „Заштита од телефонски измами“. Превентивната активност беше реалзизирана во Пензионерскиот дом во Делечво која имаше за цел подигање на свеста за препознавање и спречување на телефонски измами. На граѓаните им беше укажано да бидат внимателни при повици од непознати лица кои бараат пари со лажно тврдење дека член на нивносто семејство доживеал сообраќајна незгода или се наоѓа во болница. Апел беше упатен да не даваат пари на непознати лица, да ги проверуваат информациите преку директен контак со членовите на семејството и секој сомнителен повик да го пријават на 192 или 112. На истите им беа поделени едукативни летоци. На 20.11.2026 полициски службеници од полициска станица Делчево присуствуваа на состанок на Општински совет за превенција од детско престапништво, каде беше појаснето дека во текот на една учебна година се реализираат и спроведуваат превентивни активности во сите средни и основни училишта во град Делчево каде се одржуваат едукативни предавања на повеќе теми и тоа: Стоп за меѓуврсничко насилство-стоп за булинг и сајбербулинг, безбедно користење на интернет и социјални мрежи, стоп за алкохолот, никотинот и игрите на среќа, каде и како да се пријави насилство или закана, безбедно во сообраќајот, не користи пиротехнички средства и други теми. На (19.11) Полициските службеници од Полициска станица за граничен надзор и гранични проверки Деве Баир, заедно со Полициски службеници од Полициска станица од општа надлежност Крива Паланка, на подрачјето на општина Крива Паланка, реализираа превентивна активност за „Безбеден сообраќај“ преку едукативни совети, информации и делење на летоци на возачите и граѓаните на повеќе теми: „Вози одговорно“-користи зимска опрема, прилагоди ја брзината кон условите на патот, чувај го животот-стави сигурносен појас, не користи мобилен телефон додека возиш“. На возачите исто така им беше укажано за доследно почитување на сообраќајните правила и прописи, да ја прилагодат брзината кон временските услови и условите на патот и последиците од нивно непочитувањето. Денеска (20.11) и вчера (19.11) полициските службеници од ОВР Прилеп, ОВР Ресен, ОВР Демир Хисар, ОВР Македонски Брод, ОВР Демир Хисар и полициското одделение Ропотово во централните градски подрачја и излезите од градовите на возачите на моторни возила им поделија едукативни летоци, изработени во соработка со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата, со пораки за одговорно управување на возилата во зимски услови и согласно позитивна законска регулатива. Исто така, во непосредни разговори на возачите им беше укажано на правилата кои треба да се почитуваат за безбедно управување со моторно возило, за задолжителното прилагодување на брзината спрема условите на патот. Полициски службеници при Отсекот за превенција СВР Битола, во текот на вчерашниот ден во основното училиште „Крсте П. Мисирков“ во с.Бистрица, битолско реализираа работилница со совет на родители на тема врсничко и семејно насилство. На 19/20.11.2026 Одделението за превенција при СВР Скопје, реализираше три едукативни работилници и две трибина. Во ООУ „Петар Поп Арсов“ на подрачје на ПСОН Карпош, со учесници од деветто одделение реализирани се три едукативни работилници на тема „Превенција од меѓуврсничко насилство–Булинг и Сајбер булинг (насилство на социјалните мрежи)“ и превенција од зависности. Исто така со учениците од прва и втора година од СУГС „Ѓорги Димитров“ и СУГС „Орце Николов“ на подрачје на ПСОН Карпош реализирани се две трибини на тема „СТОП за меѓуврсничко насилство и превенција од зависности“. Присутните ученици преку интерактивна комуникација беа запознаени со облиците на сите видови на насилство, физичко, психичко, што претставува меѓуврсничкото насилство – булинг и сајбер булинг, облиците на агресивно однесување помеѓу младите како и за формите на асоцијални и девијантви појави – зависностите, кои сериозно ја загрозуваат безбедноста на учениците со посебен акцент на начините на препознавање, избегнување, пријавување на истите како и на законските овластувања на полициските службеници и казнените одредби согласно позитивната законска регулатива прилагодена и соодветна за возраста на учениците. На подрачјето на ПСОН Центар во соработка со РСБСП реализирана е сообраќајно превентивна активност по кампања „Биди подготвен за безбедно патување во зима“ и „ Носи појас“ која се реализираше преку средби со граѓаните (возачите) , на кои им беа поделени летоци со едукативна содржина, а им беше укажано за важноста на поседување и носење задолжителна зимска опрема, како и задолжително носење на безбедносен појас, со цел зголемување на севкупната безбедност во сообраќајот. На подрачје на ПСОН Аеродром реализирана е превентивна активност во делот на имотни деликти – „Внимавај, Телефонски измами“ со цел подигнување на свеста кај граѓаните за препознавање и спречување на телефонски измами. Денеска (20.11.2026) во Приватното училиште ,,Мариф“ и Средно економско училиште ,,8-ми септември" во Тетово, Отсекот за превенција при СВР Тетово продолжи со превентивно-едукативниот проект под мотото ,,Учам-Полагам-Возам" во која се предвидени предавања за учениците од трета година од средните училишта, со цел подобрување на безбедноста и подигнување на сообраќајната култура кај младите. Сообраќајната едукација и градењето правилни навики уште од најрана возраст се основниот пат кон долгорочна безбедност на патиштата. За време на предавањето, учениците беа запознаени со позначајните сообраќајни правила и прописи, законските обврски за носење заштитна опрема, но и со предвидените казнени одредби за прекршоците. Главната цел на овие активности е градење взаемна доверба помеѓу полицијата и младите, подигнување на нивната свест како идни возачи, како и директно намалување на бројот на сообраќајни незгоди и последиците од нив на подрачјето на СВР Тетово Тагови: Превентивни активности Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМВР предупредува на опасна он-лајн група „764“- која таргетира деца и малолетници15:00Во 13 часот протест пред Владата против родово базирано насилство08:49Нови пријави за сексуално насилство врз деца: Дали казните и законските рокови ги штитат жртвите?15:08Кривични пријави за два слуачи поврзани со силување деца08:55На бебе му бил повреден прст на Гинекологија при вадење инфузија – ГАК отвора дисциплинска постапка15:08
Нови пријави за сексуално насилство врз деца: Дали казните и законските рокови ги штитат жртвите?15:08
На бебе му бил повреден прст на Гинекологија при вадење инфузија – ГАК отвора дисциплинска постапка15:08
МакедонијаОд понеделник, продолжуваат дијагностичките испитувања за болеста бруцелоза кај говедатаАгенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) излезе во пресрет на барањата на ветеринарните друштва, изнесени на неодамна одржаниот мирен протест пред Агенцијата, за продолжување на дијагностичките испитувања за болеста бруцелоза кај говедата. Почнувајќи од понеделник 23.11.2026 година, Факултетот за ветеринарна медицина – Скопје, ќе продолжи со спроведување на испитувањата за оваа болест кај говедата, активност со која ќе се реализираат предвидените мерки со Програмата за здравствена заштита на животните за годинава. За реализирање на овие активности, Агенцијата и Факултетот, во интерес на одгледувачите на животни и заштитата на јавното здравје, најдоа решение и склучија договор за донација, со кој се овозможи континуирано вршење на овој тип лабараториски испитувања, кои за сточарскиот сектор, потрошувачите и економијата се од исклучително големо значење. Целта на испитувањата е дијагностицирање, следење контрола и спречување на појава и ширење на болеста бруцелоза кај говедата, ставање во промет на здрави животни и нивни производи и заштита на јавното здравје. Агенција за храна и ветеринарствоТагови: АХВ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМВР предупредува на опасна он-лајн група „764“- која таргетира деца и малолетници15:00Во 13 часот протест пред Владата против родово базирано насилство08:49Нови пријави за сексуално насилство врз деца: Дали казните и законските рокови ги штитат жртвите?15:08Кривични пријави за два слуачи поврзани со силување деца08:55На бебе му бил повреден прст на Гинекологија при вадење инфузија – ГАК отвора дисциплинска постапка15:08
Нови пријави за сексуално насилство врз деца: Дали казните и законските рокови ги штитат жртвите?15:08
На бебе му бил повреден прст на Гинекологија при вадење инфузија – ГАК отвора дисциплинска постапка15:08
МакедонијаОлимпискиот дух во училиштето: МОК го одбележа Светскиот ден на детето со учениците од ООУ „Владо Тасевски“Македонскиот олимписки комитет (МОК), во соработка со ООУ „Владо Тасевски“ од општина Карпош, денеска го одбележа Светскиот ден на детето со програма посветена на играта, дружењето и олимписките вредности.По тој повод, претседателот на МОК, Даниел Димевски и Петар Спасеновски, раководител на Секторот за спорт и спортски прашања при МОК, ги посетија учениците, кои им приредија пречек пред училиштето. Средбата беше одбележана и со симболична размена на подароци меѓу Димевски и директорот на училиштето. Во свечениот дел беа претставени ликовната изложба „Олимписки вредности низ очите на децата“ и расказ на тема спорт, олимпизам, етика и фер-плеј, кој го прочитаа ученици. Преку интерактивен дел, учениците се запознаа со олимписките вредности – пријателство, почит и извонредност. Спортските активности свечено беа отворени со пуштање балони во олимписките бои. „Олимпизмот не е само за врвни спортисти што се натпреваруваат пред целиот свет. Олимпизмот е начин на живот“, порача претседателот Димевски пред учениците. Тој ги потсети дека вистинската вредност е во трудот, упорноста и желбата да бидеме подобри од денес, а не од другите.„Не ме интересира кој ќе победи, туку кој ќе ужива, кој ќе му помогне на другарот и кој ќе покаже фер-плеј“, додаде Димевски. Потоа следеа спортски натпревари – одбојка во мешани екипи од 6. до 9. одделение и мини-турнир во фудбал, додека помладите ученици учествуваа во штафетни трки и други спортски игри. МОК му донираше на училиштето спортска опрема – топки за фудбал, кошарка и одбојка. Со ваквите активности, МОК ги доближува олимписките вредности до најмладите и го поттикнува спортот како дел од секојдневниот живот на децата.Тагови: МОК Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМВР предупредува на опасна он-лајн група „764“- која таргетира деца и малолетници15:00Во 13 часот протест пред Владата против родово базирано насилство08:49Нови пријави за сексуално насилство врз деца: Дали казните и законските рокови ги штитат жртвите?15:08Кривични пријави за два слуачи поврзани со силување деца08:55На бебе му бил повреден прст на Гинекологија при вадење инфузија – ГАК отвора дисциплинска постапка15:08
Нови пријави за сексуално насилство врз деца: Дали казните и законските рокови ги штитат жртвите?15:08
На бебе му бил повреден прст на Гинекологија при вадење инфузија – ГАК отвора дисциплинска постапка15:08