Гвардиола: Ни требаше оваа победа, по Нова година ќе биде подобро - Канал 5

Гвардиола: Ни требаше оваа победа, по Нова година ќе биде подобро

Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола изрази задоволство од успехот на неговиот тим над Лестер со 2:0. 

Гвардиола: Ни требаше оваа победа, по Нова година ќе биде подобро

Ова беше прв успех за „граѓаните“ во последните два месеци, на средбата број 500 за Каталонецот на чело на шампионот на Англија.

-Ни требаше оваа победа. Не се претставивме најдобро, но да се надеваме дека со победите ќе успееме да се прикажеме во подобро светло. Победата беше важна и бидејќи второто полувреме беше многу рамноправно и тешко. Ја немавме потребната енергија да ги одиграме сите 90 минути на високо ниво, но се надеваме дека во новата година ќе можеме подобро да одговориме, изјави Гвардиола по мечот.

Според Каталонецот, Сити е во ситуација кога резултатите се најважни и единствено на што размислуваат е освојување на бодови.

-Денес работите испаднаа добро, а сега имаме домашен меч пред нас. Ни олесна. Тоа е зборот што најдобро опишува како се чувствуваме. Постигнавме неверојатни работи, но сега се бориме да победиме во натпреварите и полесно ни е, додаде тој.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Четворица дилери на дрога се уапсени во Куманово

Претрес во Куманово, пронајдена дрога, лишени од слобода четири лица.

Четворица дилери на дрога се уапсени во Куманово

На 25.07.2026, полициски службеници од СВР Куманово ги лишија од слобода Д.И.(55), М.И.(26), Р.А.(50) и А.П.(46), сите од Куманово. При претрес во домот на Д.И., извршен со судска наредба во 14:00 часот, кој не бил дома, а биле затекнати неговиот син М.И., неговиот пријател Р.А. и пријателката А.П., биле пронајдени и одземени прашкаста материја, дигитална вага, предмети со остатоци од бела прашката материја, метадон и други предмети.

По преземени мерки, во 17:30 часот на Спомен костурница во Куманово бил пронајден и Д.И. и кај него биле пронајдени и одземени предмети со остатоци од прашкаста материја, дробилка и други предмети. По целосно документирање на случајот, против нив ќе следува соодветна пријава, соопшти МВР.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски: Владата продолжува со силна поддршка за развој на Скопје, следува набавка на нова комунална опрема и електрични автобуси

„Јас сакам само да упатам честитки на работата на градоначалникот бидејќи би рекол за овие неколку месеци се направија големи чекори во проекти коишто беа до никаде.“

Мицкоски: Владата продолжува со силна поддршка за развој на Скопје, следува набавка на нова комунална опрема и електрични автобуси

„Јас сакам само да упатам честитки на работата на градоначалникот бидејќи би рекол за овие неколку месеци се направија големи чекори во проекти коишто беа до никаде, односно беа заглавени и со посветена работа, можам да кажам дека за овие неколку месеци откако Орце е градоначалник се гледа огромен напредок, еве како што самите слушнавте до Нова година очекуваме не само овој проект туку уште други 2, па и би рекол 3 проекти ќе бидат завршени.

Тука би сакал уште еднаш да додадам дека Градот Скопје од Владата исто така треба да добие до Нова година камиони, цистерни и метларки за подобра хигиена. Тендерот тука е завршен, мислам и дека оние формални процеси со царина и слично се завршени.

Таму некаде до крајот на август месец денеска разговарав со потпретседателот на Влада и министер за транспорт ќе можеме да направиме промоција и на таа опрема се разбира бидејќи таа опрема нема да добие само Скопје туку и уште неколку други поголеми општини низ државата, исто така сега е процесот на жалби.

Очекувам и тој да заврши како процес и да се добијат новите автобуси електрични што исто така ќе ги добие Градот Скопје, но и другите општини низ државата, така што се интензивираат активностите, се работата проектите, се реализирано она коешто е ветено.

За жал, не можеме преку ноќ сето она коешто со децении е уништувано да го поправиме, но се разбира со фокусирана работа, со посветена работа гледате дека и тие работи што се невозможни стануваат реалност и стануваат возможни.

Благодарам на советниците коишто ја поддржуваат работата на градоначалникот, на администрацијата на Град Скопје, на колегите од Владата, на сите коишто се вклучени во реализирањето на овие проекти, тука пред сè мислам на градоначалниците во Градот Скопје.

Ние како Влада ќе продолжиме и понатаму да ги поддржуваме општините, а јас сум убеден дека Орце онаков каков што е карактер, уште попосветено, иако и сега е максимално посветен, уште попосветено ќе продолжи да ги реализира проектите коишто наумил да ги реализира, а се приоритет на Скопје.“, рече премиерот Христијан Мицкоски при увидот на градежните работи на клучката Момин поток во Скопје.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Пожарот во Франција се приближува до Бордо- пожарникарите користат нова метода во гаснењето (ВИДЕО)

Илјадници луѓе беа евакуирани од периферијата на Бордо, бидејќи големите шумски пожари во југозападна Франција се приближуваа кон градот. 

Пожарот во Франција се приближува до Бордо- пожарникарите користат нова метода во гаснењето (ВИДЕО)

Француската војска, исто така, се приклучи во борбата против невидениот пожар, со воен транспортен авион Ербас А400М кој беше распореден за прв пат. Снимен е како испушта 20 тони хемиски ретардант за да го спречи ширењето на пожарот, објави Јутарњи.

Објавените снимки го покажуваат авионот како лета ниско над загрозената шумска област додека испушта црвена мешавина од ретардант за пожар, обидувајќи се да го пресече патот на пожарот што се заканува да се прошири во нови населби.

Црвениот ретардант - мешавина од вода, хемиски средства за ретардант за пламен и пигмент - не се користи за директно гаснење на пламенот, туку се прска врз вегетацијата пред фронтот на пожарот за да се намали запаливоста на растенијата и да се забави напредокот на пожарот. Пожарот моментално е на околу 30 километри од Бордо, познат центар за одгледување вино и клучен транспортен центар за туристи на атлантскиот брег.

Францускиот министер за внатрешни работи Лоран Нуњез изјави дека рекордни 98.000 хектари земја се изгорени во Франција досега оваа година во пожарите, предизвикани од интензивниот топлотен бран низ Европа.

„Очекуваме долга и тешка битка“, предупреди Нуњез, додека францускиот премиер Себастијан Лекорну рече дека пожарите достигнале невидени нивоа. Властите ги евакуираа жителите од општините Ле Агебланш, Ејсин и Мерињак, а вкупно 167.000 луѓе се евакуирани од поширокиот регион Жиронд досега.

На возачите и патниците на возот им е советувано да ја избегнуваат областа. Според климатскиот монитор на Ројтерс, просечната температура во поширокиот регион Аквитанија во јули била 32,2°C, 7,3°C над повеќегодишниот просек.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер