Гвардиола: Некој може да плати 300 милиони за Меси - Канал 5

Гвардиола: Некој може да плати 300 милиони за Меси

Менаџерот на Манчестер Сити Пеп Гвардиола верува дека е реално да се активира клаузулата за откуп од 300 милиони евра за најдобриот фудбалер на Барселона, Лионел Меси.

Гвардиола: Некој може да плати 300 милиони за Меси

Аргентинецот се уште не го продолжил договорот со каталонскиот клуб, иако тоа беше најавена, а „граѓаните“ сакаат да го искористат чекањето и да направат рекорд трансфер.

- Не знам кој би можел да ја активира таквата опција, но сигурен сум дека има клубови што ги имаат тие пари и кои сакаат да ги потрошат. Мислам дека може да се случи Меси да ја напушти Барселона, изјави Гвардиола.

Токму Гвараниола е една од причините поради кои Меси би дошол во Сити, бидејќи тие се одлични пријатели, но исто така и незадоволството на Аргентинецот со потезите на неговиот сегашен клуб, како и заминувањето на Нејмар.

Петкратниот добитник на Златната топка и Гвардиола успешно соработуваа во Барселона и освоија се што можеше да се освои.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Рубио повторно вети дека САД ќе ги заштитуваат сојузниците- иранските напади стигнаа до Бахреин

Американскиот државен секретар Марко Рубио ги осуди нападите на Иран врз Бахреин за време на телефонскиот разговор со министерот за надворешни работи на Бахреин, Абдулатиф бин Рашид ал-Зајани, соопшти Стејт департментот во понеделник.

Рубио повторно вети дека САД ќе ги заштитуваат сојузниците- иранските напади стигнаа до Бахреин

„Државниот секретар ги осуди нападите на Иран врз Бахреин и ја потврди посветеноста на Соединетите Американски Држави на безбедноста на Бахреин и сите наши партнери во Заливот“, се вели во соопштението, според Ројтерс.

Иран лансираше беспилотни летала врз американските бази во Бахреин во неделата, додека Бахреин соопшти дека пресретнал и уништил неколку ирански воздушни напади.

Ова беше прв пат од септември воздушната одбрана на Бахреин да пресретне ирански напади.

Корпусот на Исламската револуционерна гарда соопшти дека нападнала американска воена база во Бахреин со шест беспилотни летала, според иранската новинска агенција Фарс, како одговор на „непријателските американски акции“.

Два дена претходно, гардата тврдеше дека нападнала американски радарски објект за рано предупредување во земјата.

Американската војска го негираше ова, наведувајќи дека пресретнала два ирански беспилотни летала и дека не е предизвикана никаква штета.

Бахреин има статус на главен сојузник на САД кој не е член на НАТО.

Конфликтот со Иран започна на 28 февруари, кога САД и Израел ја нападнаа земјата, на што Техеран одговори со напади врз Израел и земјите од Персискиот Залив каде што се наоѓаат американски воени бази.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Благодарница за министерот Ристовски за поддршката и придонесот во одржувањето на Скопскиот маратон

Министерството за спорт е покровител и еден од најголемите поддржувачи на Скопскиот маратон, препознавајќи го неговото значење не само како врвен спортски настан, туку и како значаен промотор на Скопје и Македонија на меѓународната спортска сцена.

Благодарница за министерот Ристовски за поддршката и придонесот во одржувањето на Скопскиот маратон

Во име на организаторите на Скопскиот маратон, генералниот секретар на Сојузот на спортови на Скопје, Гордана Кузмановска Николовска денеска му врачи благодарница на министерот за спорт, Борко Ристовски, како признание за неговата посветеност, поддршка и заложба за континуирано одржување на оваа традиционална спортска манифестација.

Министерството за спорт е покровител и еден од најголемите поддржувачи на Скопскиот маратон, препознавајќи го неговото значење не само како врвен спортски настан, туку и како значаен промотор на Скопје и Македонија на меѓународната спортска сцена.

Министерот Ристовски изрази благодарност за доделеното признание, нагласувајќи дека поддршката за Скопскиот маратон претставува дел од определбата на Министерството за спорт да ги поддржува спортските манифестации кои придонесуваат за развојот и афирмацијата на спортот, поттикнуваат здрави животни навики и ја промовираат државата.

„Скопскиот маратон е многу повеќе од спортски настан. Тој е симбол на истрајноста, спортскиот дух и заедништвото, но и значаен начин за промоција на Скопје и Македонија. Ова признание го прифаќам како признание за заедничката посветеност и поддршка на сите кои придонесуваат за неговото успешно одржување. Министерството за спорт и во иднина ќе продолжи да дава силна поддршка на овој настан и на сите иницијативи кои го приближуваат спортот до граѓаните и значат промоција на државата“ - истакна министерот Борко Ристовски.

Министерството за спорт останува посветено на поддршката на спортските настани кои имаат долгорочно значење за развојот на спортската култура, масовноста и меѓународната афирмација на македонскиот спорт.

Министерство за спорт

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Прес-конференција на директорите на БЈБ и АНБ: Разоткриена иранска прокси мрежа инволвирана во планирање на терористички напад

Прес конференција на директорот на БЈБ Александар Јанев и директорот на АНБ Бојан Христовски.

Прес-конференција на директорите на БЈБ и АНБ: Разоткриена иранска прокси мрежа инволвирана во планирање на терористички напад

​Агенцијата за национална безбедност континуирано ги следи состојбите поврзани со глобалните безбедносни закани и предизвици со кои се соочува Европа и регионот во изминатиот период.

Од почетокот на 2026 година Агенцијата во соработка со грчката национална разузнавачка агенција и други партнерски служби, но и во координација со МВР-БЈБ на национално ниво преземаше активности за разоткривање на намери и планови на лица надоврзани на странски/ирански фактори, за извршување на терористички акти.

Во таа насока Агенцијата презеде сет од оперативно-технички и аналитички активности со цел разоткривање на прокси мрежа од земјава, надоврзана на иранскиот државјанин Edris Jahangiri Mavaneh, издиференциран како лице поврзано со други прокси актери на иранските безбедносно-разузнавачки служби, вклучително и негова поврзаност со нарко босот Naji Sharifi Zindashti.

Во однос на македонската мрежа, станува збор за лица етаблирани во криминални структури во земјава, кои по директни насоки на иранскиот државјанин преземаа подготвителни логистички активности за извршување на терористички акт/атентат врз лице во Грција.

Во координација и размена со странски партнерски служби беше разоткриен нивниот modus operandi, за одржување на конспиративни средби на територија на трети земји, вклучително и Иран, при што беа потврдени конекциите со иранскиот државјанин, кој е главен носител на планираната терористичка акција. Информациите укажуваат дека станува збор за лице кое има широка мрежа на прокси актери и контакти со лице од висок интерес за безбедносните служби, односно истиот е соработник на иранските безбедносно-разузнавачки служби.

Ваквите конекции, како и фактот дека изминатиот период повеќе земји се соочија со терористички закани и напади од страна на ирански прокси актери, е во корелација со обидите на иранските разузнавачки служби за нивно затскривање преку криминални прокси мрежи во трети земји, вклучително и Македонија.

Агенцијата во рамките на своите надлежности останува фокусирана кон зачувување на националната безбедност, за што ќе продолжи со активности за детектирање и спречување на евентуални терористички закани преку прокси елементи од Иран, како и разоткривање на други лица инволвирани во ирански прокси мрежи.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер