Филипче објави нов скандал: Документи откриваат загадена вода со колиформни бактерии во болницата во Лешок
Македонскиот филм „Нема да ви се верува што се случи претходно“ ќе ја отвори својата фестивалска приказна со светска премиера во Олденбург
1Филипче објави нов скандал: Документи откриваат загадена вода со колиформни бактерии во болницата во Лешок
2Македонскиот филм „Нема да ви се верува што се случи претходно“ ќе ја отвори својата фестивалска приказна со светска премиера во Олденбург
ФудбалГвардиола најави враќање на Халанд и РодриТренерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, најави дека голгетерот Ерлинг Халанд и играчот од средниот ред Родри ќе се вратат во тимот оваа недела.Норвежанецот Халанд во моментов е најдобар стрелец во Премиер лигата со 11 голови, далеку пред Тијаго од Брентфорд и Семењо од Борнмут, кои имаат по шест гола. Шпанецот Родри е надвор од тимот подолго време, од натпреварот против Брентфорд на почетокот на октомври поради повреда на тетивата. - Родри се враќа во тимот, но не сум сосема сигурен дали ќе биде на теренот од првата минута, изјави Гвардиола пред утрешниот дуел против Борнмут, најпријатното изненадување во сезоната во Премиер лигата досега и тим кој е на второто место на табелата. Арсенал е лидер на табелата со 22 бодови. Борнмут има 18 бодови на второто место, додека Манчестер Сити заостанува два бода и е на петтото место.Тагови: Гвардиола Родри Халанд Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЦаринска управа: Запленет златен накит вреден 1,3 милиони денари09:19Сончево со температура до 34 степени 08:31Десетици повредени граѓани, оштетени автомобили и објекти остави невремето зад себе 15:00По невремето во Скопје: Петнаесет повредени,117 оштетени патнички моторни возила, 35 оштетени покриви, 189 паднати дрва, 7 семафори, 5 пожари08:33Владата прогласи 30 дневна кризна состојба во Гостивар18:26
По невремето во Скопје: Петнаесет повредени,117 оштетени патнички моторни возила, 35 оштетени покриви, 189 паднати дрва, 7 семафори, 5 пожари08:33
МакедонијаФилипче објави нов скандал: Документи откриваат загадена вода со колиформни бактерии во болницата во ЛешокПретседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, на денешната прес-конференција обелодени нов скандал поврзан исто така со вода за пиење, но овој пат за примерок земен од Болницата за белодробни болести во Лешок. Како што кажа Филипче официјалните документи доставени од укажувачи откриваат дека во Болницата за белодробни заболувања во Лешок била регистрирана здравствено небезбедна вода за пиење, а институциите ништо немаат преземено. Филипче нагласи дека извештајот на Центарот за јавно здравје, за тестирање на водата од примерок земен во болницата, покажува сериозно отстапување од дозволените параметри. „Извештајот за тестирање на безбедноста на водата, е од примерок земен од Болницата за белодробни заболувања во Лешок. Датум на завршување на испитувањето е 13 мај. Вкупен број на колиформни бактерии во 100 милилитри вода е 51. Примерок од чешма од болницата каде што се лекуваат луѓе. 51 колиформна бактерија на 100 милилитри вода. И пишува дека не соодветствува на квалитетот на вода која што е потребна за пиење. И ова е о болницата во Лешок, на крајот на мај, а никој не реагирал. Знаат ли овие луѓе што прават? Какво е ова менаџирање на институција?“, рече Филипче На прес-конференцијата, Филипче нагласи дека ваквата неодговорност на власта директно го загрозува здравјето на граѓаните и побара итна реакција од надлежните институции. „Што е целта?Да се загрози здравјето на сите луѓе во државата.Бараме итно вонреден надзор и анализи на сите водоснабдителни станици во државата. Јавно да се објават резултатите од физичките анализи - матност, мирис и останатите параметри, од хемиските анализи - нитрати, нитрити и амонијак, како и микробиолошки анализи и податоците за хлорирањето“, рече претседателот на СДСМ, Венко Филипче. Скопје, 23.07.2026 СДСМТагови: Венко Филипче Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЦаринска управа: Запленет златен накит вреден 1,3 милиони денари09:19Сончево со температура до 34 степени 08:31Десетици повредени граѓани, оштетени автомобили и објекти остави невремето зад себе 15:00По невремето во Скопје: Петнаесет повредени,117 оштетени патнички моторни возила, 35 оштетени покриви, 189 паднати дрва, 7 семафори, 5 пожари08:33Владата прогласи 30 дневна кризна состојба во Гостивар18:26
По невремето во Скопје: Петнаесет повредени,117 оштетени патнички моторни возила, 35 оштетени покриви, 189 паднати дрва, 7 семафори, 5 пожари08:33
КултураМакедонскиот филм „Нема да ви се верува што се случи претходно“ ќе ја отвори својата фестивалска приказна со светска премиера во ОлденбургЗначаен меѓународен старт за македонскиот филм „Нема да ви се верува што се случи претходно“ дебитантско остварување на режисерот Срѓан Јаниќијевиќ.Значаен меѓународен старт за македонскиот филм „Нема да ви се верува што се случи претходно“ дебитантско остварување на режисерот Срѓан Јаниќијевиќ, кој ќе ја има својата светска премиера во официјалната конкуренција на Меѓународниот филмски фестивал во Олденбург. Од фестивалот официјално потврдија дека филмот, кој меѓународно ќе биде претставен под насловот „You Won’t Believe What Happened Before“, е избран во официјалната конкуренција и ќе се натпреварува за фестивалските награди. Фестивалот ќе се одржи од 16 до 20 септември 2026 година и повеќе од три децении претставува една од најзначајните европски платформи за независна кинематографија. Во меѓународните филмски кругови е познат како „Европскиот Санденс“, додека The Hollywood Reporter го опишува како водечки германски фестивал на независниот филм и едно од задолжителните места на европската фестивалска сцена. „Нема да ви се верува што се случи претходно“ е политички трилер со елементи на црна комедија, во чиј фокус се борбата за вистината, слободата на новинарството и обидот да се зачуваат личниот и професионалниот интегритет во општество во кое политиката, криминалот и медиумите се длабоко испреплетени. Приказната следи двајца новинари вовлечени во свет на корупција, злоупотреба на моќта, политичка хипокризија и скандали, во кој секој обид да се открие вистината носи нови морални дилеми и лични последици. Идејата за филмот е на Срѓан Јаниќијевиќ, а сценариото го потпишуваат Сашо Кокаланов и Дејан Дуковски. Главните улоги ги толкуваат Никола Ристановски и Дарја Ризова, а во актерската екипа се и Сашко Коцев, Сара Сандева и Оливер Митковски. Директор на фотографија е Дејан Димески. Филмот е финансиран од Агенцијата за филм на Република Македонија. Извршен продуцент е Сашо Пешев, а реализиран е во продукција на „Ново македонско видео“ и „Њу момент“. Според режисерот Јаниќијевиќ, едно од централните прашања што ги отвора филмот е колку е можно човек да остане „чист“ во средина во која вистината постојано се приспособува на интересите на моќниците. Сценаристот Сашо Кокаланов нагласува дека филмот не претендира да биде целосна слика на македонското новинарство, туку преку конкретна приказна отвора пошироки прашања за медиумите, политиката и општеството. Изборот во официјалната конкуренција на Олденбург му овозможува на филмот своето меѓународно патување да го започне на фестивал препознатлив по поддршката на бескомпромисни авторски гласови, независни продукции и дебитантски остварувања. Главната фестивалска награда, German Independence Award – Best Film, се доделува на најдоброто независно долгометражно остварување, а фестивалот доделува и признанија за режисерска храброст, оригиналност, дебитантски филм и актерски остварувања.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЦаринска управа: Запленет златен накит вреден 1,3 милиони денари09:19Сончево со температура до 34 степени 08:31Десетици повредени граѓани, оштетени автомобили и објекти остави невремето зад себе 15:00По невремето во Скопје: Петнаесет повредени,117 оштетени патнички моторни возила, 35 оштетени покриви, 189 паднати дрва, 7 семафори, 5 пожари08:33Владата прогласи 30 дневна кризна состојба во Гостивар18:26
По невремето во Скопје: Петнаесет повредени,117 оштетени патнички моторни возила, 35 оштетени покриви, 189 паднати дрва, 7 семафори, 5 пожари08:33
ЗабаваФото: Девојката на ВинисиусПод една од објавите на Вирџинија Фонсека на Инстаграм, посветена на нејзиниот одмор, фудбалерот остави кратка, но јасна порака: „Те сакам“.Бразилската инфлуенсерка Вирџинија Фонсека повторно го освои срцето на ѕвездата на Реал Мадрид, Винисиус. Вирџинија Фонсека е една од најпопуларните бразилски инфлуенсерки и има околу 56 милиони следбеници само на Инстаграм. 🚨 📸 The new look Vinicius Junior enjoying his vacation. ⛱️ Brazil and Real Madrid star Vinicius Jr had a chin contouring harmonization procedure at a clinic in Goiânia, Brazil, ahead of the 26/27 football season. 🇧🇷⚪ It wasn’t just the beard, the 26-year-old really changed… pic.twitter.com/4FPbuUAZPx — CloudNine Sports (@cloudninesports) July 21, 2026 Се чини дека Винисиус Жуниор и бразилската инфлуенсерка Вирџинија Фонсека повеќе не сакаат да ја кријат својата врска. По разделбата во мај оваа година, љубовта меѓу ѕвездата на Реал Мадрид и една од најпознатите инфлуенсерки во Бразил повторно се разгоре. Според бразилските медиуми, за нивното помирување придонело раното испаѓање на бразилската репрезентација од Светското првенство во 2026 година, уште во осминафиналето. Со месеци на социјалните мрежи кружат фотографии и гласини дека тие повторно се заедно, а сега Винисиус практично стави крај на сите шпекулации. Под една од објавите на Вирџинија Фонсека на Инстаграм, посветена на нејзиниот одмор, фудбалерот на Реал остави кратка, но јасна порака: „Те сакам“. Двојката раскина во мај 2026 година, непосредно пред почетокот на Светското првенство, но за време на самиот турнир, повторно се појавија гласини за нивно помирување. Дополнителни сомнежи поттикна Вирџинија кога на Инстаграм објави фотографија од букет рози и обетки изработени од омилениот дизајнер на фудбалерите на Реал Мадрид, а Винисиус на објавата реагираше со неколку емотикони во форма на срце.Тагови: Винисиус Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook