ФудбалГвардиола казнет со 20 илјади фунти поради жолтата лентаТренерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола, е казнет со глоба од 20 илјади фунти од страна на Фудбалската федерација на Англија поради носењето на жолта лента на натпреварите, во знак на поддршка на политичарите кое се залагаат за независност на Каталонија.- Тренерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола, е казнет со 20 илјади фунти и е предупреден дека во иднина ваквите активности како последица ќе имаат построга казна, соопштија од Федерацијата. Според претставниците на Фудбалската федерација на Англија носењето на жолтата лента е неприфатливо и претставува мешање на политиката во спортот. Гвардиола претходно најави дека ќе продолжи да ја носи лентата./МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЗдравјеДецентрализација на терапијата за мултиплекс склерозаЗдравствените власти започнуваат децентрализација на терапијата за мултиплекс склероза.Здравствените власти започнуваат децентрализација на терапијата за мултиплекс склероза, со што околу половина од пациентите кои живеат надвор од Скопје повеќе нема да мора секој месец да патуваат до главниот град. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски најави информирање на НАТО за бегството на Михаилова во Бугарија15:00Мицкоски: Бугарија може да стане прибежиште за криминалци,за случајот со Михаилова ќе разговараме со партнерите во НАТО и ЕУ 08:42Мицкоски: Апсолутна лага е дека Михаилова и адвокатот границата ја минале легално15:00Мицкоски: Нова инвестиција на „Кромберг и Шуберт“ и 2.000 нови работни места во Битола, за производство на Ауди12:11Мицкоски на потпишување договор за нова инвестиција08:43
Мицкоски: Бугарија може да стане прибежиште за криминалци,за случајот со Михаилова ќе разговараме со партнерите во НАТО и ЕУ 08:42
Мицкоски: Нова инвестиција на „Кромберг и Шуберт“ и 2.000 нови работни места во Битола, за производство на Ауди12:11
БалканЕскалација на студентскиот револт во масовни антивладини протести во ТиранаМаскирани демонстранти, молотови коктели и жестоки судири со полицијата. Протестите на улиците на Тирана веќе четврти ден се сцена на насилство и немири. Нападнати се министерства, банки и продавници, а полицијата интервенираше со солзавец и водни топови за разбивање на толпите. Најмалку 71 лице е приведено, додека медицинска помош побарале околу 130 лица, пренесуваат албанските медиуми. Протестите започнаа во вторникот попладнето а ескалираа десетина часа подоцна, поради незадоволството на студентите од условите во високото образование. Демонстрантите бараат пониски трошоци за студирање, подобри услови во факултетите и студентските домови, можности за вработување но и борба против корупцијата. Но, незадоволството прерасна во поширок антивладин бунт. Амбасадата на САД во Тирана ги предупреди своите граѓани да бидат внимателни и да ги избегнуваат областите погодени од протестот, истакнувајќи дека тој може да се прошири -Овој протест е за студентите, но не само за студентите туку за целиот народ на Албанија. Тие сакаат подобри услови на факултетите. Не сакаат корупција. Тие сакаат да учат. Тие сакаат подобри услови за сместување на кампусите. Граѓаните се гневни на овој систем. Треба да се промени сè, со сета корупција и криминал што се одвива во моментов. Граѓаните се гневни, треба промена на системот. -Овде сме на протести против најкорумпираната влада, која ја злоупотребува нашата животна средина, нашите национални ресурси, нашата земја, нашите заштитени области. И покрај притисокот од улиците, албанскиот премиер Еди Рама не планира да поднесе оставка. Во писмен одговор за Ројтерс порача дека владите се менуваат на демократски избори, а не со револуција. -Ова е пропаста од рацете што не се студенти, ниту имаат некаква врска со студентите. Студентите се иднината. Студентите се оние кои гледаат во иднината и кои сакаат да одат напред и подалеку брзо. Ова се други раце. Ова се рацете кои се обидуваат да ја соборат Албанија секој пат кога Албанија се обидува да оди нагоре. Ова се рацете на опозицијата која под превези на очите, со оган и железо која се стреми да ја врати Албанија назад, таму каде што Албанија никогаш нема да се врати – изјави Еди Рама – премиер на Албанија. Студентскиот бунт следува по неколкумесечните протести во земјата против изградбата на луксузен туристички комплекс на албанскиот брег, поврзан со инвестициската компанија на Џаред Кушнер, зет на американскиот претседател Доналд Трамп. Најновиот бран демонстрации, сепак, е насочен кон условите во високото образование и проблемите со кои се соочуваат студентите. Организаторите бараат подобри услови за студирање, поголема финансиска поддршка и подобри перспективи за младите по завршувањето на факултетот.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски најави информирање на НАТО за бегството на Михаилова во Бугарија15:00Мицкоски: Бугарија може да стане прибежиште за криминалци,за случајот со Михаилова ќе разговараме со партнерите во НАТО и ЕУ 08:42Мицкоски: Апсолутна лага е дека Михаилова и адвокатот границата ја минале легално15:00Мицкоски: Нова инвестиција на „Кромберг и Шуберт“ и 2.000 нови работни места во Битола, за производство на Ауди12:11Мицкоски на потпишување договор за нова инвестиција08:43
Мицкоски: Бугарија може да стане прибежиште за криминалци,за случајот со Михаилова ќе разговараме со партнерите во НАТО и ЕУ 08:42
Мицкоски: Нова инвестиција на „Кромберг и Шуберт“ и 2.000 нови работни места во Битола, за производство на Ауди12:11
МакедонијаПолитичките тензии нема да го запрат Коридорот 8: Договорен е моделот за тунелот со БугаријаЗаладените политички односи меѓу Македонија и Бугарија нема да го загрозат железничкото поврзување на двете земји, уверува вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски. Во гостувањето во „Само интервју“, тој соработката со бугарската страна ја оцени како добра и најави средба со бугарскиот колега. За изградбата на прекуграничниот тунел е договорен модел според кој проектот ќе биде изработен од Македонија, а тендерот ќе го распише Бугарија, како членка на ЕУ со можност да обезбеди повеќе европски грантови. Избраниот изведувач ќе има пет години за изградба, а целта е македонскиот дел да биде завршен до 2032 година, паралелно со тунелот и преостанатите делници на бугарска страна. -Дали овој најнов развој на тензиите и односите меѓу двете земји може да го доведе во ризик овој проект или тоа е веќе завршена работа? - Па, не очекувам. Од причина што прво се работи за исклучително важен проект, геостратешки важен проект покрај економски, Коридорот 8, железничко поврзување. И второ, јас од првиот ден зборував дека се работи за инженерски, а не за политички проблем, што и се докажа. Мислам дека духот на соработка е добар и со новиот министер за транспорт во Бугарија,- Александар Николовски – вицепремиер и министер за транспорт. Во меѓувреме, се подготвува и проектот за брзата железница што треба да ја поврзе Македонија со Грција и Србија. Николоски соопшти дека во август биле добиени сите шест потребни студии и дека доколку се исполнат предусловите, градежните работи би можеле да почнат напролет. За втората половина на ноември и почетокот на декември најави средби на високо ниво во Лондон, уверувајќи дека промената на британската влада не ја довела во прашање соработката. Николоски најави и дека во план е реконтрукција и електрификација на пругата Велес-Битола за што се очекува да се обезбедат средства преку програмата ИПА 3, по што ќе следат тендерска постапка и избор на изведувач. Паралелно, со Светска Банка и ЕБОР се договара набавка на нови електрични локомотиви и патнични возови. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter