Гувернерот Славески со директна закана за затворање на „Канал 5“ по примерот на „А1“ - Канал 5

Гувернерот Славески со директна закана за затворање на „Канал 5“ по примерот на „А1“

По непримерното однесување кон Канал 5, по прилозите за задоцнетиот избор на вицегувернери во НБРМ, гувернерот Трајко Славески оди чекор подалеку.. 

Гувернерот Славески со директна закана за затворање на „Канал 5“ по примерот на „А1“

Гувернерот Трајко Славески упатил директни закани за затворање на Канал 5 Телевизија кон директорот Иван Мирчевски, откако емитувавме низа прилози за случајот со вицегувернерите кои неколку месеци носелел одлуки во Советот на НБРМ со истечен мандат.. Настанот се случил во четвртокот, на приемот организиран од Делегацијата на Европската Унија, по повод 9 мај - денот на Европа...

Мирчевски сведочи дека Славески пред повеќе сведоци најпрво го запрашал дали се сеќава што се случило со телевизијата на Велија Рамковски, која во тоа време се обидувала да ја урне Владата, потоа заканувајки му се дека доколку продолжи така, тоа ќе и се случи и на Канал 5 Телевизија.

„Токму на тој ден, Трајко Славески ми пријде и ми рече отприлика вака: дали сум се сеќавал дека како мене и сопственикот на Канал 5 постоел еден друг мангуп во историјата на медиумите, се викал Велија Рамковски, кој што сакам исто како наводно ние што сме сакале да ја рушиме владата, во овој случај владата и него и завршил така како што завршил и со наравоучение од негова страна, дека ако продолжиме истото ќе ни се случи. На моја запрепастеност господинот Трајко Славески ова го кажа во присуство на неколку новинари и за негова несреќа во присуство на лидерот на СДСМ токму оној кој што му стегна кривична пријава за злоупотреба на службена позиција.“

Претседателот на СДСМ Венко Филипче потврди дека ги слушнал заканите упатени кон Мирчевски и изрази жалење за односот на Славески. Сепак, вели не е изненаден што такви зборови доаѓале од човек, кој како што рече, додека претседавал со Советот на Град Скопје целосно го блокирал градот.

„Да, така беше го слушнав, имаше и други новинари тука во околината. Жалам што еден човек на таква фукција висока така се однесува и така разговара, но не ме изненадува. Човек кој што го блокираше градот да потоне во ѓубре и ништо да не се случи 4 години, тоа е тоа. А за таквите луѓе има само една порака. Тие луѓе претставници на таква власт како имаме сега завршуваат на буништето на историјата.“

Од Народна банка велат дека не сакаат да коментираат, како што велат, наводи за приватни разговори или интерпретации на настани кои се изнесуваат во јавноста..

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Џеј Ло во тесно трико ги истакна облините

Што промени светската музичка ѕвезда,  Џенифер Лопез во исхраната и рутината за вежбање за да изгледа  вака супер на 57 години.

Фото: Џеј Ло во тесно трико ги истакна облините

Папарацо-фотографиите го открија нејзиното совршено тело.

Мегапопуларната Џеј Ло со децении редовно вежба, но во текот на изминатата година значително ги промени својата исхрана и рутината за вежбање.

Дефинитовно оваа промена вродила со плод и сега жешката Латиноамериканка изгледа подобро од било кога.

Новите папарацо-фотографии од Џенифер Лопез во црно трико за вежбање и со чаша вода во рацете би можеле да бидат одлична мотивација за секоја жена.

Сепак, тешко е да се поверува дека оваа жена има 57 години и е мајка на две возрасни деца.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Видео-фото: Најпознатата плус сајз манекенка гордно го покажа телото: Вака изгледа мојот живот

Најпознатата плус сајз манекенка, Ешли Греам, се прослави токму по своите прекрасни облини, но и по храброста да ги покаже во секоја прилика – дури и пред оние што ја пречекуваат „со нож“. 

Видео-фото: Најпознатата плус сајз манекенка гордно го покажа телото: Вака изгледа мојот живот

Познатата убавица сега објави видео на Инстаграм во кое прикажа различни сцени, но и моменти од различни периоди на нејзиниот живот.

На него таа позира во бикини, поминува време со своите деца, ужива во бременоста и вежба, а пораката што сакаше да ја пренесе е дека телото на секого се менува и дека тоа е сосема нормално.

https://www.instagram.com/reel/DeO4MOMznWf/?utm_source=ig_embed

„Секако дека телото ми се менува. Вака изгледа мојот живот. Не би сакала ништо да биде поинаку“, напиша таа покрај видеото.

Нејзината објава предизвика лавина реакции за многу кратко време и сите го поздравија овој потег. Во коментарите ѝ упатија зборови на поддршка и ѝ се заблагодарија за искреноста.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Еврото падна на најниско ниво во однос на доларот во последните 17 месец

Еврото падна на најниско ниво во последните 17 мсеци во однос на американскиот долар под притисок на растечките стравувања за јавниот долг на Франција, растот на цените на енергенсите и неизвесноста на финансиските пазари.

Еврото падна на најниско ниво во однос на доларот во последните 17 месец

На 5 октомври, европската валута се спушти на околу 1,12 долари, продолжувајќи го падот што од почетокот на 2026 година достигна приближно пет проценти. Аналитичарите оценуваат дека инвеститорите сè повеќе ги преиспитуваат ризиците поврзани со европската економија, но и очекувањата за каматната политика на американските Федерални резерви.

Особена загриженост предизвикува Франција, чиј јавен долг достигна речиси 118 проценти од бруто домашниот производ, додека буџетскиот дефицит останува висок. Растот на приносите на француските државни обврзници покажува дека задолжувањето на земјата станува поскапо, а дел од инвеститорите се насочуваат кон германските обврзници, кои се сметаат за посигурна инвестиција.

Слабеењето на еврото создава дополнителен ризик од инфлација, бидејќи увозот на нафта, гас и други производи што се плаќаат во долари станува поскап. Тоа може да изврши дополнителен притисок врз цените во Европа.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер