МакедонијаГувернерот Славески нема намера да поднесе оствка по случајот вицегувернери со истечен мандат во НБРМНаместо да го одговори на прашањето зошто не е испочитуван законот и дури сега ги испрати своите предлози до Собранието, Славески го оцени како тенденциозно.Гувернерот Трајко Славески, кој со своето работење поврзано со изборот на нови вицегувернери ја доведе во прашање сопствената репутација, денеска прв пат се појави во јавност, откако Канал5 го објави случајот со двете вицегувернерки кои и 5 месеци по истекот на нивниот мандат, на 22 октомври лани, работат и одлучуваат во Советот на НБРМ, иако Законот на НБРМ стрикно предвидува не подоцна од 2 месеци по истекот на мандатите, да бидат избрани нови... но наместо да го одговори на прашањето зошто не е испочитуван законот и дури сега ги испрати своите предлози до Собранието, Славески го оцени како тенденциозно... Тој тврди дека нема прекршување на законот, посочувајќи го ставот 3 од истиот член 55 кој превидува вицегувернерите да продолжат да работат до изборот на нови, иако членот во целост наведува дека тоа може да биде најмногу 2 месеци, а не неограничено како што го толкува. „Дали одлуките на советот се легитимни и легални, со оглед дека мандатот на вицепремиерките се истечени во октомври? – Прочитајте го ставот три од членот на законот за НБРМ, ова ви го кажувам по 10ти пат. Ако некој не знае да чита, да му го прочитаме. Таму стои, се до изборот на нови вицегувернери, постојните ги имаат истите овластувања. Но, законот не е испочитуван, „не повеќе од два месеци за избор на нови“ – тоа истече во декември, три месеци веќе го пробивате рокот, законскиот? Да, ама читајте го ставот три, ова прашање е апсолвирано, чекаме на парламентот. Дали има друго прашање – Дали чувствувате одговорност зошто чекавте Зошто чекавте повеќе од половина година за огласот, а тој истечен? Добро, за ова разговарајте со вашиот уредник и прашајте го кои се мотивите за овој напад врз централната банка, јас многу добро ги знам. – Легитимни прашања се дали сте ги исполниле вие вашите законски обврски. – Ако може да одговорите? Не, одговорив.“ Иако очигледно законот не е испочитуван, простор за одговорност гувернерот во своите постапки не гледа... Тој тврди и дека предлозите за нови вицегувернери ги испратил до Собранието пред да ги добие прашањата од Канал 5, иако од Собранието кажаа дека ги добиле истиот ден – 17 март.. Дали предлзоите се Игор Велкичковски и една од вицегувернерките со истечен мандат– Ана Митревска, не сакаше да потврди.. „Оставка ќе поднесете? Оставка дали ќе поднесете? Од што? Од позицијата во која што ги пробивте законските рокови? Сериозен сте? Сериозен сте? Одговорете вие, не мене да ме прашате? Не, дали сте сериозен со прашњето – Вие одговорете – Не, нема да поднесам. Може уште едно прашање? – Не може. Зошто половина година чекавте да предложите нови кандидати(од огласот)? Ве обвинуваат за партизација на НБРМ. – Кога ќе ги слушнете имињата на вицегувернерите ќе видите дека сте во заблуда.“ Предложените вицегувернери, ќе се најдат пред пратениците директно на пленарна седница, што се очекува на почетокот од април, без претходни за истите да се расправа на комисиска сендица, информираат собраниски извори.. Во меѓувреме, опозициската СДСМ повторно обвини за партизацијата на процесот, а претседателот на партијата Филипче побара одговорност од Славески. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ТехнологијаДобри вести за гејмерите: „Nintendo“ донесе одлука за која сите зборуваат„Nintendo“ објави дека нема намера да се откаже од издавањето физички копии на игри, иако индустријата сè повеќе се насочува кон дигитални содржини.Компанијата изјави дека останува посветена на тоа да им понуди избор на играчите на конзолата „Nintendo Switch 2“, поддржувајќи ги и физичките касети и дигиталните преземања. Во разговор за „YouTube“ каналот „Coelho no Japão“ за време на настанот „Brasil Game Show“, Бил ван Зијл, потпретседател на „Nintendo“ и генерален директор за Латинска Америка, беше прашан за ставот на компанијата по ова прашање и дали таа останува посветена на физичките медиуми. „Знаете, историски гледано, секогаш сме биле прилично флексибилни во однос на ова, нели? Се водиме според преференциите на потрошувачите и сериозно ги земаме предвид“, објасни тој. „Исто така, имаме платформа што штотуку е лансирана. Што се однесува до конзолата „NS2“, поминаа само нешто повеќе од една година од почетокот на нејзината ера. Таа нуди две опции – знаете, и дигитална и физичка.“ Потоа, Ван Зијл директно одговори на прашањето: дали „Nintendo“ има намера да се откаже од физичките изданија? „Значи, нема планови за напуштање на физичките изданија. Знаеме колку фановите ги сакаат. Така што, да – нашиот став е да останеме флексибилни.“ Иако Ван Зијл јасно стави до знаење дека „Nintendo“ моментално нема планови да престане со издавање физички игри, сепак не ја исклучи целосно можноста тоа да се промени во иднина. Покрај физичките игри, „Switch 2“ користи и картички од типот „Game-Key“ – еден вид хибриден медиум кој не ја содржи целосната игра, туку клуч за нејзино преземање од интернет. За да се играат вакви игри, касетата мора да остане во конзолата, дури и откако играта ќе биде преземена. Извор: Б92Тагови: Nintendo Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветТрамп му дава безусловна поддршка на Нетанјаху: „Тој беше силен, храбар и брилијантен“Aмериканскиот претседател Доналд Трамп ја изрази својата поддршка за својот сојузник, Бенјамин Нетанјаху, во пресрет на претстојните парламентарни избори во Израел.Поддршката на Трамп за Нетанјаху „Биби Нетанјаху беше силен, храбар и брилијантен соочен со огромен отпор – вклучително и отпор од внатрешноста на самиот Израел“, напиша Трамп во објава на платформата „Truth Social“. „Ова е токму оној вид партнер што Соединетите Држави го бараат во Израел – земја за која направија толку многу. Нека оваа порака послужи како израз на мојата целосна и безусловна поддршка за Биби Нетанјаху во претстојната трка за реизбор за премиер на Израел.“ Избори по две години војна Националните избори во Израел се закажани за 27 октомври – први по нападот на Хамас на 7 октомври 2023 година. Тој настан ја потресе нацијата и го втурна Блискиот Исток во хаос, вовлекувајќи го Израел во војни во Газа, Либан и со Иран. Исходот од изборите би можел да одлучи дали Нетанјаху ќе остане на власт по еден од најкритичните периоди во израелската историја, или пак ќе биде поразен од ривали од центарот кои ветуваат почеток на нова ера. Извор: Индекс.хрТагови: Доналд Трамп Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Многу веројатно ќе има втор круг, водство има кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ21:00Затворени гласачките кутии - добива ли Брвеница градоначалник или ќе се оди во втор круг?20:49ДИК: Излезноста во Брвеница до 18 часот е 44.57%, пристигнати се 10 приговори19:01Брвеница избира градоначалник – шестмина кандидати во трка за функцијата18:28Брвеница избира градоначалник – шестмина кандидати во трка за функцијата15:36
МакедонијаМицкоски: Многу веројатно ќе има втор круг, водство има кандидатот на ВМРО-ДПМНЕПрес-конференција за медиуми на која се обрати претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter