Гувернерот Славески и покрај реакциите на новинарските здруженија продолжува со напади врз Канал 5 и новинарите - Канал 5

Гувернерот Славески и покрај реакциите на новинарските здруженија продолжува со напади врз Канал 5 и новинарите

И покрај реакциите од новинарските здруженија, да се воздржи од етикетирање и омаловажување на медиумите, гувернерот на Народна Банка, Трајко Славески продолжи со јавни напади врз Канал 5 телевизија и нејзините новинари.

Гувернерот Славески и покрај реакциите на новинарските здруженија продолжува со напади врз Канал 5 и новинарите

Иако првиот човек на македонската Централна банка – Трајко Славески, беше повикан од новинарските здруженија да покаже почит и транспарентност кон новинарите и да се воздржи од омаловажување и етикетирање на медиумите, во телевизиско гостување Славески продолжи со јавни напади врз националната телевизија Канал 5 и нејзините новинари. Во емисијата Трилинг, Славески своето поведение кон новинар на Канал 5, кое новинарската фела веќе го оцени како потценувачко и недозволиво, тврди дека било „одговор на насилство„.

Новинар: Имаше ли потреба за таков обид за дискредитација на седмата сила?

Трајко Славески: Немало обид за дискредитација, тоа е одговор на едно насилство од страна на ваш колега, кој што прекинува собир каде што гувернерот дава на дадена тема одговори на прашања. Јас одговорив на сите негови прашања.

Новинар: Кои се мотивите за атакот, како што рековте, врз Централната банка? Бидејќи на прес конференцијата рековте дека има атак врз Народната банка?

Трајко Славески: Добро, ќе се откријат а мислам дека вашата фела може да ги претпостави бидејќи доаѓаат од само една медиумска куќа.

Славески пред три дена беше прашан за случајот со двете вицегувернерки кои и пет месеци по истекот на нивниот мандат на 22 октомври минатата година работат и одлучуваат во Советот на НБРМ, но наместо да даде одговор, тој прашањето го оцени како тенденциозно.

„Добро за тоа разговарајте со вашиот уредник и прашајте го кои се мотивите за овој напад на Централната банка, јас многу добро ги знам. Ви кажуваме по 10ти пат. Дали има прашања во врска со темата? – Не, ви одговорив. “

Сепак, за дел од адвокатската фела, законските одредби кои го определуваат рокот за постапување како обврска на гувернерот се јасни, а функционирањето на Народната банка со состав кој може да биде правно оспорен, значи дека е потребна и ревизија на донесените одлуки во спорниот период.

„Определениот рок не може да се пробива, односно секое пробивање на таквиот рок од страна на оној кој има таква обврска да го испочитува би претставувало прекршување на Законот. Секое оправдание за пробивање на рокот всушност е оправдание за незаконско постапување. Секое постапување кое што е надвор од роковите во кои што не постои легитимитет на оние кои ги носеле одлуките е проблематично и од тој аспект неспорно е дека ќе треба и да се направи ревизија. ЈО по закон е должно да ги испита сите оние аспекти кои што веќе се изнесени во јавноста.“

Од СДСМ кои веќе побараа од Обвинителството да отворат предмет по допрен глас, велат дека размислуваат дали од партијата ќе поднесат кривична пријава против Славески.

„Имаше разговори во рамки на партијата, денеска ќе заседаваат дел од органите на партијата, па ќе излеземе со став.“

На прашањето на Канал 5 дали ВМРО ДПМНЕ ќе ја поддржи Ана Митреска како предлог за вицегувернер, од владеачката партија одговорија дека тоа дополнително ќе се разгледува.

„Тоа прашање ќе биде дополнително разгледано, и ќе биде донесена одлука која ќе биде во согласност со законот и важечките прописи и никако поинаку.“ - соопштија од партијата.

Канал 5 претходно прашање испрати и до кабинетот на претседателката Гордана Сиљановска Давкова, но се уште нема одговор дали по сериозните индиции за повреда на службените овластувања, ќе го искористи правниот механизам и ќе препорача разрешување на гувернерот, согласно Законот за Народната банка.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Протест во Богданци по убиството на Билјана Кириќ

Денеска во 19 часот во Градскиот парк во Богданци ќе се одржи протест по убиството на 17 годишната Билјана Кириќ за кое осомничено нејзиното поранештно момче 21 годишниот Виктор Бунтаров..

Протест во Богданци по убиството на Билјана Кириќ

„Ова е повик за заедничко изразување на револт, поддршка и барање за правда. Повик да не молчиме пред насилството врз жените и да побараме поголема одговорност, заштита и навремена реакција од институциите. Да покажеме солидарност. Да испратиме порака дека насилството не смее да се премолчува“, пишува во повикот на социјалните мрежи.

Убиството се случи во средата кога 21 годишникот прво го запалил автомобилот каде била билјана, а потоа си го одзел животот.. Виктор имал забрана за приближување по пријава од семеството на Билјана..

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Трамп најавува договор за мир во Украина по средбата со пратеникот на Путин

Трамп се сретнал приватно со рускиот претставник Кирил Дмитриев во Белата куќа.

Трамп најавува договор за мир во Украина по средбата со пратеникот на Путин

По средбата, Трамп изјави дека наскоро би можел да биде постигнат договор за завршување на војната во Украина.

Тој најави дека договорот би можел да има пошироки последици и да ја опфати цела Европа.

Американска делегација ќе посредува во разговорите меѓу Русија и Украина во Абу Даби на 10 и 11 ноември.

Пратеникот Џаред Кушнер соопшти дека во Брисел се одржале продуктивни разговори со Украина, НАТО и европските партнери.

Во фокусот биле безбедносните гаранции за Украина и европската безбедност.

Средбата со Дмитриев се одржа на настан организиран од првата дама Меланија Трамп.На него присуствуваа и украински претставници, кои ја повикаа да продолжи со мировните напори.Меланија Трамп им предаде писма на делегациите адресирани до Путин и Зеленски.Ова е првиот директен контакт меѓу руски и американски претставници по среднорочните избори во САД.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Муцунски: Нема назадување во ниту една област во извештајот на ЕК

Најновиот извештај на Европската комисија е објективен и дава реален преглед на состојбите во земјава, оцени синоќа во теклевизиско гостување министерот за надворешни работи и надворешна трговија  Тимчо Муцунски.

Муцунски: Нема назадување во ниту една област во извештајот на ЕК

Тој посочи дека во одредени области Македонија бележи висок степен на напредок и усогласеност.

Според Муцунски, во ниту една од оценуваните области нема назадување.Тој истакна дека и амбасадорот на ЕУ, Михалис Рокас, потврдил дека годинашниот извештај е подобар од ланскиот.

Муцунски смета дека извештајот треба да се сфати како обврска кон граѓаните и исполнување на европските стандарди. Како области со висок степен на усогласеност ги посочи надворешната, безбедносната и одбранбената политика. Напредок, според него, е забележан и во дигитализацијата, науката и образованието. И евроамбасадорот Рокас и премиерот Мицкоски гледаат напредок во годинешниот извештај на Европската комисија, за чии наоди двајцата дадоа свои оценки.. За Рокас, освен уставните измени, курупцијата и правосудството остануваат клучни предзвици за Македонија.. Мицкоски смета дека не се работи за недостиг на реформи, туку за преостанати политички услови.. Секретарот за животна соработка и член на извршниот одбор на СДСМ Андреј Жерновски синоќа во само интервју рече дека она што загрижува е што имаме нула напредок во борбата против корупцијата. Нула напредок имаме и кај слободата на медиумите. Судството е под политичка опсада, а земјоделството е пред колапс.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер