3Сиљановска-Давкова – Ван дер Белен: Австрија останува важен и искрен поддржувач на македонскиот евроинтеграциски пат
СветГутереш со предупредување до Г20: Климатската криза достигна критична точкаГенералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, денеска упати остар апел до Г20, повикувајќи ги најголемите економии во светот да преземат водечка улога во решавањето на сè поинтензивната климатска криза.Говорејќи на самитот во Рио де Жанеиро, Гутереш предупреди: Нашата клима е на работ на колапс. Доколку не го ограничиме порастот на глобалната температура на 1,5 степени Целзиусови, спирални катастрофи ќе ги уништат сите економии. Тој посочи дека актуелните политики водат кон повеќе од 3 степени затоплување, што го нарече „катастрофа,“ и ги повика државите да ја достигнат целта од 1,5 степени преку забрзување на намалувањето на емисиите. - Мораме да ги намалиме глобалните емисии за девет проценти секоја година во оваа деценија, нагласи тој. Генералниот секретар со загриженост истакна дека емисиите и понатаму се зголемуваат. - Мораме да ја забрзаме правичната транзиција од фосилни горива кон обновливи извори на енергија, рече Гутереш, посочувајќи дека обновливите извори се веќе „најевтиниот извор за нова електрична енергија речиси насекаде.“ - Крајот на ерата на фосилните горива е неизбежен. Ајде да се осигураме дека тој крај нема да дојде предоцна – и дека ќе дојде правично, додаде тој. Шефот на Светската организација ја истакна огромната улога на земјите од Г20, кои се одговорни за 80 отсто од глобалните емисии. Тој ги повика сите членки на Г20 да осигурат дека нивните ажурирани климатски планови се усогласени со целта од 1,5 степени. - Плановите на секоја земја мора да бидат усогласени со 1,5 степени – со недвосмислени, апсолутни цели за намалување на емисиите до 2030 и 2035 година, рече Гутереш. Тој ја нагласи потребата плановите да „опфаќаат цела економија, сите сектори и сите стакленички гасови“ и да придонесат кон глобалните цели за „триплирање на капацитетите за обновливи извори, удвојување на енергетската ефикасност и запирање на уништувањето на шумите – сето тоа до 2030 година.“ Во пресрет на КОП29 во Баку, Гутереш ги повика лидерите на Г20 да обезбедат нова и амбициозна цел за климатско финансирање. - Неуспехот не е опција, предупреди тој, додавајќи дека тоа може да ги поткопа напорите за подготовка на национални планови со високи амбиции за климата и да доведе до неповратни пресвртни точки. Тој нагласи дека целта мора да ги задоволи потребите на земјите во развој, почнувајќи со зголемување на концесионалните јавни фондови. „Зачувувањето на Амазонија е одличен пример,“ рече Гутереш, предупредувајќи дека неадекватното финансирање ќе го загрози успехот и на КОП30 во Бразил.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветВиткоф и Кушнер на средба со Путин во МоскваПретставниците на американската делегација која посредува во преговорите меѓу Русија и Украина – Стив Виткоф и Џеред Кушнер, утрово пристигнаа во Москва на средба со претседателот Владимир Путин. Врз основа на тоа што Путин ќе слушне од нив, ќе се определи идниот план на дејствија на Москва, изјави шефот на руската дипломатија – Сергеј Лавров. Како што вчера изјави Кушнер, кој е зет на американскиот претседател Доналд Трамп, тие доаѓаат и по „благослов„ од Путин, во преговорите да се вклучат и европски претставници. Кушнер ги искритикува Европејците дека тие сакаат да бидат присутни на преговарачката маса, а не можат да се договорат кој ќе зборува во име на Европа. Од украинската страна пак изразија надеж дека може да биде постигнат договор до нова година, доколку Европејците се вклучат во преговорите. Деталите од вчерашните преговори не се откриваат освен дека е договорена размена од големи размери на заробени војници од двете страни. Сепак, познато е дека територијалните барања и безбедносните гаранции остануваат главни спорни прашања меѓу Москва и Киев. По посетата на Москва, Виткоф и Кушнер треба да отпатуваат во Даблин, каде веќе пристигна украинскиот претседател Володимир Зеленски за понатамошен дијалог околу можностите за завршување на војната.Тагови: Владимир Путин САД - Русија - Украина Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаИскра Хаџи Василева ќе даде свечена изјава за стапување на функцијата Основен јавен обвинителДенеска пред Советот на јавните обвинители на Македонија, Искра Хаџи Василева ќе даде свечена изјава за стапување на функцијата Основен јавен обвинител на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција -Скопје.Хаџи Василева беше избрана на непосредните избори со тајно гласање на јавните обвинители од целата држава, кои беа одржани во октомври годинава, и победи со најмногу гласови во конкуренција на петмина кандидати.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПродолжението на надзорната расправа во Собранието за АЛТА банка ќе биде дополнително утврдено 08:32Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20Лукаревска до Славески: Го урнисавте банкарскиот сектор, поднесете си оставка 15:16Случајот „АЛТА банка“ денеска на надзорна расправа пред матичната собраниска комисија11:21Собранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки08:34
Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20
Собранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки08:34
МакедонијаСиљановска-Давкова – Ван дер Белен: Австрија останува важен и искрен поддржувач на македонскиот евроинтеграциски патВо разговорот беа потврдени одличните македонско-австриски односи, втемелени врз заемна почит, пријателство и соработка, како и врз споделени европски вредности.Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, на маргините на Конференцијата на страните на Рамковната конвенција на Обединетите нации за климатски промени (COP31) во Анталија, оствари средба со претседателот на Република Австрија, Александер Ван дер Белен. Во разговорот беа потврдени одличните македонско-австриски односи, втемелени врз заемна почит, пријателство и соработка, како и врз споделени европски вредности. Таа изрази благодарност за принципиелната поддршка од Австрија на македонскиот евроинтегративен пат и за нејзината посветеност кон стабилноста, безбедноста и европската перспектива на Западен Балкан. Соговорниците разменија мислења за иднината на европскиот проект и процесот на проширување на Европската Унија, при што беше нагласено дека неговата кредибилност се гради врз јасни правила, еднакви критериуми и заслуги, а европската перспектива мора да остане реална и достижна за земјите кандидатки. Сиљановска-Давкова истакна дека проширувањето не е само политичко и економско прашање, туку и безбедносно, особено во време на геополитички тензии коишто се закана за мирот во Европа. Обајцата укажаа на можностите за продлабочување на македонско-австриската соработка во економијата, енергетиката, климатските политики, образованието и културата. На средбата беше изразена подготвеност за интензивирање на политичкиот дијалог на највисоко ниво, а како конкретен чекор во таа насока беше договорено да се реализира официјална средба меѓу двајцата претседатели.Тагови: Сиљановска - Давкова Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook