ТОК бара инспекција на Алта банка и на одговорните лица во НБС поради можен одлив на пари во странство.
1ТОК бара инспекција на Алта банка и на одговорните лица во НБС поради можен одлив на пари во странство.
СветГутереш повика на итен прекин на борбите во Судан Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, повика на итни разговори за прекин на борбите во Судан откако паравоените Сили за брза поддршка (РСФ) вчера го зазедоа градот Ел Фашер, јави ДПА.Гутереш ги повика и суданските вооружени сили и РСФ без одлагање да го контактираат неговиот претставник за Судан, Рамтане Ламамра, и „да преземат брзи, опипливи чекори кон договорно решение“, изјави неговиот портпарол Стефан Дужарик во соопштение, пренесено од германската агенција. Генсекот на ОН е „длабоко загрижен“ од неодамнешната ескалација на борбите и ги осуди пријавените прекршувања на меѓународното хуманитарно право. Дужарик додаде дека Гутереш е „длабоко вознемирен“ од континуираниот проток на оружје и борци во Судан, што, според него, ја влошува веќе очајната ситуација. Доцна синоќа по локално време ЕСФ го зазедоа Ел Фашер, последниот голем град во завојуваниот западен регион Дарфур, кој остана под контрола на армијата. Армијата соопшти дека се повлекла од градот, каде што сè уште живеат до 300.000 луѓе, проценуваат ОН. Дужарик додаде дека мора да се овозможи хуманитарната помош брзо и без пречки да стигне до цивилите. Ел Фашер и околните области се „епицентар на страдање“ повеќе од 18 месеци, а гладот, болестите и насилството секојдневно одземаат животи, рече тој. Судан е зафатен од брутална борба за власт од април 2023 година помеѓу де факто владетелот Абдел-Фатах ал-Бурхан и неговиот поранешен заменик Мохамед Хамдан Дагало, кој командува со РСФ, потсетува ДПА. Набљудувачите стравуваат дека конфликтот би можел да доведе до трајна поделба на земјата, додека ОН ја смета ситуацијата во Судан за најголема хуманитарна криза во светот.Тагови: Антонио Гутереш Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЖивотКејт Мидлтон објави досега невидена фотографија од принцот Луис за Ноќта на вештеркитеСопругата на британскиот престолонаследник, принцот Вилијам, Принцезата од Велс, Кејт Мидлтон ги изненади следбениците на кралското семејство, споделувајќи досега невидена фотографија од нејзиниот најмлад син, принцот Луис. Фотографијата е направена за време на Ноќта на вештерките пред неколку години, кога принцот имал само една година. Фотографијата е направена од самата принцеза во Норфолк и на неа се гледа насмеаниот, едногодишен Луис покрај голема тиква. На сликата, принцот носи син мантил за дожд, темни фармерки и светлоцрвени гумени чизми. Фотографијата, објавена на официјалните профили на социјалните мрежи на принцот и принцезата од Велс, е придружена со натписот: „Среќна Ноќ на вештерките! Принцот Луис, 1 година – фотографиран од принцезата од Велс.“Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиНБРМ: Банкарскиот систем е стабилен и отпорен, а сите банки во земјава се под непосреден супервизорски надзор15:00ЈО: Се бара нов краткотраен притвор од 48 часа за осомничените за разбојништвата со смртни последици во Ѓорче11:48Признание пред судот: Дашковски ја призна вината за палењето на дипломатските возила - дејствувал сам без туѓо влијание15:00Последен ден кампања за вториот круг на локланите избори во Брвеница 15:00Кривична пријава за „измама“ против две лица, навеле повеќе лица да инвестираат во лажна интернет платформа11:37
НБРМ: Банкарскиот систем е стабилен и отпорен, а сите банки во земјава се под непосреден супервизорски надзор15:00
ЈО: Се бара нов краткотраен притвор од 48 часа за осомничените за разбојништвата со смртни последици во Ѓорче11:48
Признание пред судот: Дашковски ја призна вината за палењето на дипломатските возила - дејствувал сам без туѓо влијание15:00
Кривична пријава за „измама“ против две лица, навеле повеќе лица да инвестираат во лажна интернет платформа11:37
БалканТОК бара инспекција на Алта банка и на одговорните лица во НБС поради можен одлив на пари во странство.Јавното обвинителство за организиран криминал (ЈТОК) на Србија соопшти дека побарало од полицијата да го провери работењето на „Алта банка“ (Alta Banka), како и одговорните лица во Народната банка на Србија (НБС)Јавното обвинителство за организиран криминал (ЈТОК) на Србија соопшти дека побарало од полицијата да го провери работењето на „Алта банка“ (Alta Banka), како и одговорните лица во Народната банка на Србија (НБС), во врска со можни одливи на пари од сметките на банката и трансфери во странство. Исто така, денеска по електронска пошта до Обвинителството пристигна кривична пријава против „Алта банка“ како правно лице, како и против неколку одговорни лица во таа банка. Од Министерството за внатрешни работи, односно од Службата за борба против организиран криминал (СБПОК), е побарано итно да постапат и да го проверат целокупното работење на банката, како и сите околности што довеле до одземање на дозволата за работа. Од Обвинителството наведоа дека на 27 октомври, поради написи во медиумите и на социјалните мрежи за одливи на средства од сметка на банка кон странство, испратиле барање до НБС за прибирање на потребните информации и податоци за сите трансакции извршени кон странство во периодот од 27 септември до денот на доставување на извештајот. Постапувајќи по тоа барање, на 30 октомври, НБС ги достави податоците со кои располага во своите квартални извештаи, заклучно со 20 септември. „Извештајот за бараниот период, како што наведоа од Народната банка на Србија, ќе биде доставен по 4 ноември 2026 година“, соопштија од Обвинителството. На 29 октомври до НБС беше испратено ново барање за прибирање податоци, кое се однесуваше на конверзија и одлив на средства од сметката на „Алта банка“ АД Белград кон странство. Еден ден подоцна, на 30 октомври, обвинителството до СБПОК достави барање за проверка на работењето на „Алта банка“ и на одговорните лица во НБС, во врска со можни одливи од банкарски сметки и трансфери на пари во странство. Од Обвинителството соопштија дека денес добиле кривична пријава од НБС против банката и неколку нејзини одговорни лица, при што побарале полицијата итно да го провери целокупното работење на банката, како и околностите што довеле до одземање на дозволата за работа.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиНБРМ: Банкарскиот систем е стабилен и отпорен, а сите банки во земјава се под непосреден супервизорски надзор15:00ЈО: Се бара нов краткотраен притвор од 48 часа за осомничените за разбојништвата со смртни последици во Ѓорче11:48Признание пред судот: Дашковски ја призна вината за палењето на дипломатските возила - дејствувал сам без туѓо влијание15:00Последен ден кампања за вториот круг на локланите избори во Брвеница 15:00Кривична пријава за „измама“ против две лица, навеле повеќе лица да инвестираат во лажна интернет платформа11:37
НБРМ: Банкарскиот систем е стабилен и отпорен, а сите банки во земјава се под непосреден супервизорски надзор15:00
ЈО: Се бара нов краткотраен притвор од 48 часа за осомничените за разбојништвата со смртни последици во Ѓорче11:48
Признание пред судот: Дашковски ја призна вината за палењето на дипломатските возила - дејствувал сам без туѓо влијание15:00
Кривична пријава за „измама“ против две лица, навеле повеќе лица да инвестираат во лажна интернет платформа11:37
ФудбалБарселона во јануари ќе се обиде да ангжира двајца дефанзивциШпанскиот фудбалски шампионБарселона би можела да се обиде да ја засили одбраната за време на јануарскиот преоден рок, при што десниот бек на Тотенхем, Педро Поро, се издвојува како главна цел на каталонскиот гигант. Според новинарот на „Мундо Депортиво“, Роџер Торело, раководството на клубот не ја исклучува можноста за ангажирање и на централен дефанзивец и на бек, доколку на пазарот се појави соодветна можност.Според англиските медиуми, Хрватот Гвардиол исто така е една од желбите на Барса. Тренерот Ханси Флик моментално се соочува со сериозни проблеми во одбранбената линија, предизвикани од повредите на Ерик Гарсија, Андреас Кристенсен и Жил Кунде. Ситуацијата во одбраната стана уште позагрижувачка по поразите од ПСЖ и Реал Мадрид. Барселона во моментов остана само на Пау Кубарси и Жерард Мартин како единствени опции на позицијата централен дефанзивец. Сепак, засега ангажирањето на 27-годишниот шпански репрезентативец Поро во јануари ќе биде исклучително тешка задача, со оглед на тоа што Тотенхем летово потпиша нов договор со него, обврзувајќи го на верност кон клубот од Лондон сè до 2031 година. Според тоа, летниот преоден рок се чини како многу пореален период за реализација на овој голем трансфер – под услов Каталонците да успеат да ги обезбедат потребните финансиски средства. Пред да испрати каква било официјална понуда, Барселона ќе мора да обезбеди средства преку продажба на постоечки играчи, за да не го загрози буџетот на клубот. Иако Поро е означен како примарна цел за позицијата десен бек, во моментов нема официјален договор, ниту пак е испратена понуда до англискиот клуб. Одлуката на управата и спортскиот сектор ќе зависи од развојот на ситуацијата со повредените играчи, како и од финансиските можности на клубот во наредните месеци.Тагови: БАРСЕЛОНА Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter