Столе Наумов, Богдан Илиевски, Александар Трајановски и Сашо Тасевски во „Само Вистини со Видиновски“
1Столе Наумов, Богдан Илиевски, Александар Трајановски и Сашо Тасевски во „Само Вистини со Видиновски“
Стадион од 12 милијарди долари со капацитет од 115.000 луѓе- дали на него ќе се одржи Светското првенство 2030.?
1Стадион од 12 милијарди долари со капацитет од 115.000 луѓе- дали на него ќе се одржи Светското првенство 2030.?
Осаменоста го менува мозокот и ја зголемува желбата за алкохол? Научници открија изненадувачки механизам
2 Осаменоста го менува мозокот и ја зголемува желбата за алкохол? Научници открија изненадувачки механизам
СветГутереш ги повика САД и Израел да ја прекинат војната со ИранГенералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, ги критикуваше различните фракции во тековниот блискоисточен конфликт, велејќи дека борбите „ги пробија границите што дури и лидерите ги сметаа за замисливи“.Тој ги повика САД и Израел, чии заеднички напади минатиот месец ја почнаа војната против Иран, да ги прекинат борбите бидејќи „хуманитарното страдање се продлабочува, цивилните жртви растат, а глобалното економско влијание е сè попогубно“. - Мојата порака до Иран е да престане да ги напаѓа своите соседи – додаде Гутереш. Тој, исто така, го најави назначувањето на ветеранот на француската дипломатија, Жан Арно, за личен пратеник кој ќе ги предводи напорите на светската организација за конфликтот и неодамнешните мировни напори кои се во тек.Тагови: Антонио Гутереш Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСтоле Наумов, Богдан Илиевски, Александар Трајановски и Сашо Тасевски во „Само Вистини со Видиновски“Вечерва во „Само вистини со Видиновски“ ќе гостуваат Столе Наумов, Богдан Илиевски, Александар Трајановски и Сашо ТасевскиКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МагазинНедостатокот на овој витамин го зголемува ризикот од вирусни инфекции и воспаленијаВитаминот Д игра важна улога во правилното функционирање на телото, а во последниве години, сè повеќе внимание се посветува на неговото влијание врз имунолошкиот систем.Витаминот Д е еден од важните хранливи состојки што придонесуваат за правилно функционирање на имунолошкиот систем. Телото може да го произведува кога кожата е изложена на сончева светлина, но во текот на зимските месеци, оваа можност е значително намалена. Затоа, доволната количина на витамин Д може да се обезбеди и преку храна или додатоци во исхраната. Покрај учеството во бројни процеси во телото, витаминот Д игра важна улога и во одбраната од инфекции. Неговото дејство е поврзано со неколку механизми што му помагаат на имунолошкиот систем правилно да реагира на различни закани. Витаминот Д придонесува за зачувување на природната заштитна бариера на телото. Мукозните мембрани претставуваат една од првите линии на одбрана од вируси и други микроорганизми, а нивното правилно функционирање е важно за заштита на телото. Витаминот Д, исто така, му помага на имунолошкиот систем правилно да реагира на разни предизвици. Тој придонесува за способноста на телото да се справи со респираторни инфекции, како што се настинки и грип. Ниските нивоа на витамин Д може да бидат почести во текот на зимата, кога изложеноста на сончева светлина е ограничена. На ова посебно се изложени постарите лица, луѓето со потемна кожа и луѓето кои поголемиот дел од времето го поминуваат во затворен простор. На нивото на витамин Д може да влијае и на начинот на живот. Ако поминувате помалку време на отворено и не внесувате доволно од овој витамин преку вашата исхрана, неговите резерви може да се исцрпат. Што значи недостатокот за имунитетот? Кога на телото му недостасува витамин Д, имунолошкиот систем може да нема оптимална поддршка за извршување на своите функции. Ова може да влијае на способноста на телото ефикасно да се заштити од одредени инфекции. Ниските нивоа на витамин Д се поврзани и со потешки симптоми кај одредени респираторни инфекции, како и со подолг период на закрепнување во одредени случаи. Затоа, важно е да водите сметка за внесувањето на овој витамин. Сончева светлина, соодветна исхрана и, кога е потребно, додатоци во исхраната можат да помогнат во одржувањето на оптимални нивоа на овој витамин во телото.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Магазин Осаменоста го менува мозокот и ја зголемува желбата за алкохол? Научници открија изненадувачки механизамИстражувањето е спроведено на глувци.Според истражување објавено во списанието „Nature Neuroscience“, истражувачи откриле механизам во мозокот кај глувци мажјаци што би можел да поттикнува поголема желба за алкохол кога животните се социјално изолирани. Истражувачите, предводени од Риша Пател од Универзитетот Нортвестерн во Чикаго, ја проучувале врската помеѓу два дела од мозокот - амигдалата и префронталниот кортекс, пренесува „Шпигел“. Кога глувците што претходно живееле во групи биле изолирани, оваа невронска врска станала значително поактивна, додека пак, мажјаците покажале поголема склоност кон консумирање алкохол. На животните им било дадено да бираат помеѓу две чинии за пиење - едната со чиста вода, а другата со раствор од 15 проценти алкохол. По изолацијата, мажјаците почесто избирале алкохол, додека женките ја намалиле консумацијата. „Нашето истражување покажува дека одреден сигнален пат станува преактивен за време на изолацијата и директно доведува до зголемена консумација на алкохол, и дека мажјаците и женките прибегнуваат кон различни невронски стратегии кога се сами“, изјавила Пател. Истражувачите веруваат дека наодите би можеле да придонесат за подобро разбирање на алкохолизмот кај луѓето. Тие велат дека нарушувањата во слични невронски патишта кај луѓето покажуваат одредени обрасци поврзани со желбата за алкохол и враќање на консумирањето алкохол, додека клиничките истражувања сугерираат дека префронталниот кортекс игра важна улога во овие процеси. Слично и кај луѓето Слични разлики во половите се забележани во истражувања врз луѓето. Минатата година, научници анализирале податоци од околу 17.800 учесници во три големи студии во Германија и откриле дека осамените мажи се посклони кон почесто пиење алкохол и имаат поврзани здравствени ризици. Од друга страна, осамените жени се помалку склони кон пиењето од жените кои не пријавиле осаменост. Сепак, истражувачите нагласуваат дека сè уште не е познато до кој степен наодите извршени врз глувците би можеле да влијаат и кај луѓето, и дека тоа е предмет на идни истражувања.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook