Скопјанец се бори за живот на респиратор: Прв тежок случај со западнонилска треска од домашен комарец
2Скопјанец се бори за живот на респиратор: Прв тежок случај со западнонилска треска од домашен комарец
СветГутереш ги осуди израелските напади во Либан по смртните случаи на цивили Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, ги осуди големите воздушни напади на Израел во Либан, велејќи дека во нив се убиени и повредени стотици цивили, вклучувајќи деца, и е оштетена цивилната инфраструктура, јави ДПА.Гутереш „недвосмислено ги осудува масовните напади“, изјави неговиот портпарол, Стефан Дужарик, во соопштение објавено синоќа. „Генералниот секретар остро ја осудува загубата на цивилни животи и е длабоко вознемирен од зголемениот број на цивили“, наведе портпаролот, пренесен од германската агенција И покрај прекинот на огнот во конфликтот во Иран, Израел започна големи напади врз цели во Либан, вклучително и во главниот град Бејрут. Според либанското Министерство за здравство, само вчера се убиени најмалку 182 лица. Израелската војска соопшти дека целта на нападите биле команданти на Хезболах и воената инфраструктура, додека либанските власти соопштија дека меѓу жртвите имало многу цивили, пренесува ДПА. За разлика од Иран, САД и Израел не сметаат дека Либан е опфатен со договореното двонеделно примирје. Поради ова Иран размислува да се повлече од примирјето, објави иранската агенција Фарс.Тагови: Антонио Гутереш Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветНовите украински ракети можат да стигнат до Москва-Новите украински ракети можат да стигнат до Москва: „Напредуваме многу брзо, погодуваме важни цели во Русија“!Украина би можела да ги изведе првите напади врз Москва уште оваа есен, користејќи балистички ракети од домашно производство, изјави Денис Штилерман, сопственик и главен конструктор на одбранбената компанија „Фајр поинт“ (Fire Point). Штилерман наведе дека компанијата е во завршна фаза на тестирање на новиот ракетен систем и дека, штом ќе завршат пробните лансирања, ракетите би можеле да почнат да се користат против цели во внатрешноста на Русија. „Армијата ќе одлучи каде да удри, но верувам дека тоа веднаш ќе бидат значајни цели“, рече Штилерман. Штилерман додава дека временската рамка за распоредување на ракетите зависи од резултатите од тестирањата на моторот, вклучително и од финалното испитување на перформансите на моторот на пробната платформа. „Ќе го поставиме моторот на платформата, ќе спроведеме пробно пуштање во работа и ќе видиме како се однесува. Доколку се појават какви било проблеми, ќе ги отстраниме. Но, напредуваме многу брзо“, рече тој. Овие најнови изјави уследија по претходното интервју со Штилерман, во кое тој наведе дека компанијата „Фајр Поинт“ (Fire Point) се подготвува за сериско производство паралелно со процесот на тестирање. Имено, компанијата планира да произведе меѓу 10 и 20 ракети за пробни лансирања, при што обемот на производство би можел да се зголеми на десетици единици откако ова оружје ќе добие официјална кодификација и одобрение за набавка.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЖивотРускиот енергетски гигант „Гаспром“во првата половина од 2026 заработил милијарда долариРускиот енергетски гигант „Гаспром“ објави нето-добивка од 78,4 милијарди рубљи – што е приближно една милијарда долари – за првата половина на 2026 година. Ова претставува значителен пресврт во споредба со истиот период минатата година, кога компанијата забележа загуба. Во првите шест месеци од минатата година, „Гаспром“ книжеше загуба од 10,76 милијарди рубљи, односно 137 милиони долари. Оваа година, приходите на компанијата пораснаа за 2,9 отсто на годишно ниво, а бруто-добивката за 15 отсто, додека добивката пред оданочување остана стабилна. „Гаспром“ и понатаму е еден од најголемите светски производители на природен гас, но изгуби значителен дел од европскиот пазар по руската инвазија врз Украина. Европа брзо ја намали својата зависност од рускиот гас што се испорачува преку гасоводи, а ЕУ планира целосно да го укине увозот на руски гас до 2027 година. Пред инвазијата, во 2021 година, Европа набавуваше околу 50 отсто од својот природен гас од Русија, главно преку гасоводи. Истовремено, приходите на Русија од енергенти не се целосно прекинати. Во првата половина на 2026 година, Европа увезе рекордни количества течен природен гас (LNG) од рускиот погон „Јамал ЛНГ“, со кој управува „Новатек“, а не „Гаспром“. Според податоците на „Кплер“ (Kpler), увозот од „Јамал“ достигна 9,89 милиони тони, што претставува зголемување од 18 отсто во споредба со истиот период минатата година. Во последните месеци, Русија исто така најави планови за пренасочување на испораките на гас од европскиот пазар кон Азија.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
БалканРоманија поради ниско ниво на Дунав, исклучува реактор во нуклеарна централаНивото на водата на најдолгата европска река Дунав е најниско во последните 30 години. Романија го исклучува реакторот во нуклеарната централа. Романската државна компанија „Нуклеарелектрика“ (Nuclearelectrica) денес исклучи еден реактор во нуклеарната централа „Чернавода“ како мерка на претпазливост поради рекордно ниското ниво на водата во Дунав; Министерството за енергетика соопшти дека овој потег има за цел да го заштити системот за ладење. Реакторот е привремено исклучен за да се спречи евентуално оштетување на системот за ладење, кој зависи од водата од Дунав, истакнаа од министерството. Нивото на водата во романскиот дел на Дунав минатата недела падна на најниско ниво во последните три децении, што ги натера властите да ја ограничат употребата на речната вода за наводнување, според „Романија инсајдер“ (Romania Insider). „Нуклеарелектрика“ денес изјави дека реакторот во „Чернавода“ е исклучен во согласност со контролираните процедури за постапување при екстремно ниско ниво на реката, додавајќи дека мерката има за цел да обезбеди нуклеарна безбедност и сигурност во работата на централата. Компанијата наведува дека одлуката се заснова на најновите прогнози на Романскиот национален институт за хидрологија и управување со води, при што нагласува дека состојбата на Дунав внимателно се следи. Доколку нивото на водата дополнително опадне, компанијата може привремено да го исклучи и вториот реактор. Недостатокот ќе се надомести преку увоз. Според податоците на Светската нуклеарна асоцијација, нуклеарната централа „Чернавода“ располага со два реактора базирани на канадската технологија CANDU, секој со капацитет од 706 мегавати, и обезбедува приближно една петтина од потрошувачката на електрична енергија во Романија.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПаѓа цената на нафтата на светските берзи: Барел Брент се стабилизира на околу 85 долари15:00Водата во Гостивар може да се користи само како техничка, не и за пиење и готвење08:48Водата во Гостивар може да се користи како техничка, но не и за пиење и готвење15:04Тошковски: Во Гостивар има техничка вода, но за пиење и подготвување на храна уште да се користи флаширана11:20Гостивар се очекува денеска да добие техничка вода 08:11
Тошковски: Во Гостивар има техничка вода, но за пиење и подготвување на храна уште да се користи флаширана11:20