Според Цивилната одбрана, најмалку 31 лице е убиено, а 176 се ранети во израелскиот напад. Инцидентот се случил во близина на центар за дистрибуција на храна во регионот Рафах во јужна Газа.
Фотографиите на АФП покажуваат цивили како носат тела од местото на настанот, а лекарите во блиските болници пријавиле повеќекратни прострелни рани кај повредените.
Во речиси 20-месечната војна во Газа против палестинското исламистичко движење Хамас, по нападот врз Израел на 7 октомври 2023 година, армијата негираше дека пукала врз цивили во близина на објектот управуван од Хуманитарната фондација Газа (GHF) со поддршка од САД и Израел.
Портпаролот на GHF негираше каков било инцидент, осудувајќи ги извештаите како „лажни и измислени“.
„Згрозен сум од извештаите“
„Згрозен сум од извештаите за убиени и повредени Палестинци додека чекаат помош во Газа“, изјави денеска генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш.
„Неприфатливо е Палестинците да ги ризикуваат своите животи за да добијат храна“, рече тој, без да ја припише одговорноста за смртните случаи.
„Повикувам на итна независна истрага за овие настани и сторителите да бидат повикани на одговорност“, додаде тој.