Гуљаш до олимпиското злато во модерен петобој со светски рекорд - Канал 5

Гуљаш до олимпиското злато во модерен петобој со светски рекорд

Унгарката Мишел Гуљаш (23) го освои денеска златниот медал во модерен петобој на Олимписките игри во Париз со нов светски рекорд.

Гуљаш до олимпиското злато во модерен петобој со светски рекорд

Откако се најде на врвот во поредокот во јавање, мечување и пливање, во трката на 3000 метри, во која пет пати се пука од пиштол, Гуљаш влезе од втората позиција, со 11 секунди зад водечката Французинка Елоди Клувел (35).

Сепак, при второто пукање Гуљаш го престигна Клувел и не ја испушти предноста до финишот.

На крајот, Гуљаш славеше со нов светски рекорд од вкупно 1461 поен, додека второпласираната Клувел собра девет поени помалку. До бронзата дојде актуелната светска шампионка Сеунгмин Сеонг (21) од Јужна Кореја со 1441 поени. /МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Не помина интерпелацијата за министерот Панче Тошковски

Со 77 гласа против, 58 за и 17 воздржани во Собранието не беше изгласана интерпелацијата за министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, поднесена од Левица.

Не помина интерпелацијата за министерот Панче Тошковски

На гласањето му претходеше жестока расправа во Собранието. Опозицијата обвинува за селективно постапување на полицијата, политички мотивирани акции, безбедносни пропусти...

Тошковски пак, во иницијативата гледа евтин политички обид да се закочи расчистувањето со криминалот и корупцијата..

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

На Пелистер спасена мала срна која била нападната од куче (ВИДЕО)

Вработените во јавната установа Национален парк Пелистер спасија мала срна која била нападната од куче бездомник.

На Пелистер спасена мала срна која била нападната од куче (ВИДЕО)

Од установата на Фејсбук објавија дека малата срна ја спасил раководителот на помошно-техничкото одделение и ренџер во установата.

По спасувањето, вработените презеле дополнителни активности за срната повторно да биде вратена во својата природна средина. Со помош на емитирање на звуци малата срна повторно беше споена со својата мајка“ посочуваат од Националнот парк Пелистер.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мелони повикува на нормализација на односите со САД по конфликтот со Трамп

Италијанската премиерка Џорџа Мелони вели дека односите со САД мора да се вратат во нормала по јавната расправија што минатата недела ја имаше со американскиот претседател Доналд Трамп.

Мелони повикува на нормализација на односите со САД по конфликтот со Трамп

„Немам намера да продолжам да го поттикнувам овој спор“, рече италијанската премиерка, која оцени дека не постои ризик од негативни последици врз односите меѓу Италија и САД и дека врските меѓу двете држави остануваат добри. Во петокот Мелони го обвини својот некогашен близок сојузник Трамп дека измислил приказна за неа откако тој за италијанска телевизија изјави дека таа го молела да се фотографира со неа за време на неодамнешниот самит на Г-7 во Франција.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер