Македонското знаме на светскиот подиум: Анастасија Палчевска освои бронзен медал на Светското првенство во Полска
1Македонското знаме на светскиот подиум: Анастасија Палчевска освои бронзен медал на Светското првенство во Полска
Почна имунизацијата против сезонски грип – на располагање 30 илјади вакцини наменети за ризичните групи
1Почна имунизацијата против сезонски грип – на располагање 30 илјади вакцини наменети за ризичните групи
3Клековски: Се вакцинирав против сезонски грип – вакцинацијата е најдобра мерка за превенција на ова заболување
ТехнологијаГугл ќе интегрира технологија за вештачка интелигенција во системот Android Auto Гугл планира да воведе системи за вештачка интелигенција (ВИ) во својата Android Auto технологија во автомобилите.Дизајнирана да им овозможи на возачите „да останат фокусирани на патот“ додека ќе можат безбедно да комуницираат зад воланот, новата верзија на Android Auto ќе користи вештачка интелигенција за автоматско сумирање на долги пораки или високо активни групни разговори за да ги олесни дешифрирањето додека возите. Системот ќе може да му предложи на возачот релевантни одговори и дејства што ќе може да ги преземе преку главниот екран на автомобилот и што е најважно, без да го допира својот паметен телефон. Технолошкиот гигант вели дека новиот систем Android Auto ќе им овозможи на сопствениците „да уживаат во најдоброто од својот паметен телефон во автомобилот“. Гугл посочува дека, на пример, возачот ќе може лесно да пристапи до локација споделена од пријател и да ја вклучи во својот систем „Мапи“ со притискање на копче. Системот исто така ќе им даде на возачите можност да ги известат своите пријатели за нивното проценето време на пристигнување преку серија поедноставени записи. Ажурирањето беше најавено синоќа, заедно со претставувањето на новата серија на паметни телефони на Samsung Galaxy S24. /МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПочна имунизацијата против сезонски грип – на располагање 30 илјади вакцини наменети за ризичните групи 15:00Тројца повредени во вчерашниот судир на две возила кај мостот „Беласица“ 08:45Велешанец им ставал „кубански вакцини“ на десетици пациенти со канцер, семејства обвинуваат дека ги измамил15:00Мицкоски со добра вест за граѓаните: Набавени се 100 нови амбулантни возила, вложуваме во здравствениот систем12:38Мицкоски на промоција на нови амбулантни возила: Наш приоритет во периодот кој следи се инвестициите во здравството11:22
Почна имунизацијата против сезонски грип – на располагање 30 илјади вакцини наменети за ризичните групи 15:00
Велешанец им ставал „кубански вакцини“ на десетици пациенти со канцер, семејства обвинуваат дека ги измамил15:00
Мицкоски со добра вест за граѓаните: Набавени се 100 нови амбулантни возила, вложуваме во здравствениот систем12:38
Мицкоски на промоција на нови амбулантни возила: Наш приоритет во периодот кој следи се инвестициите во здравството11:22
МакедонијаЃорѓиевски: Го вративме вандализираното спомен-обележје на децата бегалци од Егејска МакедонијаГо враќаме спомен-обележјето, го чуваме споменот на едно одземено детство!Го вративме вандализираното спомен-обележје на децата бегалци од Егејска Македонија, во чест на нивните судбини, прекинатото детство и незгаснатата љубов кон родниот дом. Истовремено, во тек се градежните активности за целосна реконструкција на паркот „Жена-Борец“. Го обновуваме просторот кој ја чува нашата колективна меморија и му го враќаме достоинството што го заслужува. Градиме за иднината. Со почит кон минатото!, објави на ФБ градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМП: Силна поддршка од Грција за европската интеграција и реформите во правосудствотоГрција дава силна поддршка на нашата држава на патот кон членство во Европската Унија. Ова беше потврдено на средбата меѓу министерот за правда, Јетон Шасивари, и новиот амбасадор на Грција, Јоанис Малукос, на која беше нагласена важноста на европската перспектива и натамошното продлабочување на билатералната соработка. На средбата, грчката страна изрази подготвеност за безрезервна поддршка на реформите во правосудството, преку споделување искуства, обезбедување експертска помош и зајакнување на соработката меѓу надлежните институции. Министерот Шасивари изрази благодарност за силната и континуирана поддршка од Грција, истакнувајќи дека реформите во правосудството, зајакнувањето на владеењето на правото и усогласувањето со европските стандарди остануваат меѓу клучните приоритети на Министерството за правда. Двајцата соговорници ја потврдија заедничката заложба за унапредување на соработката и за конкретна поддршка на реформските процеси што се од суштинско значење за европската иднина на нашата држава. Министерство за правдаТагови: Министерство за правда Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПочна имунизацијата против сезонски грип – на располагање 30 илјади вакцини наменети за ризичните групи 15:00Тројца повредени во вчерашниот судир на две возила кај мостот „Беласица“ 08:45Велешанец им ставал „кубански вакцини“ на десетици пациенти со канцер, семејства обвинуваат дека ги измамил15:00Мицкоски со добра вест за граѓаните: Набавени се 100 нови амбулантни возила, вложуваме во здравствениот систем12:38Мицкоски на промоција на нови амбулантни возила: Наш приоритет во периодот кој следи се инвестициите во здравството11:22
Почна имунизацијата против сезонски грип – на располагање 30 илјади вакцини наменети за ризичните групи 15:00
Велешанец им ставал „кубански вакцини“ на десетици пациенти со канцер, семејства обвинуваат дека ги измамил15:00
Мицкоски со добра вест за граѓаните: Набавени се 100 нови амбулантни возила, вложуваме во здравствениот систем12:38
Мицкоски на промоција на нови амбулантни возила: Наш приоритет во периодот кој следи се инвестициите во здравството11:22
МакедонијаРеформа на државната управа: Помалку бирократија, повеќе услуги за граѓанитеЗавршува времето на институционално самоволие и неконтролирано буџетско трошење, изјави министерот за јавна администрација Горан Минчев, на јавната дискусија за нацрт законот за организација и работа на органите на државната управа. Тврди дека во иднина ќе се воспостави ред со предвидената рационализација и ќе се стави крај на формирање на непотребни паралелни агенции, дирекции и комисии кои не одговараат пред никого, а се производ на партиски договори по политичките кризи од минатото. -Суштината на оваа реформа не е во тоа колку органи ќе има државата, туку дали секој од нив има оправдана причина да постои, јасно утврдена надлежност и капацитет да ја извршува. Не станува збор за реорганизација на сите институции во јавниот сектор, туку за воспоставување јасни правила за органите на државната управа - правила кои пред се ќе ја поврзат функцијата со одговорноста и овластувањето со законската граница,- Горан Минчев – министер за јавна администрација. Нацрт законот е ставен на ЕНЕР и е испратен до координаторите на пратеничките групи во Собранието, а пред да биде испратена финалната верзија ќе има и јавна расправа во Комисијата за политички систем. Овој закон е дел од реформската агенда и за негово усвојување е потребно двотретинско мнозинство. Инаку пред неколку дена беа изгласани законите за административни службеници, а во процедура се уште неколку други кои треба да донесат помала, попрофесионална и дигитализирана администрација. Од 1 октомври стапи на сила и законот за висока раководна служба, со кој позицијата В.Д. директор се ограничи на шест месеци, а управните одбори се намалени на три члена. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook