Гугл ја сели вештачката интелигенција во вселената- шефот на компанијата го најави неверојатниот план - Канал 5

Гугл ја сели вештачката интелигенција во вселената- шефот на компанијата го најави неверојатниот план

Google подготвува потег што звучи како научна фантастика, но во Силиконската долина веќе се третира како реалистичен бизнис план.

Гугл ја сели вештачката интелигенција во вселената- шефот на компанијата го најави неверојатниот план

Извршниот директор на компанијата, Сундар Пичаи, потврди дека Гугл сериозно работи на проект што вклучува изградба на центри за податоци во вселената, а првите чекори се очекуваат веќе во 2027 година.

Планот е да се испратат мали компјутерски системи во орбитата што ќе работат на сончева енергија, без да се потпираат на копнената инфраструктура. Според Пичаи, мали серверски модули ќе бидат испратени во орбитата како дел од сателитот на почетокот, а потоа проектот постепено ќе се проширува.

Долгорочната визија оди чекор понатаму. Во рок од десет години, според извршниот директор на Google, вселенските центри за податоци би можеле да станат сосема нормална работа, исто како што се класичните серверски фарми на Земјата денес.

Огромната потрошувачка на електрична енергија го турка Google од планетата

Една од главните причини зошто Google го разгледува овој радикален потег е огромниот притисок врз енергетската инфраструктура поради експлозијата на вештачката интелигенција. Современите центри за податоци трошат огромни количини електрична енергија, трошат вода за ладење и произведуваат сериозен електронски отпад.

Според предупредувањата од меѓународните организации, влијанието на технологијата на вештачката интелигенција врз животната средина станува сè попроблематично. Проблемите почнуваат со експлоатацијата на ретки метали за чипови, продолжуваат преку масовното загревање на серверите и завршуваат со емисијата на гасови генерирани во процесот на работењето на центрите за податоци.

Google сега сака практично да премести дел од тој товар од планетата. Сончевата енергија во вселената нуди неспоредливо поголем потенцијал од кој било копнен извор, а Пичаи објави дека размислува за директно поставување на TPU чиповите на Google во вселената.

Додека дел од јавноста се прашува колку е реален овој план, технолошките кругови веќе зборуваат за ова како за следниот голем чекор во трката за доминација во областа на вештачката интелигенција. Доколку Google навистина успее да изгради стабилна инфраструктура за вселенско пресметување, тоа би можело целосно да го промени начинот на кој се развива и користи вештачката интелигенција, но и дополнително да го продлабочи јазот помеѓу технолошките гиганти и остатокот од светот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

19-годишна скопјанка проговори за ужасот од семејно насилство - апелира насилството да се пријавува

Првото насислство се случило пред четири месеци кога во кавга нејзиниот сопруг физички ја нападнал, пријавила во полиција. 

19-годишна скопјанка проговори за ужасот од семејно насилство - апелира насилството да се пријавува

„Утрата почнуваа со навреди од свекорот со плукање по мене и викање и клоци, зошто сум го јадела лебот во куќата, а не сум го купила. Попладне добивав шлаканици од сопругот зошто сум се скарала со неговиот татко, бидејќи не можев да ги трпам навредите и клоците“ ова е почетокот на приказната на млада скопјанка која на почетокот се радувала на бракот, а потоа и на нивниот син. А сега, раскажава за одлуката да стави крај на семејното насилство од сопругот и неговите родители. Првото насислство се случило пред четири месеци кога во кавга нејзиниот сопруг физички ја нападнал, пријавила во полиција. По молбите и извинувањата таа ја повлекла пријавата, но теророт не престанал.

„Зошто ве нападна свекорот? Бидејќи сум го земала лебот да го јадам. Ми рекоа тоа што ќе го купам тоа да го јадам. Вие сте сега на породилно имате деветмесечно бебе и не сте во работен однос? Не сум. Му се јавив на сопругот да му каже да не ме вреќа и да не плука додека јадам и да ме колца. Кога се врати се скаравме за сите случувања и ме истепа“, раскажува 19 годишната скпојанка.

Спас од ќотекот бил девет месечниот син, кога го држела во раце не ја тепале. Но, заканите продолжувале да го остави детето, за да заврши „лекцијата“ со тепање кон неа. По оваа пријава во полиција сопругот добил мерки да не си доближува, а свекорот само усмен укор за што таа регира дека тој е исто насилен колку и сопругот. Полицијата регаирала веднаш на јавувањето, но проблемот продолжува во институциите, и лекциите што ќе прави сама со детето?

„Првиот пат ме убедуваа и ми рекоа да не ја повлечам пријавата од полиција, во социјално лошо се однесуваа ми викаше што ќе направам ако јас се оставам со мажот“, објаснува младата жена.

Таа со детето заминува од Македонија, не верува во заштита од институциите, бидејќи само усна опомена од полицијата кон свекорот не е доволно, а голем чекор тој повторно да ја нападне, со образложение “јадела леб во неговата куќа“.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Саем на домашна храна „вкуси ја традицијата“ денеска во Градски парк кај Школка

Во Градскиот парк, кај Школка, денеска се одржува саемот „Вкуси ја традицијата преку домашна здрава храна“. 

Саем на домашна храна „вкуси ја традицијата“ денеска во Градски парк кај Школка

Посетителите имаат можност да дегустираат и органски производи.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Над 141.000 лица во Македонија живеат со дијабетес: Раното откривање може да спречи тешки компликации

141.891 лице со дијабетес има во Македонија. Во 2025 година  биле евидентирани нови 6.614 новодијагностицирани случаи, покажуваат податоците од националниот регистар на Институтот за јавно здравје. 

Над 141.000 лица во Македонија живеат со дијабетес: Раното откривање може да спречи тешки компликации

По повод 14 ноември, Светскиот ден на дијабетесот годинава се одбележува под мотото „рано дејствување против дијабетесот“.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер