Гугл го прекинува проектот за јавни Wi-Fi точки - Канал 5

Гугл го прекинува проектот за јавни Wi-Fi точки

Како причина се дава податокот дека тарифите за мобилен интернет се попристапни.

Гугл го прекинува проектот за јавни Wi-Fi точки

Гугл одлучи да прекине уште еден проект. Овој пат станува збор за Гугл Стејшен кој вклучуваше реализација на Wi-Fi пристапни точки. Со овој проект се започна во Индија, на железничките станици, за потоа да се прошири на другите пазари.

Како причина за прекинување на овој проект се дава податокот дека тарифите за мобилен интернет се попристапни.

Се споменуваат и инфраструктурни проблеми во имплементацијата на самите Wi-Fi точки и трошоците кои проектот го прават неодржлив. Самиот процес на гаснење на проектот нема да биде одеднаш туку ќе се изведува во фази па гаснењето ќе потрае до крајот на годината.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Денес е Преображение Господово

Денес е голем ден за Православната црква, денес  е голем празник, Преображение Господово - празникот на Неговото Преображение на Таворската гора.

Денес е Преображение Господово

Според народните верувања денес прв пат се јаде грозје, откако претходно ќе го благослови свештеникот.

Исто така, во делови од земјата домаќинките во пресрет на денешниот ден подготвуваат наутлија-обреден леб. Леб месен со маја подготвена од наут. За здравје и благосостојба во домот.

Третата година од Својата проповед на земјата Господ Исус почесто им зборуваше на Неговите ученици за Неговото скорешно страдање, но и за Неговата слава после страдањето на Крстот. За да не ги раслаби Неговото страдање та да отпаднат од Него, Он, Премудроста, сакаше пред да се случат страдањата делумно да им ја покаже Својата Божествена слава. Затоа ги зеде со Себе Петар, Јаков и Јован и излезе со нив ноќе на гората Тавор и таму се преобрази пред нив. И заблеска лицето Негово како сонце, а облеката Му побеле како снег. И се појавија покрај Него Мојсеј и Илија, големите старозаветни Пророци. И видоа учениците и се восхитија. И Петар рече: „Господи, добро ни е да бидеме овде; ако сакаш да направиме три сеници: една за Тебе, за Мојсеј една, а една за Илија“. Но, додека Петар уште говореше, се оддалечија Мојсеј и Илија и сјаен облак ги опфати Господ и учениците и дојде глас од небото: „Овој е Мојот возљубен Син, Него послушајте Го.“ Откако го слушнаа овој глас учениците паднаа ничкум на земјата како мртви и останаа така лежејќи во страв додека Господ не им пријде и рече: „Станете и не бојте се“ (Мт. 17). Зошто Господ ги зеде само овие тројца ученици на Тавор, а не сите? Затоа што Јуда не беше достоен да ја види Божествената слава на Учителот, Кого тој ќе Го предаде, а Господ не сакаше него сам да го остави под гората, та да не може предавникот со тоа да го оправда своето предавство. Зошто се преобрази на гората, а не во долината? За да не научи на две добродетели: на трудољубие и богомислие. Зашто искачувањето на височина бара труд, а височината ја претставува височината на нашите мисли, т.е богомислието. Зошто се преобрази ноќе? Бидејќи ноќта е попогодна за молитва и богомислие одошто денот и ноќта ја закрива со темнина целата земна убавина, а ја открива убавината на ѕвезденото небо. Зошто се јавија Мојсеј и Илија? За да ја разбијат еврејската заблуда дека Христос е некој од Пророците, Илија, Јеремија или некој друг - затоа Он се јавува како Цар над пророците, и затоа Мојсеј и Илија се јавуваат како слуги Негови. Дотогаш Господ многупати им ја покажуваше на учениците Својата Божествена моќ, а на Тавор им ја покажа Својата Божествена природа. Тоа видение на Неговото Божество и слушањето на небесното сведоштво за Него како за Син Божји требаше да им послужи на учениците во деновите на страдањето Господово за укрепување на непоколебливата вера во Него и во Неговата крајна победа.

Според православниот календар денес е пост, но е дозволена риба.

Извор: denovi.mk

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Од 20 до 30 август Карпош станува културна сцена: Започнува „Карпошово културно лето’’

Нокаут, Игор Џамбазов и Гуру Харе, Дац и Александар, Александар Тарабунов – Тара, Тумбао со Гиш, Day Off, кино на отворено, изложби, детска програма и фолклор во десет фестивалски дена на повеќе локации низ Карпош

Од 20 до 30 август Карпош станува културна сцена: Започнува „Карпошово културно лето’’

Од 20 до 30 август, Карпош ќе живее во ритамот на музиката, филмот, уметноста и културното творештво. На повеќе препознатливи локации низ општината ќе се одржи годинешното издание на „Карпошово културно лето’’, со десет програмски дена што ги поврзуваат македонската музичка сцена, културното наследство, киното, визуелната уметност, детското творештво, фолклорот и современите урбани содржини.

Програмата беше претставена на прес-конференција одржана на 17 август во холот на Општина Карпош. Концептот на годинешното издание ја носи културата на повеќе точки низ општината - од плоштадот „Делфина“ во Влае и Плато на ,,Млечен’’ , преку Карпош 3 и Бардовци, до Кинотека, дворот на ООУ „Петар Поп Арсов“, просторот кај ФИНКИ и општинската зграда.

Во фокусот е македонското творештво - домашните изведувачи, филмот, драмското и музичкото наследство, традицијата и новите креативни практики - надополнети со ликовни и други културни содржини што ја отвораат програмата кон различни генерации и уметнички изрази. Градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски, на прес-конференцијата ја истакна токму поврзаноста меѓу наследството, традицијата и иднината на македонската култура и упати отворена покана до јавноста да биде дел од фестивалските денови.

„Целата програма е олицетворение на она што е културно наследство, традиција, креативен капацитет и македонска иднина во областа на културата. Изразувам голема благодарност до тимот кој посветено работи на овие проекти, како и до сите учесници. Упатувам отворена покана до сите карпошани и сограѓани - бидете со нас, посетете го киното на отворено, бидејќи ветуваме добра забава, дружба и незаборавни доживувања!’’, изјави градоначалникот Сотир Лукровски.

Свеченото отворање на „Карпошово културно лето“ е закажано за 20 август во 20:00 часот на плоштадот „Делфина’’ во Влае, со настапи на Александар Тарабунов - Тара и Нокаут, како и диџеј-програма. Во следните фестивалски денови публиката ќе може да ги проследи Тумбао Салса бенд со Сашо Гигов - Гиш и проектот „Gypsy Night“, Дац и Александар со специјалните гостинки Маријана и Росана, Balkan Jam, Игор Џамбазов и Гуру Харе и Day Off.

На 29 август, Бардовци ќе биде домаќин на вечер посветена на македонската народна музика со Душко Георгиевски, Зуица Лазова и Миле Кузмановски, како и настап на КУД „Етнос“.

Музичкиот мозаик го дополнуваат детскиот фестивал „Поточиња’’, хорот на Здружението на пензионери Карпош, женскиот хор „Фрида’’, АКУД „Мирче Ацев’’, квартетот „Полихимниа’’ и други програмски содржини што ги поврзуваат современата сцена, евергринот, хорската музика, фолклорот и традицијата.

Културно наследство, визуелна уметност и нови креативни практики

Посебно место во програмата има изложбата на 25 плакати од театарски претстави на Горан Стефановски, пронајдени во неговата лична колекција. Плакатите се од различни претстави изведувани во земјата и надвор од неа и претставуваат визуелен пресек на сценскиот живот на неговите текстови и потсетување на трајното значење на неговиот драмски опус. Современото творештво и одржливоста се поврзуваат преку ReART - патувачка изложба на циркуларна уметност, реализирана во соработка со Фондацијата „Берта Додедевска“ и „Нула отпад“. Проектот ја истражува креативната реупотреба на електронскиот отпад како уметнички материјал и ги отвора темите за циркуларната економија, одржливиот развој и одговорниот однос кон животната средина.

На 21 август во Кинотека ќе биде отворена и меѓународната изложба „Ликовни визии на имагинацијата’’, на која ќе бидат претставени дела од десет академски ликовни уметници - осум од Македонија и двајца од Србија. Истиот ден ќе се одржи и промоцијата на книгата „Зоја’’ од Јоана Шишкова.

На 27 август, на платото на ,,Млечен’’ , ќе биде поставена и изложбата на отворено „Карпош помеѓу боите и генерациите’’, со дела на деца, млади и возрасни автори.

Кино под отворено небо и содржини за најмладите

Еден од препознатливите сегменти на годинешната програма е Карпош кино на отворено, кое започнува на 21 август во 20:00 часот во дворот на ООУ „Петар Поп Арсов’’. Првата проекција е „Приказна за Силјан’’, а кино-програмата продолжува и во наредните фестивалски вечери до 27 август. За најмладата публика, покрај настапот на „Поточиња’’, на 23 август кај фонтаната во Карпош 3 ќе се реализира интерактивната просторна работилница „Нашето маало - #СоздавамеЗаедно’’. Преку заедничко создавање, децата ќе градат просторна инсталација инспирирана од маалото - со згради, улици, паркови, игралишта и други елементи – поврзувајќи ги имагинацијата, заедништвото, грижата за јавниот простор и креативната реупотреба на материјалите.

Со музика, филм, ликовна уметност, културно наследство, детско творештво, фолклор и урбани содржини распоредени на повеќе локации, „Карпошово културно лето’’ ја отвора општината како простор за култура и средба со публиката, поврзувајќи афирмирани домашни имиња, нови автори и различни генерации.

КОМПЛЕТНА ПРОГРАМА

„КАРПОШОВО КУЛТУРНО ЛЕТО’’

20 АВГУСТ | ЧЕТВРТОК

11:00 | Хол на Општина Карпош

Изложба на плакати од театарски претстави на Горан Стефановски

19:00 | Сити Мол

ReART - патувачка изложба

20:00 | Плоштад „Делфина’’, Влае

Свечено отворање на „Карпошово културно лето’’

Диџеј-програма

Александар Тарабунов - Тара

Нокаут

21 АВГУСТ | ПЕТОК

12:00 | Кинотека

Меѓународна изложба „Ликовни визии на имагинацијата’’

12:30 | Кинотека

Промоција на книгата „Зоја’’ од Јоана Шишкова

19:00 | Плоштад „Делфина’’

Детски фестивал „Поточиња’’

20:00 | Плоштад „Делфина’’

Хор на Здружението на пензионери Карпош

Диригент: Благица Душкова

20:00 | Двор на ООУ „Петар Поп Арсов’’

Отворање на Карпош кино на отворено

Проекција: „Приказна за Силјан’’

21:00 | Плоштад „Делфина’’

Тумбао Салса бенд со Сашо Гигов – Гиш

Проект: „Gypsy Night’’

22 АВГУСТ | САБОТА

18:00 | Бараките на ФИНКИ

Журка на ФИНКИ - „Мурал во Карпош’’

20:00 | Двор на ООУ „Петар Поп Арсов’’

Кино на отворено

Проекција: Јон Вардар против Галаксија

23 АВГУСТ | НЕДЕЛА

17:00 | Фонтана, Карпош 3

„Нашето маало – #СоздавамеЗаедно’’

Детска интерактивна просторна работилница

20:00 | Двор на ООУ „Петар Поп Арсов’’

Кино на отворено

Проекција: Мирно лето

20:30 | Фонтана, Карпош 3

Рап журка со ,,Жабата’’

24 АВГУСТ | ПОНЕДЕЛНИК

19:00 | Плато Млечен

КУД „Мирче Ацев’’ - меѓународен фолклорен фестивал

20:00 | Двор на ООУ „Петар Поп Арсов’’

Кино на отворено

Проекција: Медена земја

21:00 | Плато Млечен

Евергрин вечер со Дац и Александар

Специјални гостинки: Маријана и Росана

Промоција на заедничката песна „Засекогаш млади’’

25 АВГУСТ | ВТОРНИК

19:00 | Плато Млечен

ReART - патувачка изложба

20:00 | Плато Млечен

Диџеј-програма

20:00 | Двор на ООУ „Петар Поп Арсов“

Кино на отворено

Проекција: Te Dua жими мене

21:00 | Плато Млечен

Balkan Jam

26 АВГУСТ | СРЕДА

14:00 | Хол на Општина Карпош

Квартет „Полихимниа“ - концерт

19:00 | Плато Млечен

КУД „Мирче Ацев’’ - меѓународен фолклорен фестивал

20:00 | Двор на ООУ „Петар Поп Арсов’’

Кино на отворено

Проекција: Исцелител

21:00 | Плато Млечен

Игор Џамбазов и Гуру Харе

27 АВГУСТ | ЧЕТВРТОК

19:00 | Плато Млечен

Хор „Фрида’’

Проект: „Песната е лек’’

19:30 | Плато Млечен

Изложба на отворено

„Карпош помеѓу боите и генерациите’’

20:00 | Двор на ООУ „Петар Поп Арсов’’

Кино на отворено

Проекција: Балкан Кан

21:00 | Плато Млечен

Day Off

29 АВГУСТ | САБОТА

09.00 | Бардовци

Фудбалски терен на ФК Лепенец (бардовци)

Дводневен (викенд) фудбалски турнир

20:00 | Бардовци

КУД „Етнос’’

21:00 | Бардовци

Фолк вечер

Душко Георгиевски

Зуица Лазова

Миле Кузмановски

30 АВГУСТ | НЕДЕЛА

11:00 | Хол на Општина Карпош

Ерхан Шукри - концерт

Изложба на уметнички дела

ReART - патувачка изложба, поставка во холот

Изложба на плакати од претставите на Горан Стефановски

Дело од Детскиот ликовен центар

Дело од ликовната колонија „Нерешки мајстори’’

Дело од изложбата на отворено

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Герасимовски: Општина Центар отсега и на вашиот телефон – нова мобилна апликација за граѓаните

Општина Центар – Скопје ја пушта во употреба својата официјална мобилна апликација, преку која граѓаните на едно место ќе имаат пристап до најважните информации, услуги и дигитални алатки на Општината.

Герасимовски: Општина Центар отсега и на вашиот телефон – нова мобилна апликација за граѓаните

Апликацијата во моментов е достапна за преземање на App Store за корисниците на iOS, а во следните неколку дена ќе биде достапна и за Android корисниците преку Google Play.

Новата апликација е уште еден чекор во процесот на дигитализација и има за цел да ја направи комуникацијата со Општината побрза, поедноставна и подостапна. Преку мобилен телефон, граѓаните ќе можат да ги следат актуелните вести, соопштенија, настани и јавни повици, но и директно да пристапат до електронските услуги и сервисите што ги нуди Општина Центар.

Градоначалникот Горан Герасимовски истакна дека со новата апликација Општината продолжува со воведување современи решенија кои им заштедуваат време на граѓаните и им овозможуваат полесен пристап до информациите и услугите.

„Сакаме Општина Центар да биде достапна за граѓаните секогаш кога им е потребна. Наместо да пребаруваат на повеќе места или да доаѓаат во Општината за секоја информација, сега најважните услуги и информации ќе ги имаат директно на својот телефон. Со новата апликација правиме уште еден чекор кон поотворена, поефикасна и подигитална општина, во која граѓанинот е во центарот на услугите“, изјави Герасимовски.

Преку апликацијата е овозможен брз пристап до ГИС Порталот, е-Урбанизам и е-Дозволи, „Мој Буџет“, како и до сите општински услуги организирани по категории, со можност за брзо пребарување.

На едно место се достапни и општинските документи, обрасци и одлуки, како и сите потребни контакт информации – адреса, телефон, електронска пошта и работно време на Општината.

Посебен дел е предвиден за директна комуникација со граѓаните, преку кој тие ќе можат да пријават проблем или да испратат предлог до Општината. Достапни се и корисни линкови за пристап до информации од јавен карактер, пријавување корупција, отворени податоци и граѓански буџет.

Апликацијата е наменета не само за жителите на Општина Центар, туку и за сите кои работат, престојуваат или секојдневно го посетуваат центарот на Скопје.

Со новата мобилна апликација, Општина Центар продолжува со дигитализацијата на услугите и со создавање модерна, отворена и достапна општина која им го олеснува секојдневието на граѓаните.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер