Гудачкото трио „Инвентио“ вечерва во „Света Софија“ во рамки на „Охридско лето“ - Канал 5

Гудачкото трио „Инвентио“ вечерва во „Света Софија“ во рамки на „Охридско лето“

Годинашното фестивалско издание „Охридско лето“ продолжува со содржина од музичкиот дел, овојпат со концертот на италијанското трио „Инвентио“, со уметничките Јулиа Беринскаја и Валентина Данелон на виолина и Ана Серова на виола. 

Гудачкото трио „Инвентио“ вечерва во „Света Софија“ во рамки на „Охридско лето“

Јулија Беринскаја е родена во уметничко и музичко семејство, нејзиниот раскошен талент е откриен на рана возраст од нејзиниот татко Сереј Берински, кој е еден од најзначајните композитори на 20 век во Москва и Русија. Нејзиниот потенцијал е култивиран преку работата и часовите со меѓународно признати педагози и уметници како Е. Чугаева и В. Третјаков, квартетот „Бородин“, Московското трио, кои придонесуваат Јулија да дипломира со највисоки оценки на конзерваториумот „Чајковски“ во Москва, а потоа да продолжи да се усовршува на Високата школа за музика во Виена во класата на Д. Шварцберг.

Нејзината брилијантна кариера како солист, камерен музичар и педагог ја носи во Италија, Холандија, Швајцарија, Франција, Германија, поранешна Југославија, САД, Израел, Русија..., каде настапува со оркестри како „Верди“ во Милано, оркестарот на Миланскиот конзерваториум, оркестарот „Амадеус“ во Москва, Филхармонијата во Свердловск, оркестарот „I Musici” во Парма и други. Како камерен музичар настапува на некои од најзначајните фестивали во Италија и Европа делејќи ја сцената со музичари од рангот на С. Крилов, Ј. Башмет, Д. Коен, В. Менделсон, Ф. Липс.

Јулија редовно одржува мајсторски курсеви во Мендрисио (Швајцарија), Темишвар (Романија), Родос (Грција), Мулин де Анде (Франција), Портогруаро (Италија), а има основано и сопствен курс за виолина на Мајсторската школа во Милано, и редовно е во жири комисии на меѓународни натпревари. Како концерт мајстор настапувала со оркестрите на театарот „Сан Карло“ во Неапол, оркестарот на Тренто и Болцано, Оркестарот на Ерл (Австрија), Театарот „Ла Фениче“ во Венеција и Љубљанската филхармонија. Има остварено повеќе снимки за музички куќи во Германија, Италија и Русија. Јулија Беринскаја е доцент на музичката школа „Клаудио Абадо“ во Милано како и на Мајсторската музичка школа во Милано.

Валентина Данелон е родена во 1985 година и дипломира виолина со почести на Конзерваториумот за музика во Кастелфранко Венето во класата на Мишел Лот. Продолжува да студира педагогија на Универзитетот за музика во Лугано, а се усовршува со Јулија Беринскаја и Ренато Занетович. Студира и камерна музика на Интернационалната школа за камерна музика под водство на Триото „Триесте“, во дуо со Беатриче Орланди а под менторство на Ренато Занетович, Дарио де Роса, Морин Џонс и триото „Парма“.

Како солист настапува со „Солисти Венети“ Камерниот оркестар „Бузони“ од Трст, Симфонискиот оркестар „Наонис“ и др. Добитничка е на повеќе награди и признанија како прва награда на натпреварот за камерна музика „Роспиљиоси“, награда на натпреварот за камерна музика „Лилиан Карајан“, награда на натпреварот „Канети“ во Франција и др. Остварува настапи на фестивали во Европа, Русија, САД, Јужна Америка, Кина и Јапонија. По успешно положените аудиции соработува како оркестарски музичар со оркестарот на театарот „Ла Фениче“ во Венеција, со Националниот италијански оркестар РАИ, со „Солисти Венети“ со диригенти како Чунг, Гардинер, Темриканов, Валчуха и други. Од 2020 година заедно со Стефан Миленковиќ е уметнички директор на Меѓународниот фестивaл „Звуците на местата“ во Удине, Италија.

Виолистката Ана Серова како уникатна фигура на меѓународната сцена како солист и камерен музичар, добива посвети на дела од некои од најзначајните композитори на денешницата. Всушност пишувајќи конкретно за неа, тие создаваат еден нов жанр кој ги спојува формата на концертната пиеса со театарската игра.

Откако ги завршува студиите со Владимир Стопичев, Бруни Гиурана и Јури Башмет, Ана Серова започнува брилијантна кариера како камерен музичар и солист, настапувајќи во концертните сезони на оркестрите и на фестивали во Италија.

Настапува со многу руски, европски и оркестри во Јужна Америка, а како камерен музичар настапува со Иври Гитилс, Бруно Гиурана, Салваторе Акардо, Роко Филипини, Ремис Азоитеи и други. Снима за музичките издавачки куќи „Дека“, „Наксос“, „Брилијант класикс“, „Велут Луна и Ред дрес“, а снимките се одлично оценети од критиката. Во јуни 2006 година администрацијата на градот Краснојарск и ја доделува титулата Аташе за култура и трговија.

Ана Серов е професор по виола и камерна музика на Итернационалната академија „Пероси“ во Бела (Италија), а одржува мајсторски курсеви низ цела Италија, Русија и Јужна Америка.

Концертот на триото „Инвентио“ е во катедралната црква „Света Софија“, со почеток во стандардниот фестивалски термин од 21 часот. На програмата се избрани дела на Бах, Де Берио, Дворжак, Танејев. /МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Џенифер Лопез позира во боди со длабоко деколте (ФОТО)

Џенифер Лопез повторно привлече внимание со објава на Инстаграм.

Џенифер Лопез позира во боди со длабоко деколте (ФОТО)

57-годишната пејачка сподели неколку фотографии по тренинг, на кои позира во кафеаво боди со длабоко деколте. Освен што ја покажува својата фигура, таа откри и со што сака да се почасти по тренингот - колачиња и млеко.

„Вежбајте и јадете колачиња. Рамнотежа“, напиша таа покрај фотографиите.

Во коментарите набрзо почнаа да го фалат нејзиниот изглед. „Прекрасна жена“, „Совршенство“ и „Ти си мојата најголема инспирација“ се само дел од пораките што ги оставија нејзините следбеници.

Најави концертен филм

Лопез го претстави и својот нов проект, концертниот филм „The JLO Show: Live in Las Vegas“, кој ги носи најинтересните моменти од нејзините настапи во Лас Вегас оваа година.

Премиерата е закажана за Денот на благодарноста, 26 ноември, на американската телевизиска мрежа „CBS“ и стриминг платформата „Paramount+“. „Со ова шоу, сакам да раскажам кратка приказна и да им оддам почит на сите забавувачи кои стоеле на оваа сцена пред мене“, рече Лопез во најавата.

Таа се подготвувала за настапи до 13 часа на ден

Пред премиерата, пејачката и порача на публиката да не престанува да танцува, без оглед на животните предизвици.

Таа ја одржа својата последна серија концерти во Лас Вегас во март, а подготовките, според извори за Дејли Меил, биле исклучително напорни. Наводно, таа вежбала кореографија со танчерите во танцово студио во Северен Холивуд до 13 часа на ден, сакајќи да ѝ пружи на публиката најдобра можна изведба.

Извор: Индекс.хр

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Спортски автомобил во кој возачот седи како мотоциклист (ФОТО)

„Sanrivatti One“ е хипер автомобил со V10 мотор од 800 КС и необична положба за возење.

Спортски автомобил во кој возачот седи како мотоциклист (ФОТО)

„Sanrivatti One“ е нов хипер автомобил дизајниран исклучиво за возење на тркачки патеки, а неговата најголема карактеристика не е моторот, туку сосема поинаква положба за возење.

Наместо вообичаената положба за седење, возачот „лежи“ на стомак, со рацете испружени кон воланот и нозете повлечени назад кон педалите.

Проектот го презентираше Сантијаго Санчез Риверо, кој го нарече овој аранжман „Apex Position“.

Инспирацијата доаѓа од мотоциклистичките трки, а целта е да му се обезбеди на возачот значително подобро видно поле.

Според конструкторите, вертикалното видно поле е 28 степени, додека кај хипер автомобилот што се користи за споредба е 15,5 степени.

И покрај својата необична позиција, „Sanrivatti One“ задржува класичен волан и педали, наместо џојстици што се користат во некои експериментални тркачки автомобили.

Бидејќи овој автомобил е без преседан, купувачите ќе мора да поминат низ посебна програма за обука. Санчез Риверо планира да организира еден вид клуб каде што сопствениците ќе научат како да го возат автомобилот.

Под каросеријата инспирирана од борбен авион се наоѓа атмосферски 5,5-литарски „Judd V10“ мотор. Целната моќност е 800 КС при 9.000 вртежи во минута, со околу 700 Nm вртежен момент.

Моќта се пренесува на тркалата преку секвенцијален шестстепен менувач „Hewland“.

Конструкцијата е базирана на карбонски монокок, а целната тежина без течности е само 1.100 кг. Дизајнираната максимална брзина е 322 км/ч.

Важно е да се напомене дека сите горенаведени бројки се целни вредности засега, бидејќи развојот, тестирањето и хомологацијата се уште се во тек.

Првите испораки до клиентите не се очекуваат до 2030 година. Дотогаш, малиот тим зад проектот ќе треба да докаже дека необичната положба на возење всушност носи предности на тркачката патека.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Насилни судири во Берлин: Полицијата ги удира демонстрантите (ВИДЕО)

Нов протест на иницијативата „Gen Z regelt“ во Берлин во саботата навечер доведе до судири меѓу демонстрантите и полицијата.

Насилни судири во Берлин: Полицијата ги удира демонстрантите (ВИДЕО)

Видео објавено на социјалната мрежа „X“ покажува како полицијата турка и совладува група млади луѓе во вагон на метрото.

Според полициските податоци, околу 1.200 луѓе поминале низ западниот дел на Берлин во еден момент, иако собирот бил регистриран само за 100 учесници.

Колоната тргнала околу 17 часот од Савињи Плејс во областа Шарлоттенбург, поминала по Курфирстендам и се разотишла на станицата Халенсе, објавува Тагесшпигел .

Портпаролката на полицијата изјави во недела наутро дека 20 лица се привремено уапсени, вклучително и за поставување огномет, отпор при апсење и напад на полицајци.

Поднесени се 28 кривични пријави, вклучително и за нарушување на јавниот ред, напад на службени лица и кршење на прописите за експлозиви.

Тројца полицајци се повредени, додека полицијата не даде информации за повредени демонстранти.

Портпаролката додаде дека податоците сè уште се обработуваат и дека бројките би можеле да се променат.

Обид за пробивање на полицискиот кордон

Како што објави полицијата на својот „WhatsApp“ канал, учесниците се обиделе да го пробијат полицискиот кордон на чело на колоната пред да тргнат.

Полицијата ги запрела со туркање и удирање со тупаници.

На теренот имало околу 700 полицајци, а колоната била запрена неколку пати за време на нејзиното движење.

На митингот биле извикувани слогани против Израел и германскиот канцелар Фридрих Мерц, додека полицијата изјави дека неколку пати биле скандирани и слогани против полицијата.

Тагесшпигел пишува дека биле видени палестински и курдски знамиња и дека митингот не бил исклучиво студентски протест, бидејќи присуствувале и левичарски групи и пропалестински активисти.

Организаторите го опишаа митингот како мирен и се дистанцираа од насилство и екстремизам.

Портпаролката на полицијата рече дека протестот бил во голема мера мирен и дека нема оштетени продавници на Курфирстендам.

Најавен е европски штрајк на младите

Иницијативата „Gen Z regelt“ протестира против лошите услови во училиштата, задолжителната воена служба и намалувањата на универзитетите и социјалното осигурување.

На крајот на октомври, таа организираше протести во повеќе од 30 германски градови, а во Берлин, околу 5.000 луѓе се собраа пред Бранденбуршката порта, според полициските податоци.

Најавен е европски штрајк на младите за 20 ноември, а организаторите пријавија 15.000 учесници само во Берлин.

Се очекуваат протести и во Франција, Италија, Шпанија, Белгија и Обединетото Кралство.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер