ЗдравјеГубењето мирис по прележан ковид може да трае и повеќе од годинаГраѓани по прележувањето на Ковид 19 се повеќе бараат совети зошто и по шест, а кај некои и повеќе месеци немаат чувствство за мирис или одредена храна им мириса сосема различно од пред заразата со ковид. Пост-ковид невролошките проблеми се повеќе се присутни кај граѓаните. Доктор Даниела Ристиќ Стомнароска од болницата „8 септември“ објаснува дека повеќе од 50% од прележаните од ковид се жалат на немање чувство за мирис, главоболки, слаба концентрација, вртоглавица и зголемен е бројот на мозочни удари. Она што е загрижувачки според неа е состојбата со пост-ковид мозочни удари. Ристиќ вели дека само со редовни контроли може да се спречат вакви состојби. И од интерените клиники објаснуваат дека постковидот како мултиорганско заболување создава проблеми со белите дробови, стомакот, а на кожната клиника се повеќе пациенти доѓаат со паѓање на косата по прележувањето на ковид вирусот. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЉутков: СДС може да оспорува, но Скопје 2014 денес е најпосетувана туристичка атракција Криминалниот ум криминално размислува!Кога ќе останете без аргументи, најлесно е да измислувате приказни и да ги обвинувате другите. Тоа не ја менува вистината. Госпоѓо Костадиновска-Стојчевска, додека бевте министер, ветувавте проект вреден 150 милиони евра за Скопје 2028. Денес јавноста има право да постави неколку едноставни прашања: Како дојдовте до сумата од 150 милиони евра? На што се темелеше таа финансиска проценка? Од кои извори требаше да се обезбедат средствата? Каде конкретно требаше да бидат инвестирани тие 150 милиони евра? Дали Владата донесе одлука со која ги обезбеди тие средства или стануваше збор за политичко ветување без финансиска подлога? Па вие и Брисел го излажавте како што денес пробувате да ја иманипулилирате јавноста. Моравме да патуваме неколку пати во Брисел да ја спасуваме титулата! Тоа се прашања на кои јавноста заслужува одговор. За време на вашиот мандат не видовме капитални културни проекти што ќе останат како трајна вредност. Наместо конкретни резултати, останаа големи ветувања и многу политички изјави. Ако денес зборувате за транспарентност, тогаш одговорете и јавноста и на следниве прашања: како беа избрани фирмите и невладините во самата апликација и како беа избрани надворешните соработници вклучени во подготовката на апликацијата за Скопје 2028? Кои беа критериумите? Како беше обезбедена транспарентноста на целиот процес? Тоа се легитимни прашања што заслужуваат јасни одговори. Наместо да ја напаѓате сегашната работа, соочете се со сопствениот мандат. Граѓаните најдобро знаат да ја препознаат разликата меѓу големите ветувања и реалните резултати. И уште нешто – колку и да го оспорувате, Скопје 2014 денес е една од најпосетуваните туристички атракции во главниот град. За тоа зборуваат посетителите и туристичкиот интерес, а не политичките квалификации, објави на ФБ доскорешниот министер за култура, Зоран Љутков. . Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиНови три случаи на вирусот „западен нил“ кој го шират комарците во Скопје15:00Епидемијата во Гостивар се смирува - водата ќе може да се пие до крајот на неделава 15:00МЗ: Во јавните здравствени установи во Гостивар, вчера се прегледани 71 пациент13:33Забраната за вода во Гостивар останува во сила до добивање три последователни исправни анализи08:55Паѓа цената на нафтата на светските берзи: Барел Брент се стабилизира на околу 85 долари15:00
СветПротести во Тел Авив против насилството на Западниот Брег (ВИДЕО)Во Тел Авив се одржаа протести против насилството на израелските доселеници на окупираниот Западен Брег, а за време на маршот низ градот дојде до конфликт со полицијата која што постави блокади на патиштата. Протестот е организиран поради, според учесниците, сѐ позачестените напади врз палестинските заедници, пишува Euronews. Полициски блокади во центарот на градот Обилни полициски сили го обезбедија протестниот марш и блокираа делови од планираната рута во центарот на Тел Авив. Снимките покажуваат демонстранти како се движат низ улиците пред полицијата да им го блокира патот. Насобраните извикуваа слогани и носеа транспаренти со кои се осудува насилството на Западниот Брег. אתמול עמדנו יחד בתל אביב, מאות יהודים וערבים נגד טרור המתנחלים - זרוע טרור ממומנת ומגובה על ידי ממשלת המוות. המאבק הזה גדל. ויותר מאיתנו מסרבים לשתוק ולוותר על עתיד של שלום, שוויון וביטחון לכולנו. נמשיך להתארגן, עד שנשים סוף למדיניות מלחמת הנצח. לטרוריסטים המתנחלים אולי יש את… pic.twitter.com/YTYpjm3JAB — עומדים ביחד نقف معًا Standing Together🟣 (@omdimbeyachad) July 29, 2026 Меѓу нив имаше учесници кои носеа маски со ликот на американскиот претседател Доналд Трамп и израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху. עכשיו בהבימה! משטרת בן גביר מפזרת אותנו באלימות! למה? כי העזנו לדרוש סוף לטרור המתנחלים. איפה הם כשצריך אותם באמת?! pic.twitter.com/UELivcpuQN — עומדים ביחד نقف معًا Standing Together🟣 (@omdimbeyachad) July 28, 2026 Обвинувања против власта Организаторите рекоа дека собирот е реакција на зголеменото насилство од страна на израелските доселеници во последните месеци. Тие ја обвинуваат владата дека не прави доволно за да ги заштити палестинските заедници и бараат построги мерки против одговорните за нападите. NOW IN TLV: Hundreds and Jews and Palestinians are protesting against settler terror in the occupied West Bank pic.twitter.com/ubeeK4GIua — עומדים ביחד نقف معًا Standing Together🟣 (@omdimbeyachad) July 28, 2026 Тагови: Западниот Брег Тел Авив Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Шоу бизДевојката на Лиам Пејн ја отстрани тетоважата посветена на пејачот (ФОТО)Кејт Касиди, девојката на покојниот пејач Лиам Пејн, почна да отстранува тетоважа посветена на него.На својот Инстаграм профил во вторник објави фотографија од студио за ласерско отстранување тетоважи во Мајами, заедно со која сподели видео од самата процедура. Ласер е нацртан врз бројот „444“ на нејзината рака, тетоважа во чест на Пејн по неговата смрт во 2024 година. Привремено отстранување Касиди набрзо ја објасни својата одлука. Таа рече дека отстранува неколку тетоважи кои биле лошо изведени, но дека планира повторно да ги истетовира со текот на времето. Откако ја истетовирала споменатата серија броеви пред речиси две години, медиумите пишуваа дека тоа е нивниот „ангелски број“ кој симболизира љубов и поддршка. Оваа инфлуенсерка има уште неколку тетоважи посветени на Пејн. Меѓу нив се ангелски крилја, бројот четири на домалиот прст од левата рака, иницијалите „LP“ на зглобот и избледена тетоважа со роза на палецот. View this post on Instagram A post shared by Kate Cassidy (@kateecass) Трагичната смрт на пејачот Лиам Пејн, член на One Direction, почина во октомври 2024 година во Буенос Аирес откако падна од балконот на хотелската соба на третиот кат. Една година по неговата смрт, неговата девојка Касиди откри дека ѝ биле потребни речиси два месеци за да се справи со тагата и болката. Таа нагласи дека ѝ требало време да ја прифати трагедијата и да се обиде да продолжи со животот. Двојката беше заедно две години. Долготраен и скап процес Иако цртежите на телото на Кејт Касиди не се големи, па затоа неколку третмани веројатно ќе бидат доволни за да ги отстранат, самиот процес не е едноставен. За споредба, комичарот Пит Дејвидсон потрошил близу 200.000 долари за да ги отстрани повеќето од своите тетоважи. Тој работи на тоа шест години, а се проценува дека ќе му треба уште една деценија за да го заврши процесот.Тагови: Лиам Пејн Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter