3Петгодишно дете успеало да избега од куќата на ужасот: Живеело во фекалии, влечел кебе натопено во урина
ЖивотГуан Пабло Ескобар: Татко ми не е херој или пример за успешен човек Хуан Пабло Ескобар, познат и како Себастијан Марокин, е писател, архитект, дизајнер, предавач, но и син на еден од своевремено најбараните од силите на редот и Законот и најбогатите луѓе во светот, Пабло Ескобар. Во дијалог со слушателите Хуан зборува за своето животно искуство, за раното детство исполнето со моќ и изобилство од најсурово насилство. - Без сомнение, презимето Ескобар носи многу негативна конотација поради насилните постапки на татко ми во минатото. Меѓутоа, денес, и секој ден последниве 30 години, се будев бирајќи мир. Затоа верувам дека оваа приказна, и покрај нејзиниот огромен мрачен товар, може да ни донесе многу позитивни лекции. Имав необична привилегија да бидам син на Пабло Ескобар. Тој ми беше одличен татко. Имам илјадници писма што ми ги напиша давајќи ми разни совети коишто ме охрабруваа да се образувам, да бидам добар човек, да останам далеку од сè што е лошо, вели синот. Неговиот татко, Пабло Ескобар, некогаш седмиот најбогат човек на светот, е инспирација за бројни книги, филмови, сапунски опери, цртани... Сепак, Ескобар - синот вели дека не е љубител на продукции засновани на ликот и делото на неговиот татко. - Она што не го прифаќам е тоа што ваквите емисии често го прикажуваат како херој, а тоа може да ги збуни младите луѓе, и тие да мислат дека неговите активности се рецепт за успех, појасни Хуан Пабло. Посетувајќи досега над 40 земји во светот, тој говори за добрите и лошите страни на татко сѝ, а едно од позанимливите негови јавни настапи е она со Хорхе Лара - син на министерот за правда Родриго Лара Бониља, чие убиство го нарачал Пабло Ескобар. - Не можам да мразам личност која претрпела последици од една земја, рече тогаш Лара, мислејќи на Хуан Пабло. Ескобар синот, пак, вели дека лично разговарал со околу 150 семејства - жртви на насилството на неговиот татко. - Не сум сретнал некој кој го одбил моето барање прошка во име на татко ми. Ова ме охрабрува да верувам дека мирот не е утопија и дека навистина може да се постигне, вели Хуан Пабло. Тој потсети дека лично сè уште трпи последици од криминалното минато на својот неславен татко. - Чекам 14 години и не можам да се вратам во Колумбија и да ги посетам жртвите на татко ми. Сè уште сум во егзил, но и покрај сè, горд сум што избегнав да станам „помладата верзија“ на татко ми, додаде Хуан Пабло. И книгата на Хуан - „Мојот татко Пабло Ескобар“ раскажува за нивните животи, сосе сите сложени односи што синот ги има со неговата мајка и сестра сѝ. /МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиКос: Македонија е една од најдобрите земји во реформите, но мора да ги донесе уставните измени15:07Николовски: Постигнат е договор со Швајцарија, Хрватска и Романија , а во тек се преговори и со други земји11:08Стевчо Јакимовски доброволно замина во затворот „Скопје“ 18:05Истекува крајниот рок за Изборниот законик партиите останаа без договор15:00Мицкоски: Изборниот законик е дел од реформите за ЕУ, тоа јасно го кажа еврокомесарката Март Кос12:08
Николовски: Постигнат е договор со Швајцарија, Хрватска и Романија , а во тек се преговори и со други земји11:08
Мицкоски: Изборниот законик е дел од реформите за ЕУ, тоа јасно го кажа еврокомесарката Март Кос12:08
ХороскопДневен хороскоп за 17. јули 2026 година Дневен хороскоп за петок, 17. јули 2026 година. Рак 22.6-22.7. Љубов Веќе сфативте дека не треба да форсирате , па таа формула ќе ја искористите и на својата врска. Така ќе ја подобрите. Кариера Осмислете подобар план за соработка со другите. Знаете да се изразите , но користете повеќе тактичност. Здравје и совет Некои ќе запливаат. Лав 23.7-22.8. Љубов Препуштете им на лицата во кои имате доверба да ве упатат каде што треба. Тие ќе знаат подобро од вас. Кариера Кога ќе помислите на деловните планови , веднаш ве заболува главата , зашто има малку работи што останале да се изконтролираат. Здравје и совет Бидете трпеливи. Девица 23.8.-23.9. Љубов Ќе балансирате меѓу своите желби и реалните можности. Ништо нема да се прави на сила , туку само со трпение. Кариера Со олеснување ќе ги прифатите извештаите за напредок , од кој и вие сте дел. Тоа ќе биде дополнителен поттик. Здравје и совет Издржете. Вага 24.9.-23.10 Љубов Вашата љубовна приказна ќе продолжи да се развива , на ваша радост. Затоа дотерајте се и излезете во друштво. Кариера Времето работи за вас , а вие му се препуштате со полна доверба Чувствувате дека вашите пет минути допрва доаѓаат. Здравје и совет Сакајте ги луѓето. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Еден член на вешето пошироко семејство денеска од вас ќе бара повеќе внимание и ангажман. Кариера Ќе бидете занесени и ќе мислите дека секој проблем ќе го решите со леснотија. Во добар дел имате право. Здравје и совет Наспијте се . Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Веројатно денеска ќе блескате и ќе зрачите со чувства. Многумина без резервно ќе си ја отворат душата. Кариера Денеска ќе се позанимавате со можноста за вложување во работата што моментално ја работите. Ќе барате спонзори. Здравје и совет Не морате постојано да војувате. Јарец 22.12.-20.1. Љубов Саканата личност денеска би можела да се жали и да приговара со тага. Ќе и попуштате и ќе ии дадете утеха и таму каде што не треба. Кариера Ќе одите на опцијата што ви дава најголем простор, но и уживање во работата. Здравје и совет Ќе уживате во убавниот ден. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Пред вас е одличен ден за секој вид дружење и забава. Посебно ќе бидат расположени младите или оние кои така се чувствуваат. Кариера Ви се чини дека е потребно само малку за вашите таленти да излезат на површина и да светнат. Здравје и совет Одете таму каде што ви е убаво. Риби 20.2.- 20.3. Љубов Имате право да прашате и она што не е вообичаено. Довербата во вашиот однос е толкав , што може да си дозволите секакви прашања. Кариера Можеби ќе ве пофалат , но во најлош случај вашите идеи ќе бидат прифатени и сфатени сериозно. Здравје и совет Одете во природа. Овен 21.3-20.4. Љубов Многумина и денеска убаво ќе се забавуваати ќе откриваат пат до нечие срце . Ќе им оди од рака речиси се што ќе посакаат. Кариера Денеска би можеле да ги забавувате колегите . Со задоволство ќе почнувате смешни разговори со добро расположение и дружба. Здравје и совет Засадете некое растение. Бик 21.4- 20.5. Љубов Ќе продолжите со интензивното поврзување со луѓето , па има голема шанса за запознавање нова личност. Кариера Постојаното качување по скалилата на успехот речиси ве изморило . Имате потреба од опуштање , па ќе ја подзаборавите работата и обврските. Здравје и совет Подобро оптимист , отколку песимист. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Развојот на еден однос постојано ќе ве интригира . Станува збор за личност од работа , со која се почесто си разменувате пораки и знаци. Кариера Многумина денеска ќе ги анализираат своите резултати , уако не е потребно . Се е во најдобар ред. Здравје и совет Бидете поконкретни.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиКос: Македонија е една од најдобрите земји во реформите, но мора да ги донесе уставните измени15:07Николовски: Постигнат е договор со Швајцарија, Хрватска и Романија , а во тек се преговори и со други земји11:08Стевчо Јакимовски доброволно замина во затворот „Скопје“ 18:05Истекува крајниот рок за Изборниот законик партиите останаа без договор15:00Мицкоски: Изборниот законик е дел од реформите за ЕУ, тоа јасно го кажа еврокомесарката Март Кос12:08
Николовски: Постигнат е договор со Швајцарија, Хрватска и Романија , а во тек се преговори и со други земји11:08
Мицкоски: Изборниот законик е дел од реформите за ЕУ, тоа јасно го кажа еврокомесарката Март Кос12:08
МакедонијаИвица Боцевски и Абдулади Вејсели вечерва во „Само вистинаВечерва во „Само вистина“ гости ќе бидат Ивица Боцевски и Абдулади ВејселиКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиКос: Македонија е една од најдобрите земји во реформите, но мора да ги донесе уставните измени15:07Николовски: Постигнат е договор со Швајцарија, Хрватска и Романија , а во тек се преговори и со други земји11:08Стевчо Јакимовски доброволно замина во затворот „Скопје“ 18:05Истекува крајниот рок за Изборниот законик партиите останаа без договор15:00Мицкоски: Изборниот законик е дел од реформите за ЕУ, тоа јасно го кажа еврокомесарката Март Кос12:08
Николовски: Постигнат е договор со Швајцарија, Хрватска и Романија , а во тек се преговори и со други земји11:08
Мицкоски: Изборниот законик е дел од реформите за ЕУ, тоа јасно го кажа еврокомесарката Март Кос12:08
Магазин Мајките што го прават ова често несвесно ги оддалечуваат своите децаСтручните лица предупредуваат на навиките кои, иако потекнуваат од грижа и љубов, може полека да ја нарушат блискоста и довербата во односот на мајките и децата.Еден од најчестите проблеми во однесувањето на мајките е претераната контрола. Кога мајката постојано одлучува наместо детето, го проверува секој негов чекор и не остава простор за самостојност, детето почнува чувствува притисок и губи доверба. Наместо да го дели своето мислење, сè почесто го задржува за себе, а комуникацијата станува површна и формална. Сличен ефект има честата критика, дури и кога е добронамерна. Ако детето постојано слуша што прави погрешно, тоа може да развие чувство дека никогаш не е доволно добро. Со тек на време тоа доведува до повлекување, избегнување разговор, па детето сè поретко бара поддршка од мајката. Психолозите нагласуваат и дека споредбата со друго дете дополнително го влошува односот. Таа кај детето создава чувство на помала вредност и го оддалечува од родителот, бидејќи постојано чувствува како да не е доволно добро во очите на мајката. Проблемот се случува и кога детските емоции се намалуваат и игнорираат. Ако мајката не слуша или веднаш не нуди решенија, детето стекнува впечаток дека не е важно како се чувствува, па со тек на време престанува да ги дели своите внатрешни дилеми и да бара поддршка кога е потребно. Ни претераната заштита не е безопасна. Иако е природно да сакате детето да го поштедите од грешки, тоа без сопствено искуство не развива самостојност, одговорност и сигурност во себе, што подоцна може да ги отежне и неговите односи со другите. Стручните лица порачуваат дека односот не мора да биде совршен, но мора да биде искрен. Кога постои разговор, разбирање и спремност за промена, блискоста не се губи. Децата треба да се чувствуваат сакани и прифатени и кога грешат.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиКос: Македонија е една од најдобрите земји во реформите, но мора да ги донесе уставните измени15:07Николовски: Постигнат е договор со Швајцарија, Хрватска и Романија , а во тек се преговори и со други земји11:08Стевчо Јакимовски доброволно замина во затворот „Скопје“ 18:05Истекува крајниот рок за Изборниот законик партиите останаа без договор15:00Мицкоски: Изборниот законик е дел од реформите за ЕУ, тоа јасно го кажа еврокомесарката Март Кос12:08
Николовски: Постигнат е договор со Швајцарија, Хрватска и Романија , а во тек се преговори и со други земји11:08
Мицкоски: Изборниот законик е дел од реформите за ЕУ, тоа јасно го кажа еврокомесарката Март Кос12:08