Грузиските фудбалери ќе бидат одликувани со Орден на честа за пласман на Евро 2024 - Канал 5

Грузиските фудбалери ќе бидат одликувани со Орден на честа за пласман на Евро 2024

Премиерот на Грузија, Иракли Кобахиџе одлучи фудбалските репрезентативци да добијат Орден на честа за пласман на Европското првенство во 2024 година.

Грузиските фудбалери ќе бидат одликувани со Орден на честа за пласман на Евро 2024

- Лично, како навивач, го чекав овој ден 30 години. А момците ни ја дадоа најголемата среќа. Овие момци се херои и хероите треба да се ценат. Ова се најчесните луѓе и затоа донесовме мала одлука - нашите фудбалери ќе бидат одликувани со Орден на честа, сите! – напиша Кобахиџе на социјалните мрежи.

Грузија синоќа за прв пат избори учество на Европско фудбалско првенство. Прославата во Тбилиси траеше до доцна во ноќта.

На ЕП 2024, Грузија ќе игра во група со Португалија, Чешка и Турција.

Европското фудбалско првенство 2024 ќе се одржи во Германија од 14 јуни до 14 јули./МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Адетокумбо: „Ќе доминирам сезонава“

Грчката НБА ѕвезда,  Јанис Адетокумбо не ги крие своите амбиции пред новата сезона во НБА.

Адетокумбо: „Ќе доминирам сезонава“

Адетокумбо ја дочекува новата сезона во НБА со големи амбиции, откако му се приклучи на тимот на Мајами Хит.

Очекувањата од тимот од Флорида дополнително пораснаа, а Јанис јасно стави до знаење дека сака да биде еден од најдобрите играчи во лигата и да се бори за највисоките цели.

Во видео објавено на официјалните канали на НБА, Адетокумбо одговараше на прашања со кратки изјави, а неговите пораки пред почетокот на сезоната беа многу конкретни.

„Оваа сезона ќе доминирам. Сакам да докажам дека сум еден од најдобрите играчи во НБА. Сакам да им порачам на навивачите дека ќе ја вратиме – жештината (heat)“, рече Адетокумбо, алудирајќи на значењето на името на тимот Мајами Хит.

Зборувајќи за европската кошарка, тој истакна дека таа моментално минува низ еден од најдобрите периоди во својата историја. Што се однесува до неговиот пристап кон новата сезона, пораката е јасна – победувањето е приоритет. „Мојата филозофија за новата сезона е победувањето. Кога ќе се укаже можност, ќе доминирам. Мајами, подгответе се за возбудлива сезона“, изјави Адетокумбо.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Бројот на загинати во земјотресот Индонезија се искачи на најмалку 47

Бројот на загинати во земјотресот со јачина од 7,7 степени што ја погоди Индонезија во саботата се искачи на најмалку 47, додека десетици луѓе се повредени, а стотици згради се урнаа, соопштија индонезиските власти.

Бројот на загинати во земјотресот  Индонезија  се искачи на најмалку 47

Бројот на загинати во земјотресот со јачина од 7,7 степени што ја погоди Индонезија во саботата се искачи на најмалку 47, додека десетици луѓе се повредени, а стотици згради се урнаа, соопштија индонезиските власти, предупредувајќи дека бројот на жртвите би можел да се зголеми.

Според претходните извештаи, бројот на жртви изнесувал 38. Шефот на Националната агенција за управување со катастрофи, Сухарјанто, изјави дека спасувачките екипи извлекле најмалку 47 тела, главно во областите Сика, Мангарај и Источен Мангарај, додека најмалку 50 лица биле пренесени во болници.

Според него, земјотресот целосно уништил најмалку 157 куќи и оштетил уште речиси 200, поради што околу 2.000 жители морале да ги напуштат своите домови и да се преселат во привремени засолништа.

Оштетени се и многу јавни објекти, вклучително 87 образовни установи, 18 здравствени установи, пет верски објекти, шест владини канцеларии и друга јавна инфраструктура.

Земјотресот, како што пренесува АП, го погоди подрачјето на островот Флорес во 5:58 часот наутро по локално време, на длабочина од 10 километри, соопшти Американскиот геолошки институт (USGS).

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ: Владата останува партнер на работниците

Владата останува партнер на работниците и преку заеднички дијалог и договор се создаваат долгорочни и одржливи решенија за раст на платите.

ВМРО-ДПМНЕ: Владата останува партнер на работниците

Преку институционални решенија и колективно договарање, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ создава услови и долгорочни решенија за зголемување на платите на работниците и го унапредува социјалниот дијалог, а резултати се видливи и мерливи.

Во периодт од две години преку колективни договори со важност до 2028 година се регулираа повеќе од 95 проценти од односите со вработените во јавниот сектор, со што се обезбедуваат стабилност, предвидливост и сигурност за илјадници вработени.

Историски чекор е направен и во администрацијата, така што за првпат по долг период е постигнат договор со синдикатите УПОЗ и САДУ за повисоки плати на административните службеници, кон кој се приклучија и други синдикални организации, со што се создава основа за системско подобрување на статусот и материјалната положба на вработените во администрацијата.

Образованието е еден од сектори каде што има значителен раст на платите, така што од преземањето на обврската Владата да ја предводи ВМРО-ДПМНЕ, платите на просветните работници и на сите вработени во образованието се зголемени за 20 проценти. А, согласно колективниот договор, до крајот на мандатот ќе имаат од 46 до 60 проценти повисоки плати, додека платите на универзитетските професори се зголемени за 14 проценти.

Значително зголемување во здравството се постигна со потпишувањето на анексот на колективниот договор со што се обезбеди повисока плата за сите вработени во македонското здравство така што платите на здравствените работници се зголемени за 4.815 денари нето, додека кај медицинските сестри зголемувањето достигнува 6.200 денари. До крајот на мандатот, согласно договорената динамика, растот на платите треба да достигне до 50 проценти.

Во соработка и дијалог со синдикалните организации за прв пат се постигна колективен договор и во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, кој предвидува зголемување на надоместоците и подобрување на работниот статус на вработените, а поголеми плати се обезбедени и за вработените во безбедносните структури, со јасен план за нивно натамошно зголемување.

Овие резултати се потврда дека Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ останува партнер на работниците и дека преку дијалог и договор се создаваат долгорочни и одржливи решенија, затоа што само со задоволни, сигурни и почитувани вработени можеме да градиме просперитетна и сигурна иднина.

Владата продолжува да работи во интерес на граѓаните, со политики што обезбедуваат раст на платите, сигурни работни места, унапредување на работничките права и стабилен економски развој.

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер