Грузискиот парламент го изгласа контроверзниот „руски закон“, без оглед на масовните протести

Парламентот на Грузија денеска усвои закон со кој се ограничува работата на невладините организации финансирани од странство и покрај масовните протести и претседателското вето.

Во завршниот чин, пратениците во Тбилиси го заобиколија ветото на проевропската претседателка Салома Зурабишвили. Таа рече дека законот со кој се бара од невладините финансирани од странство да се регистрираат како „странски агенти“ е „руски“ по суштина и природа.

Грузискиот парламент го поддржа контроверзниот закон минатата недела и покрај големите протести во Тбилиси и повиците од Европската унија и САД да не го прават тоа.

Илјадници Грузијци протестираа против законот, за кој стравуваат дека ќе го загрози патот на Грузија кон ЕУ и ќе ги замолчи организациите и медиумите кои ја критикуваат владата, како во Русија каде беше донесена слична мерка.

Но, владејачкото мнозинство на крајот го одобри законот со кој се ограничува странското влијание врз невладините организации и го зајакнува надзорот над нив и независните медиуми, кои добиваат повеќе од 20 отсто од нивното финансирање од надвор.

До крајот на неделава жолто и портокалово ниво за опасност од високи температури

 Од утре до недела, како што соопштија од УХМР, земјава ќе биде под влијание на стабилна и многу топла воздушна маса од југ, која ќе предизвика сончево и натпросечно топло време за овој период од годината.

Дневните температури насекаде ќе бидат над 30, а наместа ќе достигнуваат 40 степени.

- Според прогнозираните и пресметаните гранични вредности на екстремни температури од УХМР, на територијата на нашата земја утре ќе биде активно жолто, а во Скопската и Полошката котлина портокалово ниво за опасност од високи температури. Поради натамошен пораст на температурите од четврток насекаде ќе биде активно портокалово ниво, се додава во соопштението од УХМР.

Русија ги започнува воените маневри во Тихиот Океан

Русија започна со поморски маневри во Тихиот Океан, вклучувајќи вежби за борби против подморници и противвоздушни удари, соопшти руското Министерство за одбрана.

Во вежбите учествуваат околу 40 пловни објекти и околу 20 хеликоптери и авиони. Маневрите „ќе продолжат до 28 јуни во водите на Тихиот Океан, Јапонското Море и Охотското Море“, се наведува во соопштението на министерството.

Во различни фази, морнарите ќе изведуваат ракетни напади врз бродски групи на конвенционален непријател, како и ќе одбиваат напади со беспилотни летала и чамци без екипаж, нагласува Министерството. /МИА

Герасимовски: Учениците до 10 години може да бидат згрижени во градинките и за летниот распуст

Општина Центар известува дека учениците до 10 години ќе може да бидат згрижени во градинките за време на летниот распуст до исполнување на капацитетите. 

Денеска Општина Центар потпиша Меморандум за соработка со основните училишта и градинките за меѓусебна поддршка и соработка на проекти и работилници во областа на образованието.

„Преку оваа соработка сакаме да им излеземе во пресрет на сите родители кои поради работните обврски имаат потреба од згрижување на нивните деца до 10 годишна возраст. За таа потреба ги отвораме градинките и за школските деца каде со наставнички од основните училишта ќе имаат едукативни работилници и други активности за време на летниот распуст. Слободните места за упис на дечињата секако зависи од капацитетите на детската градинка“, потенцираше Герасимовски.

Општина Центар информира дека ученици до 10 години ќе може да бидат згрижени во 5 објекти, а за сите дополнителни информации и критериуми родителите може да се информираат во градинките.

Со почит,

Општина Центар

притисни ентер