МакедонијаГрупата „Македонски манифест“ јавно го запали Букурешкиот договорСо палење копии од Букурешкиот договор групата Македонски манифест денеска на плоштадот „Македонија“ во Скопје одбележа 100 години од тој договор, јави МИА. Со договорот, по Балканските војни, Македонија беше распарчена поради што групата упати апел за национално единство за спречување на евентуалниот нов Букурешки договор преку преговорите за името. - Наше основно прашање на овој црн јубилеј е како да се одбраниме од вампиризмот на новиот Букурешт на истите европски сили, кој сака да не докрајчи, сега со замисленото менување на името. Одговорот е само со цврсто национално единство, храброст и самопочит, доблести кои, за жал, денес ги имаат само уште малите и столчени, а не империјалните и суетни народи. Ние групата Македонски манифест за таа цел, под мотото „Името е нашата татковина“, го повикуваме македонскиот народ на единство и натпартиска слога и свест. Го повикуваме да се разбуди и цврсто да застане во исконот на својот идентитет, од кој впрочем и никогаш не излегол, да се побуни против неговата изолација од срамните преговори за името и да им каже не на сите што прават сметка во крчма без него, рече поетот Ефтим Клетников, член на Иницијативниот одбор за формирање на групата Македонски манифест. Според Клетников, со палењето на кобниот Букурешки договор сакаaт да го прогласат како ништовен за нив и да упатат порака до сите што сакаат на најперфиден начин да не ликвидираат дека не сме заспани, туку сме будни пред злото што тропа на нашата врата и дека ќе му се спротивставиме со сите возможни средства. - Мали сме, но не ни недостига храброст и нема да дозволиме безгласно да бидеме ликвидирани како страшливци и малодушници. Ќе се бориме до последниот атом на духот и на силите. Ќе им кажеме на сите сегашни и идни букурешки договори кон Македонија: Смрт! Нашата порака со палењето на кобниот Букурешки договор е упатена до сите моќници што сакаат да не уништат, рече Клетников. Групата Македонски манифест, која ја сочинуваат над 50 интелектуалци, уметници, смета дека решение за наметнатиот спор за името не е можен со оглед дека целта е бришење на Македонците како посебен народ. Тие во својот манифест оценуваат дека е време по 20 години од нефункционалната медијација во Њујорк да се покрене иницијатива за прекинување на преговорите и враќање на уставното име на државата во ОН. Букурешкиот договор е склучен на 10 август 1913 година со кој беше ставен крај на Балканските војни, а територијата на Македонија беше поделена на соседните Грција, Бугарија и Србија.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаАМСМ: Промена на сообраќајниот режим на автопатот Кичево–ОхридНа автопатот Кичево–Охрид, на потегот меѓу Пресека и Песочан, кај клучката Арбиново, од денеска ќе се применува привремена измена на сообраќајниот режим поради работи за санација на левиот коловоз.Од Авто-мото сојузот на Македонија информираат дека на останатите државни патишта сообраќајот се одвива без пречки, при претежно суви коловози. Сообраќајот надвор од населените места е со умерен интензитет, додека на граничните премини од македонска страна засега нема подолги задржувања.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
БалканПоднесена иницијатива за забрана на емитување на „Информер“, студентите бараат оставки во РТСДодека се чека формирање на новата српска влада, притисокот се сели врз дел од медиумите.. Студентската листа преку отворено писмо побара оставки од раководството и главните уредници на Радио-Телевизија Србија.. Во исто време, повеќе граѓански организации и медиумски здруженија во Србија поднесоа до Регулаторното тело за електронски медиуми (РЕМ) иницијатива за одземање на лиценцата за емитување на ТВ Информер, поради како што се наведува, долгогодишно кршење на медиумските закони и професионалната етика, во корист на актуелната влада. По упадот на поголема група граѓани во Информер, доскорешниот претседател Александар Вучиќ предупреди дека ако државата не реагира, тие како партија, ќе ја преземат правдата во свои раце..Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиТерористички напад пред израелската амбасада во Белград08:2876-годишна жена убиена во својот дом во Ѓорче Петров 15:00Убиена пензионерка во Ѓорче Петров12:30Од полноќ бензините поевтини за пет денари за литар, дизелот останува со иста цена08:44Граѓани се собраа пред телевизијата Пинк, фрлаа јајца кон зградата (ВИДЕО)21:39
БалканТерористички напад пред израелската амбасада во БелградТерористички напад се случи пред израелската амбасада во Белград.Малолетник, за кој се сомнева дека е од Шабац, ја нападнал полицијата со два ножа пренесува Радио Телевизија Србија .Според српските власти, напаѓачот извикувал „Алаху акбар“.Припадникот на полицијата го усмртил напаѓачот во самоодбрана. Полицаецот бил полесно повреден во инцидентот.министерот за внатрешни работи на Србија Ивица Дачиќ соопшти дека безбедносните служби го следеле осомничениот. Според првичните информации, тој бил поврзуван со Исламската држава.По нападот, Србија го подигна нивото на терористичка закана на црвено ниво.Засилено е полициското присуство на клучни локации и инфраструктурни објекти.Дополнителни безбедносни контроли се спроведуваат и на места со поголема концентрација на граѓани.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook