Групација за производство на цигари при Стопанската комора: Предложениот закон за заштита од пушење сериозно ќе загрози значајни сегменти од индустријата - Канал 5

Групација за производство на цигари при Стопанската комора: Предложениот закон за заштита од пушење сериозно ќе загрози значајни сегменти од индустријата

-Предложениот закон за заштита од пушење сериозно ќе загрози значајни сегменти од индустријата, бизнис секторот и економијата.

Групација за производство на цигари при Стопанската комора: Предложениот закон за заштита од пушење сериозно ќе загрози значајни сегменти од индустријата

Групацијата за производство на цигари, која е дел од Здружението на производители на тутун и производи од тутун во рамките на Стопанската комора на Македонија, ја поздрави иницијативата на Министерството за здравство за модернизација на постојниот Закон за заштита од пушење гледајќи го како нормален чекор кон адаптирање на домашната пазарна реалност, но смета дека вака предложениот нацрт-закон ќе создаде правна неусогласеност (или ретроградност во усогласување со постојната законска регулатива), загрозување на индустријата, удар врз малите и средни бизниси, како и поттикнување на нелегалната трговија, се наведува во соопштението на Групацијата.

Оваа Групација јавно излезе со заеднички став во однос на предложените новини во Законот во кој ги истакна своите забелешки и барања, меѓу кои сите засегнати страни да бидат активно вклучени во изработката на законското решение, но и разумен период за имплементација и приспособување кон новите измени. На овој начин ќе се избегнат сериозни нормативно-правни, финансиски и економски последици. Во оваа насока, Групацијата истакнува дека со својата докажана глобална експертиза и научно компаративното искуство може активно и конструктивно да придонесе кон доусогласување на законскиот предлог.

Според Групацијата, нацрт-законот за заштита од пушење е направен според словенечкиот модел, но тој не може да биде применлив во земјава, пред сé бидејќи двете држави се разликуваат по многу параметри: во Македонија суровиот тутун е стратешка земјоделска култура чие одгледување, производство и откуп се стимулирани од државата, имено во историски најголем обем на откуп и цена. Во земјава активно работат две фабрики за производство на тутунски производи, кои придонесуваат со голем удел во приходите во државниот буџет, извозниот капацитет и вработуваат неколку стотини македонски граѓани.

Тоа што е заедничко со Словенија е дека и Република Македонија, како земја кандидат во ЕУ, е под постојан мониторинг и евалуација на позитивното законодавство од страна на телата на ЕУ задолжени за проширување, кои до сега нотирале позитивен напредок и висок степен на усогласеност со ЕУ директивите. Еден таков закон е Законот за тутун, тутунски и сродни производи.

Од Групацијата за производство на цигари нагласуваат дека постојното законско решение во однос на заштитата од пушење е креирано во време кога на домашниот пазар беа присутни само цигарите и во мал дел другите согорливи тутунски производи. Во меѓувреме, индустријата еволуира и се трансформира, вложувајќи огромни инвестиции во нови технологии, иновации и истражувања, поради што има потреба од проширување на законското решение во кое ќе се вклучат сите нови категории на производи, применети најдобрите европски и светски пракси и во кое ќе се применат најсоодветните решенија за намалување на штетноста од тутунскиот чад.

Еден од најголемите недостатоци со предложување на комплетно нов текст на Законот за заштита од пушење е нормативно-правната неусогласеност со позитивните закони и прописи кои ја регулираат оваа проблематика, особено со Законот за тутун, тутунски и сродни производи. Новиот нацрт-закон содржи многу недоследности во клучните дефиниции, со што прави правна забуна во многу области, наспроти желбата да се осврне на јавно-здравствениот момент. Оваа неусогласеност особено е изразена во изедначувањето на цигарите и алтернативните тутунски производи, кои во новиот нацрт-закон се ставаат во една иста категорија, што е апсолутно неточно бидејќи овие категории веќе се посебно дефинирани во постојниот Закон за тутун, производи од тутун и сродни производи. Изедначувањето на сите категории производи и особенo, внесувањето новокреирани нејасни термини, претставува назадување на постојната воспоставена регулаторна рамка.

- Во контекст на споменатото е занемарувањето на бројни светски, регионални и локални истражувања кои докажале дека има значителна разлика меѓу цигарите и производите без чад - објаснуваат од Групацијата.

Вториот значаен аспект на предложеното законско решение е сериозното негативно влијание врз целокупната економија во земјата, малите и средните претпријатија, но и врз приливите во државниот буџет. Дополнително, се очекува забраните на домашниот пазар да ја поттикнат нелегалната трговија на тутунски производи во земјава, што исто така негативно ќе влијае врз државниот буџет. Групацијата истакнува дека нацрт-законот ќе доведе до сигурно намалување на работните места во тутунската индустрија и угостителскиот сектор, како и тежок удар врз малопродажниот трговски сектор, кој се очекува да ја загрози егзистенцијата на повеќе од 4.000 малопродажни места во државата, од кои голем дел се мали и семејни бизниси, без притоа да понуди модел решение и транзиционен период за прилагодување на тековната работа и залихи во сите канали.

- Забраната би предизвикала сериозни финансиски последици врз малите семејни бизниси (тобака, мини маркети), намалена продажба, но и поттикнување нелегална трговија. Дополнително, забраната би предизвикала спротивен ефект од она што ние со години се обидуваме да го постигнеме - контролирана комуникација и обучен вработен кадар кој се грижи информацијата да стигне само до полнолетните корисници. Слично е и со забраната на производи со ароми и вкусови, која, како и кај другите забрани, нема да доведе до намалување на бројот на пушачи, туку само до намалување на приходите и поттикнување нелегална трговија, што се покажа во повеќето земји во кои се забранети аромите и вкусовите, како што е и Словенија - велат од Групацијата.

Третиот голем недостаток на нацрт-законот е што не нуди решенија и прецизирање наспроти многубројните новововедени забрани за тоа како да се имплементираат предложените мерки во пракса, што остава простор за сериозни недоречености и несигурност при примената на законот. Во овој контекст, недоволно прецизно и јасно се дефинирани и локациите на кои е забрането и тие на кои е дозволено пушењето и користењето алтернативни тутунски производи, што ќе овозможи различни толкувања од страна на бројните инспекциски служби и реален проблем при спроведување на прописот.

Групацијата истакнува дека е неопходна темелна доработка и усогласување на нацрт-законот со македонската економска реалност и со принципите за намалување на штетноста, односно потребно е Законот да се донесе по сериозни и сеопфатни консултации со сите засегнати страни, што ќе овозможи заштита на јавното здравје.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Акциски контроли на подрачјето на Центар во Скопје, констатирани повеќе прекршошци

За сите констатирани прекршоци ќе следуваат соодветни санкции.

Акциски контроли на подрачјето на Центар во Скопје, констатирани повеќе прекршошци

На 14/15.11.2026 во периодот од 22:00 до 07:00 часот на подрачјето на Центар во Скопје, полициски службеници од ЕВР Центар и Бит Пазар со Државниот пазарен инспекторат спроведоа акциска контрола, при што се констатирани 18 прекршоци по Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, 12 лица се лишени по член 215 од Кривичниот законик, едно лице е лишено за безобѕирно управување моторно возило, три лица се лишени по член 204 од Кривичниот законик, а пет лица се приведени по член 4 и член 6 од ЗППЈРМ. Исто така, за време на активноста бе аизвршени контроли во неколку угостителски објект, при што во еден од нив беа затекнати седум малолетници кои консумираат алкохол. Додека, пак, забележано е дека тобако продава алкохол на малолетници, по што заедно со ДПИ се преземени мерки за санкционирање.

Во истиот период, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје спроведоа контрола на настна техно журка, одржана во подземен паркинг Кресненско востание, при што 65 лица се легитимирани, а извршен е преглед на 13 возила, а е едно лице е лишено по член 215 од Кривичниот законик.

За сите констатирани прекршоци ќе следуваат соодветни санкции.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Историски успех: „SpaceX“ за прв пат го фати „Starship“ (ВИДЕО)

Вселенскиот брод „Starship“ на „SpaceX“ се врати на Земјата во саботата, а џиновските механички раце го фатија во воздух над истата локација во Тексас од која полета 22 часа претходно.

Историски успех: „SpaceX“ за прв пат го фати „Starship“ (ВИДЕО)

Тоа беше прв пат ваков маневар за заробување да биде успешно извршен, откако претходниот обид не успеа, пишува „France24“.

Успех во сенка на неуспехот

Иако заробувањето на самиот „Starship“ беше целта на која се надеваа Елон Маск и неговиот тим, компанијата не успеа да го спроведе планираното двојно заробување. Погонската фаза, позната како бустер, експлодираше кратко по лансирањето во петокот.

Додека вселенскиот брод од не'рѓосувачки челик се спушташе вертикално кон лансирната рампа, остатоците од бустерот беа обезбедени во Мексиканскиот Залив. И покрај проблемот со бустерот, самото заробување на вселенскиот брод беше импресивно. „Можете ли да верувате?“, коментираше Ден Хуот, преносот во живо на „SpaceX“.

„SpaceX“ вели дека успехот од саботата ја докажува целосната повторна употреба на „Starship“, што е клучен предуслов за идните мисии на Месечината и Марс. Иако петочниот бустер не успеа да се врати, компанијата успешно го сними три пати претходно, потврдувајќи ја функционалноста на методот.

НАСА, исто така, одговори позитивно. Вселенската агенција го финансира развојот на „Starship“ со милијарди долари за да слетаат астронаути од мислијата „ Artemis “ на Месечината и да помогнат во изградбата на постојана база на Месечината до крајот на оваа деценија. Маск има поамбициозни планови, вклучително и лансирање на цела флота од вселенски бродови за изградба на град на Марс.

Извор: Индекс.хр

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Претрес во Радовиш, пронајдена дрога, лишено од слобода едно лице

На 14.11.2026 во Радовиш, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Радовиш го лишија од слобода С.В.(29) од Радовиш.

Претрес во Радовиш, пронајдена дрога, лишено од слобода едно лице

При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана и предмети со остатоци од марихуана. За настанот е известен јавен обвинител, а по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер