Група педофили се уапсени во Србија, меѓу нив и Русин- најмладата жртва е тригодишно дете - Канал 5

Група педофили се уапсени во Србија, меѓу нив и Русин- најмладата жртва е тригодишно дете

Во акцијата „Армагедон“ се уапсени Ѓ. Н.(28) и Г.М.(35) двајцата од Алексинац, Б.Н.(29) од Лозница, П.Ј.(31) од Нови Сад, Ѓ. А.(44) од Зрењанин, К.В.(39), државјанин на Руската Федерација, А.С.(41) од Смедерево и Д.И.(54) од Белград.

Група педофили се уапсени во Србија, меѓу нив и Русин- најмладата жртва е тригодишно дете

Како што може да се види на приложеното видео, полицијата ги фатила на спиење.

Да потсетиме, во продолжение на кампањата „Армагедон“, припадници на МВР, Дирекција за технологија - Служба за борба против високотехнолошки криминал, во соработка со полициските одделенија во Белград, Ниш, Нови Сад , Зрењанин, Смедерево и Шабац, а по наредба на Специјалното јавно обвинителство за високотехнолошки криминал на Вишото јавно обвинителство во Белград, уапсиле осум лица поради постоење основи на сомнение дека ги сториле кривичните дела прикажување , прибавување и поседување порнографски материјал и искористување на малолетник за порнографија, користење на компјутерска мрежа или комуникација со други технички средства за извршување на кривични дела против сексуалните слободи кон малолетници и сексуално вознемирување.

За спроведување на оваа акција придонесе пристапот на Република Србија до платформата на Националниот центар за исчезнати и експлоатирани деца (NCMEC) од Соединетите Американски Држави, кој е глобален лидер во помагањето за спречување на киднапирања и пронаоѓање исчезнати деца и борбата против сексуалната експлоатација на децата на интернет, чија платформа има директен пристап Србија, што е единствен случај во регионот.

YouTube video

Се сомневаат дека подолг временски период, користејќи специјализирани апликации за споделување датотеки или со специјални прелистувачи кои овозможуваат прикривање на локацијата, преземале, зачувале на хард дискови на компјутери и споделувале содржини создадени со искористување на деца за порнографски цели преку Интернет.

Исто така, осомничените се товарат дека комуницирале со малолетници од лажни сметки на социјалните мрежи, им испраќале фотографии и видеа со порнографска содржина, како и дека добивале содржини кои произлегуваат од експлоатација на малолетници.

При претрес на становите на осомничените, поголемо количество видео клипови и фотографии создадени со експлоатација на малолетници во порнографски цели, содржина за сексуална експлоатација на деца на возраст од три до 14 години, како и сексуални пораки во кои осомничените сексуално вознемируваат деца. Пронајдени се и малолетници, додека дел од уапсените, како што се сомничи, побарале од малолетници да им испратат слики и видеа на кои се голи.

На осомничените им е одредена мерка притвор до 48 часа и со кривична пријава ќе бидат изведени пред надлежното обвинителство, објави Телеграф.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Вооружен инциден пред „Ноќта на вештерките“ во Калифорнија, има мртви и ранети!

Вооружен напад во Калифорнија во продавница за костими за „Ноќта на вештерките“.Полицијата трага по напаѓачите.

Вооружен инциден пред „Ноќта на вештерките“ во Калифорнија, има мртви и ранети!

Едно лице загина, а шест други се повредени во пукање во продавница за костими за Ноќта на вештерките, лоцирана во трговски центар во Ферфилд, Калифорнија.

Пукањето се случило во продавницата „Ghost of Halloween“ во трговскиот центар „Solano Town Mall“ во Ферфилд, додека луѓето ги вршеле последните подготовки за популарниот американски празник. Едно лице загинало на самото место, додека шестмина ранети биле итно пренесени во болница.

Тројца од ранетите се во критична состојба и лекарите се борат за нивните животи. Пред продавницата пристигнале голем број полициски возила, а просторот бил блокиран поради истрагата. Засега, полицијата нема објавено опис на осомничениот, ниту пак потврдила дали во пукањето учествувал повеќе од еден напаѓач. Мотивот за нападот е исто така непознат.

Идентитетот и возраста на жртвите сè уште не се објавени. Продавницата била полна со купувачи кога започнало пукањето, поради што преплашените луѓе почнале да бегаат за да си ги спасат животите.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Александар Вучиќ предложен за претседател на СНС

Седницата на Главниот одбор на Српската напредна странка се одржа денес во „Белградска арена“.

Александар Вучиќ предложен за претседател на СНС

Вучиќ предложен за претседател на СНС – „Ќе има уште многу разочарувања за вас!

На почетокот од своето обраќање, претседателот на СНС, Милош Вучевиќ, предложи да се донесе одлука за свикување вонредно собрание на СНС за 13 декември.

– На кое ќе го избереме новото партиско раководство и партиските органи, и ќе ја подготвиме партијата за периодот што претстои. Сметам дека е праведно и демократски, во нашата куќа, во нашето семејство, да дадеме отчет за сработеното во претходниот период. И партијата, со нов оптимизам и сила – без оглед на тоа колку може да биде тешко – треба да биде подготвена за идните политички предизвици; СНС треба да ја предводи Србија во политичката борба против теророт – рече тој.

Тој го предложи Александар Вучиќ за нов претседател на СНС, што присутните го поздравија со аплауз.

– Ние сме бастион на демократијата и на зачувувањето на суверенитетот во Србија. Ви благодарам многу – рече Вучевиќ.

Потоа, Вучиќ излезе на бината и рече дека вакви седници се одржувале многу пати и дека честопати тие претставувале подготовка за одредени важни активности.

- Досега речиси секогаш сме победувале. Имаше тешки моменти, особено по првиот круг од претседателските избори во 2012 година. Се сеќавам, Јелена Мијатовиќ беше таму, беше 7 мај, кога луѓето беа сигурни дека Тадиќ победува и дека ние немаме никакви шанси. За среќа, се опоравивме, застанавме на нозе и оттогаш само продолживме да победуваме. Покажавме дека, и кога победуваме и кога губиме, се однесуваме достоинствено, одговорно и сериозно; се однесуваме во согласност со интересите на граѓаните на Србија. Никој од нас никогаш не сакал да ја доведе во прашање стабилноста на Србија – рече Вучиќ. Тој изјави дека изборниот пораз е дел од животот и дека е нормално да се губат натпревари.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Киву : Ќе атакуваме на победа за прекинување на црна серија во дуелите против Милан

Предводникот на италијанскиот фудбалски шампион Интер, Кристијан Киву има лоша статистика во градското дерби против Милан, која сака вечењрва да ја прекине на дуелот кој стартува во 20-45 часот. 

Киву : Ќе атакуваме на победа за прекинување на црна серија во дуелите против Милан

„Нераѕурите“ предводени од Киву имаа забележано два порази на двете градски пресметки против Милан, но негативната серија на Интер во пресметките со големиот ривал трае веќе подолго време.

Интер не знае за победа на седум натпревари во низа против „росонерите“, а новинарите го прашаа Киву дали неговиот тим денеска ќе игра и за враќање на честа во градот.

– Мораме да бидеме најдоброто издание од самите себе на секој натпревар, а секој знае дека мотивацијата на дербито секогаш е нешто посебно. Исто така, мораме да се запрашаме зошто немаме победа на последните седум дерби-натпревари. Се случуваа изолирани инциденти, моменти кои одеа во нивна полза, како на првиот натпревар минатата година. Мораме да се жртвуваме повеќе од тоа што го правевме лани за да го промениме текот на дерби пресметките во наша полза, – изјави Киву.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер