Група научници со промена на еден ген го продолжија животот на овошната мушичка за 30% - Канал 5

Група научници со промена на еден ген го продолжија животот на овошната мушичка за 30%

Научниците успеале да идентификуваат клеточен протеин кој значително влијае на стареењето. 

Група научници со промена на еден ген го продолжија животот на овошната мушичка за 30%

Тие успеале и да го модифицираат тој ген и да овозможат негово создавање кај овошните мушички, со што им го продолжиле животниот век за дури 30 проценти. Тимот се надева дека ова откритие би можело да поттикне понатамошни напори за забавување на човечкото стареење и продолжување на животниот век.

Генот кој е од суштинско значење за структурата на клетките

Откритието се заснова на протеин пронајден во цитоскелетот, кој е познат како F-actin или филаментозен актин. Тоа е полимеризирана форма на актин, која формира долги, тенки и флексибилни нишки или филаменти на надворешната страна на клетката. Овие филаменти играат клучна улога во одржувањето на структурата на клетката, одредувајќи ја нејзината форма, подвижност и внатрешен транспорт.

Цитоскелетот е мрежа од протеински филаменти кои обезбедуваат структурна поддршка на клетката, а F-аctin е една од неговите главни компоненти. Овој протеин учествува во различни клеточни процеси, вклучувајќи го движењето на клетките, клеточната делба и меѓуклеточната интеракција. Имајќи предвид дека F-аctin ја одредува јачината и флексибилноста на клетките, неговото правилно функционирање е клучно за одржување на клеточното здравје.

Стареењето и промените во цитоскелетот, вклучувајќи го и протеинот F-actin, може да доведат до нарушувања во овие функции, што пак може да предизвика акумулирање на клеточен отпад и развој на болести поврзани со возраста, како што се невродегенеративни болести.

Животот е продолжен за 30%

Во новиот труд, објавен во списанието Nature Communications, научниците го продолжија животниот век на овошните мушички за 30%, и се надеваат дека тоа еден ден би можело да се пренесе на луѓето, барем до одреден степен.

Во истражувањето тие детално ја проучувале врската помеѓу протеинот F-аctin и неговата акумулација во мозокот со стареењето. Тие откриле дека таложењето на овој протеин го отежнува клеточното чистење, што на крајот доведува до акумулација на клеточен отпад во мозокот.

Претходните истражувања веќе потврдија дека акумулацијата на овој протеин кај глувците предизвикува дегенерација на невроните. Авторите се надеваат дека со одредени генетски модификации, ова акумулирање би можело да се спречи до одреден степен и дека ефектите од стареењето би можеле да се забават.

„Динамиката на актинот е клучна за биогенезата и транспортот на повеќето клеточни везикули, вклучувајќи ги и автофагозомите“, истакнуваат авторите во трудот.

Автофагијата е процес во клетката со кој се разградуваат и рециклираат оштетените делови на клетките со што се одржува клеточната рамнотежа и функционалност.

„Оневозможената автофагија се смета за главен знак на стареењето, што резултира со нарушена протеостаза и намалено обновување на органелите. Кај невродегенеративните болести (Алцхајмерова, Паркинсонова и Хантингтонова болест) се идентификувани нарушена автофагија и нарушен везикуларен транспорт - објаснува авторот.

Зошто овошните мушички?

Овошната мушичка (Drosophila melanogaster) се користи како модел во генетските истражувања поради неколку причини: нејзиниот геном е целосно мапиран, што го олеснува проучувањето на гените; има краток животен циклус, што овозможува брзо набљудување на неколку генерации; лесно се одгледува и одржува во лабораторија; има висок степен на генетска сличност со луѓето (мувата има околу 60% исти гени како и луѓето), што овозможува истражување на основните биолошки процеси релевантни за здравјето на луѓето.

Спречување на когнитивниот пад

Генетските промени во новото истражување се насочени само на невроните, но истражувачите велат дека тие го подобриле целокупното здравје на мувите и дури покажале знаци на подобрена функција на мозокот и другите органи.

Ова откритие сугерира дека акумулирањето на протеинот F-akctin може да биде причина за когнитивното опаѓање поврзано со возраста, а понатамошните истражувања може да помогнат да се откријат причините за болестите поврзани со возраста, како што е Алцхајмеровата болест и други.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Продолжи судењето за Лотарија - Груби и Бајрами повторно на обвинителна клупа

Документација поврзана со основање на заедничко друштво со странски партнер, владини одлуки, како и финансиски трансакции поврзани со набавката на видеолотариски терминали, се дел од материјалните докази 

Продолжи судењето за Лотарија - Груби и Бајрами повторно на обвинителна клупа

Документација поврзана со основање на заедничко друштво со странски партнер, владини одлуки, како и финансиски трансакции поврзани со набавката на видеолотариски терминали, се дел од материјалните докази кои денеска обвинителството ги изведе пред судот на рочиштето за проневери во државна лотарија од 9,7 милиони евра. Според обвинителите изведените докази се однесуваат на надлежностите кои поединечно ги имал секој од обвинетите во предметот.. во наредниот дел од постапката како што пјаснија како сведок на обвинителството ќе се појави и актуелниот директор на државна лотарија Климовски

- Денеска беа изведувани докази во насока на нивната надлежност, односно докази со кои обвинителството ќе се обиде да докаже дека тие ги преќекориле тие овласутавања. Понатаму беа изведувани докази по однос на нивното својство на сторување на делото, на кратко кажано и докази коишто се однесуваат на тоа на кој начин се носени одлуките од страна на органите на управување на друштвото. изјави тонско обвинител Даниел Коцев .

– Во нашата листа на докази е директорот на државна лотарија, кој е предложен како сведок на обвинителството односно како сведок претставник, кој што ќе треба да се произнесе во однос на имотно правното побарување, кривичниот прогон и така натака,- изјави Александар Давчевски.

За одбраната пак, изведувањето на доказите на обвинителството покажало дека дека обвинението е конфузно, но и дека обвинетите не сториле кривично дело.

-Првично по изведените докази се засилува нашата теза дека обвинението е слабо, нејасно и контрадикторно. Од самите докази што ги видовме денеска произлегува дека обвинетите не само што не ги ставиле делата кои им се ставаат на товар туку напротив тие постапувале по инструкции на владата, со претходна согласност од владата и само го штителе државниот интерес,- изјави Јордан Апостолски, адвокат на обвинетиот Бојан Јанев .

Следното рочиште со изведување на материјалните докази на одбрана ќе се одржи на 30 септември. Првообвинет во предметот за проневери во државна лотарија се ексдирекророт Перпарим Бајрами, поранешниот прв вицепремиер Артан Груби, како и уште шестмина други

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мбапе во 2016 бил многу блиску до Ливерпул, но сепак не ја послушал својата мајка!!

Фудбалерот на Реал Мадрид и француски репрезентативец Килијан Мбапе откри дека бил многу блиску до премин во Ливерпул во 2016 година, но сепак одлучил да се послуша себеси, а не советите на својата мајка, која била воодушевена од клубот од „Енфилд“.

Мбапе во 2016 бил многу блиску до Ливерпул, но сепак не ја послушал својата мајка!!

Во тоа време, Мбапе имал 18 години и настапувал за Монако, а Ливерпул се обидувал да го убеди да ја продолжи кариерата на „Енфилд“.

„Бев блиску до Ливерпул. Омилената дестинација на мајка ми беше Ливерпул. Таа сакаше да одам таму“, изјави Мбапе за „Атлетик“, а пренесе Би-би-си.

Сепак, Французинот одлучи да остане во татковината и да ја прифати понудата од Пари Сен Жермен.

„Не ја послушав бидејќи сакав да играм во мојот град, Париз. Не сакав да ја напуштам земјата пред да станам некој и нешто“, објасни Мбапе. Според него, мајка му била голем обожавател на тогашниот менаџер на Ливерпул, Јирген Клоп, и сакала да го види својот син во дресот на англискиот клуб. „Постојано ми велеше: 'Ливерпул – ќе бидеш таму, ќе играш на „Енфилд“, тоа ќе биде одлично за тебе'“, додаде Мбапе.

Мбапе исто така откри дека неговата мајка лично отишла во Ливерпул за да ги види клубот и стадионот за време на првата фаза од преговорите. „Таа отиде во градот, на стадионот, се запозна со луѓето. Рече: 'Тоа е прекрасен клуб, сите се многу пријателски настроени, тоа е семеен клуб, голем клуб'. Отиде на 'Енфилд' и се вљуби во него“, изјави Мбапе.

Неговата мајка дури и сама гледала неколку натпревари за да ја почувствува атмосферата и да замисли како нејзиниот син игра на тој познат стадион. Клоп претходно откри дека Ливерпул направил сè за да се реализира трансферот.

Меѓу другото, клубот обезбедил приватен авион за семејството Мбапе да патува од Блекпул до Ница. „Навистина направивме сè. Потоа летавме, разговаравме со семејството и јадевме добра храна“, рече Клоп.

Германскиот експерт додаде дека се обиделе да избегнат јавно внимание, но дека преговорите на крајот не вродиле со плод. Потоа, Мбапе премина во Париз Сен Жермен како позајмен играч од Монако, со опција за траен трансфер вреден 180 милиони евра.

Тој помина седум години во Париз и стана најдобар стрелец во историјата на клубот, пред да замине во Реал Мадрид во 2024 година. „На крајот, одлучив да одам во ПСЖ бидејќи за мене – како некој што е роден и израснат во Париз – немаше подобро чувство од тоа да покажам дека можам да бидам ѕвезда во мојот град“, заклучи Мбапе.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Јаневска: Инклузијата ја градиме сите, да научиме по нешто од знаковниот јазик

Во „Партенија Зографски“ државното средно училиште со ресурсен центар,  наставниците покажуваат дека може да се најде соодветен начин и средства за комуникација со секое дете, согласно неговите можности.

Јаневска: Инклузијата ја градиме сите, да научиме по нешто од знаковниот јазик

Затоа што сите наши деца имаат право да учат, да знаат и да стекнуваат вештини кои ќе им користат во животот и работата. Децата со посебни образовни потреби имаат потенцијал да постигнат многу, доколку добијат поголема поддршка од семејството, училиштето и средината во која растат и се развиваат.

Ова го нагласи министерката за образование и наука Весна Јаневска на одбележувањето на Меѓународниот ден на знаковниот јазик, додавајќи дека тоа е добра можност за подигнување на свесноста за децата и лицата со оштетен слух.

„Знаковниот јазик им помага да се ‘слушнат’ меѓу себе и нив да ги ‘чујат’ другите. Тој им го олеснува образованието. Како министерство, работиме на отстранување на бариерите и соработуваме со училиштата со ресурсни центри во обезбедувањето дидактички материјали, асистивна технологија и поддршка во употребата на знаковниот јазик. Обезбедуваме континуирани обуки за наставниците за изучување на знаковниот јазик. Зашто, од тоа зависи квалитетот на образованието што ќе го добијат учениците“, посочи министерката Јаневска.

Македонија, како држава, е потписничка на Конвенцијата за правата на лицата со попреченост, што обврзува на почитување на принципите на инклузија и недискриминација, и вклучување на децата и младите со попреченост во образовниот систем, прилагодувајќи го кон индивидуалните потреби.

„Дозволете ми да забележам дека како општество треба уште да работиме на промена на ставовите кон лицата со попреченост. Подигнувањето на свеста за нивните права, едукативните активности и комуникација се начини на борба против стигмата и дискриминацијата, кои не се наша обврска само поради потпишаните документи, туку се наша човечка должност кон секого“, рече Јаневска, додавајќи дека секој од нас може да направи чекор за приближување кон лицата со оштетен слух така што ќе научи по нешто од знаковниот јазик. Така лицата со оштетен слух ќе се чувствуваат попријатно во секоја средина каде што се движат и работат.

Подобрување на инклузивноста и пристапноста не е само работа на институциите, туку и индивидуална одлука.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер