Груевски со капче, очила и веројатно со лисици на раце беше изведен на суд по основ на барањето за екстрадиција

Со бејзбол капче, лисици на рацете кои се обиде да ги прикрие со палтото и познатите Мајбах очила за сонце, екс премиерот Никола Груевски рано утринава беше приведен во судот во Будимпешта.

Со бејзбол капче, лисици на рацете кои се обиде да ги прикрие со палтото и познатите Мајбах очила за сонце, екс премиерот Никола Груевски рано утринава беше приведен во судот во Будимпешта, сепак и покрај тоа, унгарскиот суд експресно, и за само еден час го одби барањето за негова екстрадиција.

Образложението е дека условите за негово испорачување на македонските власти не биле исполнети. Рочиштето по барање на одбраната беше затворено за медиумите, а екс премиерот пред неговото започнување одби да одговори на новинарските прашања.

Господине Груевски може да ви поставиме прашање? Не одговарам на било какви прашања денеска, зошто не? Во друга прилика

Ќе ни дадете ли интервју? Ќе ми го дадете вашиот телефон на хартија.

Новинарските екипи кои го чекаа екс премиерот одговори не добија ниту по крајот на рочиштето, наместо тоа Груевски се упати кон црниот автомобил марка Лексус кој го чекаше.

На социјалните мрежи потоа се огласи и самиот Груевски, кој вели дека денешното рочиште била стандардна процедура.

Дел од унгарските медиуми веќе објавуваат дека тој бил приведен од полицијата на 11 област во Будимпешта, што според нив е знак дека во тој реон се наоѓа живеалиштето на екс премиерот. Новинарите велат дека невообичаено до сега, од судот во последен момент дознале дека рочиштето воопшто и ќе се одржи.

Вообичаено имаме една недела, некогаш и повеќе предупредување за сите судења, овој пат немавме никаква официјална информација, најголемиот дел од новинарите дознаа минути пред да се случи судењето. Изгледа дека судот не сакаше да има големо внимание од медиумите. Одлуката беше очекувана. Не знам зошто толку долго требаше за да се процесира барањето за екстрадиција, а судењето беше премногу кратко. – изјави Петер Ердеји, новинар од “444“.

Барањето за екстрадиција на Груевски беше испратено од министерството за правда во ноември минатата година, а одлуката на унгарскиот суд доаѓа седум месеци откако тој доби азил во Унгарија.

Променливо облачно, попладне и вечер на повеќе места нестабилно со пороен дожд и грмежи

Времето денеска ќе биде променливо облачно, попладне и во вечерните часови на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи.

Според прогнозата на УХМР, локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со обилен пороен дожд за кратко време, силни електрични празнења, засилен ветер и појава на град.

Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 12, а максималната ќе достигне од 20 до 26 степени.

Во Скопје променливо облачно. Попладне и во вечерните часови ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во делови од котлината ќе има услови за појава на краткотрајно невреме. Минималната температура ќе се спушти до 11, а максималната ќе достигне 25 степени.

-До петок ќе се задржи променливо облачно време, на повеќе места нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен дожд за кратко време, силни електрични празнења, засилен ветер и појава на град, соопшти УХМР.

Од четврток дневната температура ќе биде во опаѓање, а во деновите од викендот условите за нестабилност ќе се намалат.

Македонија гласа на вториот круг од претседателските избори и на парламентарни избори

Гласачките места се отвораат во точно седум часот, и ќе се гласа до 19 часот.

Право на глас за претседателските избори имаат 1. 814 317 лица а за парламентарните 1 815 350 лица или 1033 избирачи повеќе, поради лицата кои помегу двата изборни круга станале полнолетни, и имаат право да гласаат само за новиот парламентарен состав.. Вчера гласаа затворениците, болните и изнемоштени лица, како и 2569 лица од дијаспората но само за претседател, но не и за пратеници, поради недоволен број на пријавени..

На едно избирачко место во општина карпош е нашиот репортер Игор Манасиевски.. Игор дали навреме почна гласањето ?

МВР: Од 8 до 19 часот денеска може да се подигнат лични документи

Од 8 до 19 часот денеска ќе работи Одделот за граѓански работи односно сите отсеци за управни работи на оваа организациска единица при Министерството за внатрешни работи. 

- Исто така, ги известуваме граѓаните дека сите барања за лични карти кои се поднесени до 3 мај 2024 година, се веќе изготвени и граѓаните може да ги подигнат, информира МВР.

притисни ентер