Груевски најави оставка на пратеничката функција, не се знае кога ќе ја поднесе

Груевски наведува дека за оставката формално правно Парламентот ќе го извести во наредните денови и им се заблагодарува на пратениците од ВМРО-ДПМНЕ

Никола Груевски, пратеник и поранешен премиер, кој доби политички азил во Унгарија денеска преку својот профил на социјалната мрежа Фејсбук најави оставка на пратеничката функција, откако минатата недела Парламентот почна постапка за одземање на неговиот мандат по шестмесечно отсуство.

Груевски наведува дека за оставката формално правно Парламентот ќе го извести во наредните денови и им се заблагодарува на пратениците од ВМРО-ДПМНЕ кои, како што вели, издржале на принципиелните позиции што се во согласност со Уставот и меѓународното право и не потклекнале на притисоците.

Поранешниот премиер ја обвинува владејачката СДСМ за прогон и оти прави лажна пропаганда за него и за неговата партија ВМРО-ДПМНЕ. Според Груевски, целта на власта легално да му го одземе мандатот е неостварлива.

Врз основа на член 57 од Деловникот за работа на Парламентот и членот 65 од Уставот пратеникот оставката ја поднесува лично на седница на Собранието и може да ја образложи. Во третиот став од членот 57 од Деловникот се наведува дека Собранието без претрес констатира дека на пратеникот му престанал мандатот на денот на одржувањето на седницата.

Во статусот на Фејсбук, Груевски не објавува како ќе ја достави оставката до претседателот на Парламентот Талат Џафери имајќи предвид дека тој е во Будимпешта.

Претседателот на Собранието Џафери најави дека од 10 јуни треба да се одржи нова седница на која по одлуката на Комисијата за мандатно-имунитетни прашања треба да се гласа со двотретинско мнозинство за одземање на мандатот на Груевски. За оваа одлука на Комисијата гласаа петмина пратеници од владејачките партии додека нивните колеги од матичната партија на Груевски ВМРО-ДПМНЕ не се изјаснија воопшто. Беа на ставот дека не може да му се одземе мандат на пратеник кој во земја членка на ЕУ добил политички азил поради прогон./МИА

Променливо време со дожд и во наредните денови

Во следните денови времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. 

Во попладневните часови ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи, особено во вторник, соопшти УХМР.

Минималната утринска температура ќе се спушти до три, а масималната денвна ќе достигне 26 степени.

Трагедија во САД: Двајца млади скијачи настрадаа во лавина на планината Лоун Пик во Јута

Двајца скијачи загинаа, а еден е спасен од лавина на планината Лоун Пик во американската сојузна држава Јута, изјави шерифот на округот Солт Лејк Сити, Рози Ривиера.

Таа рече дека спасувачкиот хеликоптер спасил еден од скијачите кој успеал да се извлече од снегот по вчерашната лавина, пренесува АП.

Мажите кои загинале биле на возраст од 23 и 32 години.

Во САД годишно умираат околу 30 луѓе во лавини, според АП.

Ливерпул подготвен да се раздели со Нуњез за 85 милиони евра

 Уругвајскиот фудбалски репрезентативец Дарвин Нуњез би можел ова лето да го напушти Ливерпул и да ја продолжи кариерата во Барселона.

Менаџерот Жорге Мендеш е во срцето на разговорите за заминување на Нуњез од Ливерпул, тврди денеска шпанскиот весник „Спорт“, повикувајќи се на блиските врски на популарниот фудбалски агент со Барселона и нејзиниот претседател, Жоан Лапорта.

Најавите за евентуално заминување на Уругваецот се интензивираа, откако 24-годишниот Нуњез ги избриша сите негови фотографии поврзани со Ливерпул од својот Инстаграм профил.

„Мендеш сака Дарвин да го напушти Ливерпул. Тој е фудбалер кој многу го цени и има други аспирации за него“, пишува „Спорт“.

Според весникот, управата на Ливерпул е подготвена да го продаде Уругваецот доколку добие понуда од најмалку 85 милиони евра.

„Неговата цена се зголеми во последните години и Ливерпул нема да го продаде за помалку од 85 милиони евра“, наведува шпанскиот весник.

притисни ентер