3Мицкоски на настанот на Светска Банка: Македонија има трипати поголем просечен раст од ЕУ, со изградба на податочни центри извозот ќе се мери во стотици милиони евра
Вакцините против сезонски грип до крајот на месецов - доцнат поради глобален проблем во производството
2Вакцините против сезонски грип до крајот на месецов - доцнат поради глобален проблем во производството
МакедонијаГруби за една недела излегува од куќен притвор, нуди гаранција над 335.707 евра за враќање на пасошотАртан Груби од 13 октомври ќе се брани од слобода – поранешниот прв вицепремиер кој е второобвинет во случајот со милионски злоупотреби во Државна лотарија, за точно една недела отсега ќе излезе од домашен притвор. Според судот, истекувањето на законските рокови во кои тој може да остане во притвор, се главна причина зошто оваа мерка престанува да важи. -Обвинителниот предлог, по кој е заведен кривичниот предмет, е поднесен на 13 август 2026 година. Согласно член 470 од Законот за кривична постапка, притворот може да трае најдолго 60 дена од денот на поднесувањето на обвинителниот предлог. Заради тоа, како што беше посочено и претходно, а истото беше потенцирано и од страна на судијата кој постапува по предметот, по сила на Законот, мерката куќен притвор за овој обвинет истекува на 13 октомври 2026 година,- – Кривичен суд Скопје. По 13 октомври Груби ќе биде на слобода, но пасошот и натаму ќе му биде одземен, како мерка која што ќе продолжи да важи и по истекувањето на мерката домашен притвор. Сепак, одбраната веќе понудила гаранција од над 330.000 евра во недвижен имот за да му биде вратен пасошот. На потег се обвинителството и судот. -Одбраната понуди недвижен имот во вредност од 335.707 евра како гаранција дека обвинетиот ќе биде достапен на органите на прогонот во текот на кривичната постапка. По понудената гаранција е оформен предмет, кој е доставен на мислење до надлежното јавно обвинителство. По добивањето на мислењето, Кривичниот совет ќе постапува по предлогот,- – Кривичен суд Скопје. Случајот со злоупотреби во Државна лотарија од 9,7 милиони евра е во фаза на испитување на сведоци на обвинителството, а првообвинет е поранешниот директор на лотарија Перпарим Бајрами, кој како и Груби на почетокот од оваа постапка беше во бегство. Покрај Бајрами и Груби пак, за предметот државна лотарија на обвинителната клупа се уште шестмина други лица. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаПо 11 години – Охрид конечно ќе добие затворен базен!По речиси 11 години застој, затворениот базен во Охрид конечно ќе биде завршен и ставен во функција.Владата на Република Македонија на денешната седница ја усвои точката со која се овозможува продолжување и конечно завршување на затворениот базен во Охрид. Обезбедени се 470 милиони денари за негово целосно завршување. Ова за мене е многу повеќе од уште еден инфраструктурен проект. Ова е инвестиција во младите, во спортистите, во пливањето. Во иднината на спортот во Охрид и во целата држава. Со завршувањето на базенот, спортистите ќе добијат современи услови за тренинг, младите категории ќе добијат простор за развој, а Охрид ќе добие услови за организирање натпревари и за понатамошен развој на спортот. Како Влада и како Министерство за спорт не сакаме капитални спортски објекти да стојат со години и да чекаат. Сакам да ги гледаме завршени и ставени во функција. Токму затоа ова е еден од проектите на кои сме посебно посветени и драго ми е што денес можеме да кажеме дека по 11 години – конечно се движиме кон неговата реализација. Голема благодарност до претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, и до Владата за поддршката и за јасната определба да инвестираме во спортот и во спортската инфраструктура. Охрид заслужува затворен базен. Охрид ќе го добие. Продолжуваме со работа, се наведува во соопштението на Влада на Македонија/Министерство за спорт. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМинистерката за енергетика Божиновска во Белград: Се гради посигурен и поврзан енергетски регионМинистерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска присуствува на Вториот министерски самит на Србија, Македонија, Грција и Бугарија, кој се одржува во Белград, во организација на Србија.Во фокусот на самитот се сигурноста на снабдувањето, развојот на Вертикалниот гасен коридор, пристапот до LNG капацитетите преку Александруполи, диверзификацијата на изворите и правците на снабдување, како и унапредувањето на регионалната соработка во електроенергетиката. Самитот следува по првата министерска средба во Атина во мај и го продолжува дијалогот за заеднички регионален пристап кон енергетската сигурност и отпорноста на системите. Во македонската делегација се и заменик-генералниот директор на МЕПСО, Александар Пауноски, како и претставници на НОМАГАС. Во рамки на посетата, министерката Божиновска ќе оствари и билатерална средба со бугарскиот министер за енергетика, со фокус на понатамошното унапредување и проширување на веќе воспоставената соработка.. Министерство за енергетика, рударство и минерални суровиниКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМицкоски на настанот на Светска Банка: Македонија има трипати поголем просечен раст од ЕУ, со изградба на податочни центри извозот ќе се мери во стотици милиони евраОбраќање на премиерот Христијан Мицкоски на презентацијата на новиот извештај на Светска банка.Во изминатите 27 месеци, односно 8-9 квартали од избирањето на оваа Влада, просечниот раст е над 3,5 проценти на реална основа во услови кога кај нашиот најголем трговски партнер, Европската Унија или еврозоната, тој се движи помеѓу 1 и 1,2 процент. Тоа е трипати повеќе во споредба со просечниот раст кај нашиот најголем трговски партнер - потенцира денеска премиерот Христијан Мицкоски во своето обраќање на презентацијата на новиот извештај на Светската банка - „Македонија: Излез од стапицата на среден доход“. Навраќајќи се на 2006 и 2008 година, кога државата имала пет, пет и пол, па дури и шест проценти раст, но тогаш, посочи, растот насекаде бил толкав. Ако го анализираме третиот квартал од оваа година, вчера Државниот завод за статистика ги објави податоците за увоз-извоз, ние веќе втор месец од третиот квартал, покрај јули и август, имаме 11,5 проценти раст на извозот, 8,5 проценти раст на увозот. Значи, извозот побргу се зголемува отколку увозот, не во номинални средства, бидејќи сме увозно зависна земја. Но сакам да кажам дека во услови кога ги имаме најголемите предизвици во светот, во услови кога имаме две војни во соседството, кога ја имаме најголемата енергетска криза, не според македонската Влада, туку според Фатих Бирол, директорот на Светската енергетска агенција, во услови кога имаше итен состанок на Г7-земјите, бидејќи една од членките во 15 проценти од пумпите немаше дизел-гориво, во услови кога постоеше можност да имаме забрана од една од членките на Г7 за извоз на дизел-гориво, ние сепак успеваме да обезбедиме стабилна цена, најниска во Европа, и тоа ни овозможи да ја консолидираме инфлацијата. Во јули 2,3 %, во август 2,6 %, во услови кога европскиот просек во јули е 2,9 %, а во август е 3,3 %. Сега најавија, Евростат објави прелиминарни процени за септември - 3,8 %. Нас нè убедуваа дека е увезена инфлацијата, е па можела и да не биде увезена инфлацијата, изјави Мицкоски. Според анализите на Државниот пазарен инспекторат, премиерот очекува кај храната и безалкохолните пијалаци инфлацијата во септември да се движи меѓу 1,5 и 2 отсто на годишно ниво. Одредена можност за високоплатени, квалитетни работни места, кои ќе придонесат позитивност во македонската економија, премиерот очекува државата да добие со изградба на податочни центри за кои веќе имало пет-шест заинтересирани инвеститори. Според премиерот Мицкоски, вештачката интелигенција и податочните центри се неминовен процес и смета дека државата ќе може да понуди услуга на потенцијалните инвеститори. Колку и да имаме ретроградни сили, кои ќе нè влечат назад, ние како Влада сме одлучни овој процес да го туркаме напред и ќе одиме до крај во негова реализација бидејќи тој е неповратен. Честопати јас во своите говори го кажувам тоа дека не е веќе наука на иднината, не е индустрија на иднината, туку тоа е индустрија на сегашноста. Во 2040 или 2050 ќе зборуваме за некои други уште понапредни технологии од оваа супер интелигенција или вештачка интелигенција, нагласи Мицкоски. Владата, нагласи, е фокусирана, работи на адаптација на одредени закони и од заинтересираните посериозни пет-шест инвеститори, половина ако се реализираат, веќе можеме да зборуваме за извоз на услуги што ќе се мерат во стотици милиони долари или стотици милиони евра. Така што, овој процес е неповратен и тука нема назад, без разлика каква и да биде и колку и да биде силна јавната дебата, бидејќи ако ние не го искористиме, тогаш ќе го искористи некој друг, ако ние не го препознаеме, тоа веќе го препознаваат многу земји во светот, вели тој. Паралелно со овие процеси, информира дека Владата работи и на внатрешни реформи, меѓу кои ја издвои анализата во делот на социјалната политика. Дојдовме до едно интересно откритие при анализа на ГМП - корисници на гарантирана минимална помош или социјална сигурност, овој месец фактурата, по спроведена детална анализа, но и проверка на терен, во споредба со истиот месец минатата година е помала за 200 милиони денари. Е, сега, сигурно си го поставувате прашањето „Како е тоа можно?“ Можно е затоа што корисници биле, за жал, починати, отселени, лажни луѓе и така натаму. Значи, ние од буџетот сме трошеле повеќе од милијарда-милијарда и пол фиктивно на корисници за гарантирана минимална помош и социјална сигурност. Уште не сме дошле до другите корисници, истакна Мицкоски посочувајќи дека до сега биле откриени 4,5 илјади лажни корисници на ГМП. Таа реформа, нагласи, е 25 милиони евра. Некој ќе рече: „Добро, па тоа е обична проверка, за каква реформа вие зборувате?“ Реформа која е 25 милиони евра. Ние денеска правиме спектакли за инвестиции многу помали од 25 милиони евра годишно. А ние кога ќе го анализираме ова и кога ќе го ставиме во овој процес, ќе дојдеме до ситуација во која ако овде заштедиме 25 милиони, ако онде заштедиме 25 милиони или на трето место 25 милиони, ете ги реформите, ете ги парите како ние можеме да инвестираме во капитални инвестиции, кои потоа нам ќе ни донесат можности за да привлечеме инвестиции што ќе генерираат поголем профит. рече Мицкоски. Премиерот во своето обраќање за извештајот за раст и работни места на Светската банка, за кој рече дека е добра основа за понатамошни реформи што Владата треба да ги дозаврши, се осврна на инфраструктурните проекти што се реализираат, како што се експресните патишта, автопатските делници, железничкото поврзување, како и енергетски поставените цели и гасификацијата и оти со нивно завршување значително ќе се зајакне геостратешката положба на земјата.- изјави Мицкоски. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПензискиот систем е под контрола, уверува премиерот Мицкоски15:08Македонија привремено ја одложи имунизацијата на БСЖ вакцината15:00Мицкоски: Стабилен е пензискиот систем11:16 Намалени цените на горивата: Бензините за 1,5 денар, дизелот за 3 денари по литар08:34Од полноќ намалување на цените на горивата: Бензините за 1,5 денар, дизелот за 3 денари по литар15:00
Од полноќ намалување на цените на горивата: Бензините за 1,5 денар, дизелот за 3 денари по литар15:00